Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шилегов за судењето за „Пулс“: Со ваква конструкција нема правда, постапката ја чини државата над 100.000 евра

    Шилегов за судењето за „Пулс“: Со ваква конструкција нема правда, постапката ја чини државата над 100.000 евра

    03.06.2026 во 15:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Обемната документација и начинот на кој се презентираат доказите во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја става одбраната во неповолна положба и го завлекува процесот, тврдат адвокатите по денешното рочиште.

    Обвинителството денеска приложи низа извештаи, овластувања и решенија за вработување на општински и градежни инспектори од Кочани, со цел да ги лоцира одговорностите во периодот пред несреќата.

    Адвокатот Димитар Дангов реагираше во судницата дека е тешко да се следат стотиците докази снимени на електронски медиуми.

    „…не е фер и ја става одбраната во неповолна положба“, нагласи Дангов, додавајќи дека само за ДЗС има 216 докази и дека „не знае каде да ги пронајде“ во електронската структура на материјалите.

    Тензиите се зголемија кога обвинителот Дарко Јакимовски посочи дека од записниците се гледа оти сопствениците свесно ги игнорирале укажувањата на комуналните инспектори за урбаната опрема. Одбраната веднаш побара обвинителот да престане да му сугерира на судечкиот совет кои докази како да ги вреднува.

    Посебен акцент на паузата стави адвокатот Петре Шилегов, кој оцени дека со ваков широк опфат на обвинителниот акт не може да се стигне до правилен исход во разумен рок.

    „…со ваква конструкција не може да се дојде ниту до правда ниту до правична пресуда“, истакна Шилегов пред новинарите.

    Шилегов додаде дека судот во моментов анализира ирелевантни плаќања на такси за сосема други локации кои немаат допирна точка со трагедијата, потсетувајќи дека процесот ќе трае предолго и ќе ја чини државата над 100.000 евра.

    Судскиот процес се води за катастрофата од 16 март 2025 година, кога при пожар во кочанската дискотека загинаа 63 граѓани, а над 200 претрпеа тешки телесни повреди и изгореници.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.