Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска (5 ноември 2026 година) започна исплатата на сите права од областа на социјалната, детската и цивилната заштита за месец октомври.
Граѓаните кои поседуваат дебитни картички од денеска можат да ги подигнуваат средствата на банкоматите, како и да ги користат за безготовинско плаќање во трговската мрежа или преку електронското и мобилното банкарство.
За корисниците кои не користат платни картички, повлекувањето на парите е овозможено во сите отворени филијали и експозитури на банките низ земјава.

