Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски: Започна реконструкцијата на улица „Загребска“ во Карпош, се гради и потпорен ѕид

    01.06.2026 во 12:28

    УХМР со најнова временска прогноза за цела недела: Наутро 7 степени, на пладне 34 степени

    01.06.2026 во 12:13

    (ВИДЕО) Скопје се прска против комарци: Заврши втората фаза, утре продолжува авионското третирање

    01.06.2026 во 11:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Започна реконструкцијата на улица „Загребска“ во Карпош, се гради и потпорен ѕид
    • УХМР со најнова временска прогноза за цела недела: Наутро 7 степени, на пладне 34 степени
    • (ВИДЕО) Скопје се прска против комарци: Заврши втората фаза, утре продолжува авионското третирање
    • Млад кумановец преживеал хорор: Бил киднапиран, дрогиран и присилуван орално да задоволува
    • Грција воведе брутални казни за возачите: До 4.000 евра и одземање дозвола за телефон во рака, се оди и во затвор
    • Солени казни до 3 милиони динари – Од денеска во Србија се применува новиот Закон за органско производство
    • Триесет степени уште наутро – УХМР ги измери температурите по градовите низ Македонија
    • „Само седнете и опуштете се“ – Трамп уверува дека Иран сака договор, па ги нападна критичарите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Започна реконструкцијата на улица „Загребска“ во Карпош, се гради и потпорен ѕид

    Ѓорѓиевски: Започна реконструкцијата на улица „Загребска“ во Карпош, се гради и потпорен ѕид

    01.06.2026 во 12:283 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски заедно со заменик-градоначалникот на Карпош, Неделчо Крстевски, го означија почетокот на реконструкцијата на улица „Загребска“, една од важните сообраќајни артерии во Карпош, која секојдневно ја користат илјадници граѓани.

    Оваа улица има особено значење не само за жителите на Карпош, туку и за сите кои гравитираат кон овој дел од градот, особено имајќи предвид дека токму тука се наоѓа Институтот за респираторни заболувања кај децата – Козле, рече Ѓорѓиевски.

    „Безбеден, функционален и достоинствен пристап до ваква значајна здравствена установа не е луксуз, туку обврска.

    Станува збор за улица која со години беше во исклучително лоша состојба и чија реконструкција одамна беше неопходна.

    Денес, конечно, започнува со решавање на овој реален проблем кој предолго ги оптоваруваше граѓаните.

    Со проектот е предвидена целосна санација и уредување на коловозот, со цел да се обезбеди побезбеден, поквалитетен и подолготраен сообраќаен пристап.

    Дополнително, ќе се изгради и потпорен ѕид во должина од околу 50 метри и висина од околу 4 метри, со што ќе се зајакне стабилноста на теренот, ќе се зголеми безбедноста и ќе се спречат идни оштетувања и ризици на овој потег.

    За Карпош, имаме сериозни капитални проекти.

    Мостот на „Љубљанска“ веќе е во напредна фаза.

    Проект кој со години беше закочен и за многумина изгледаше речиси невозможно да биде пуштен во функција, денес е одблокиран и се реализира со засилена динамика.

    Веднаш по преземањето на функцијата, се фативме за работа.

    Со посветеност, волја и добро менаџирање ја добивме потребната согласност од Конзерваторскиот центар, а денес на терен веќе се градат потпорните ѕидови што е уште еден важен чекор поблиску до финалното пуштање во употреба на мостот и изградбата на улицата која значително ќе го намали сообраќајниот хаос во овој дел од градот.

    Интензивно се работи и на клучката „Момин Поток“.

    И овој проект, кој во минатото беше заглавен поради недостаток на волја и одлучност, денес е одблокиран и се реализира со силно темпо.

    Се градат три моста, асфалтиран е дел од трасата, а наскоро продолжуваме и со изградба на другиот дел од мостот на Серава, како и со реконструкција на целиот потег.

    Карпош, ќе добие и голем парк од околу 70.000 м², на потегот помеѓу булеварот „Илинден“ и „Љубљанска“.

    Тоа ќе биде ново зелено катче за сите генерации, простор за рекреација, спорт, одмор и дружење.

    Со овој проект ќе го вратиме животот во еден заборавен дел од градското ткиво и ќе создадеме нова вредност за Карпош и за цело Скопје.

    Работата е нашиот потпис.

    Ние ветуваме за да реализираме.

    Чекор по чекор, проект по проект, го враќаме редот, динамиката и развојот во Скопје.

    Продолжуваме силно, за Карпош и за цело Скопје!“, нагласи Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Скопје се прска против комарци: Заврши втората фаза, утре продолжува авионското третирање

    01.06.2026 во 11:52

    Нови правила за возење во центарот на Скопје – Дел од улиците стануваат еднонасочни

    01.06.2026 во 09:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.