Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Со Алта Банка можни се две сценарија

    05.11.2026 во 15:48

    Пронајдени 32 пакетчиња кокаин во автомобил во Скопје – возачот имал и активна забрана

    05.11.2026 во 15:34

    Димитриеска-Кочоска: Фискалната консолидација и макроекономската стабилност остануваат клучни приоритети

    05.11.2026 во 15:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Со Алта Банка можни се две сценарија
    • Пронајдени 32 пакетчиња кокаин во автомобил во Скопје – возачот имал и активна забрана
    • Димитриеска-Кочоска: Фискалната консолидација и макроекономската стабилност остануваат клучни приоритети
    • Тинекс го продаде Cosmo на српска фирма
    • Проверете ги сметките – во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
    • Серафимовски: Поддршката од ЕУ овозможува модернизација на земјоделството и усогласување со европските стандарди
    • Полскиот нуркач Бартломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје
    • Утре протест во Богданци „Стоп за фемицидот“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Со Алта Банка можни се две сценарија

    Мицкоски: Со Алта Банка можни се две сценарија

    05.11.2026 во 15:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Две можни сценарија за Алта банка – да се најде нов сопственик кој ќе ја консолидира банката или таа да замине во стечај. Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека и во најлошото сценарио сите штедачи и доверители ќе бидат целосно обесштетени, а за евентуалните проблеми со продажбата ја обвини опозициската СДСМ.

    Според Мицкоски, обезбедувањето нов купувач ќе биде тешко бидејќи, како што тврди, опозицијата со своите настапи ги одвраќа потенцијалните инвеститори заинтересирани за преземање и консолидација на банката.

    „Можни се две сценарија. Првото е да се обезбеди купувач, што ќе биде многу тешко. Гледате што прават, држат прес-конференции пред Народната банка и ги одвраќаат потенцијалните купувачи. Второто сценарио е, ако нема купувач, банката да влезе во стечај“, изјави Мицкоски.

    Премиерот повика на смиреност, посочувајќи дека според владините проверки, меѓу 95 и 96 проценти од штедачите имаат влогови до 30.000 евра, кои се целосно осигурени преку Фондот за осигурување депозити.

    За останатите штедачи и доверители, чии побарувања би влегле во стечајната маса, Мицкоски тврди дека нема причина за загриженост бидејќи вредноста на активата на банката е значително поголема од нејзините обврски.

    „Активата на банката е многу поголема отколку што се побарувањата од истата, можеби два-три пати поголема. Државата има инструменти и го следи процесот. Нема да остане ниту еден штедач или компанија кои нема да бидат обесштетени до последниот цент“, порача премиерот.

    Мицкоски ги обвини СДСМ дека со ширење паника и шпекулации дополнително ја усложнуваат состојбата, повикувајќи ги граѓаните да не подлегнуваат на политичките обвинувања.

    Алта банка Битола од 1 ноември е под тримесечна привремена администрација на Народната банка, по проблемите со нејзиниот сопственик во Србија. Банката продолжува со работа, но со ограничувања за повлекување и префрлање средства од сметките на клиентите.

    Прочитај повеќе

    Николовски: Создаваме брз и нераскинлив синџир на правдата

    05.11.2026 во 13:46

    Шефот на швајцарската дипломатија утре во Скопје на средба со Муцунски

    05.11.2026 во 13:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.