Close Menu
Press24
    Најново

    Димитриеска-Кочоска: Фискалната консолидација и макроекономската стабилност остануваат клучни приоритети

    05.11.2026 во 15:23

    Тинекс го продаде Cosmo на српска фирма

    05.11.2026 во 15:12

    Проверете ги сметките – во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

    05.11.2026 во 15:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Димитриеска-Кочоска: Фискалната консолидација и макроекономската стабилност остануваат клучни приоритети
    • Тинекс го продаде Cosmo на српска фирма
    • Проверете ги сметките – во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
    • Серафимовски: Поддршката од ЕУ овозможува модернизација на земјоделството и усогласување со европските стандарди
    • Полскиот нуркач Бартломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје
    • Утре протест во Богданци „Стоп за фемицидот“
    • Акција на МВР со ДЕА – пресретнат канал запленети над 300кг кокаин
    • Славески: Започна исплатата на пари за клиентите на „АЛТА банка“, приоритет за пензионерите и социјалните случаи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Фискалната консолидација и макроекономската стабилност остануваат клучни приоритети

    Димитриеска-Кочоска: Фискалната консолидација и макроекономската стабилност остануваат клучни приоритети

    05.11.2026 во 15:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За Владата и Министерството за финансии остануваат клучни приоритети водењето одговорна фискална политика, со постепена фискална консолидација, одржување на макроекономската стабилност, поттикнување на инвестициите и обезбедување долгорочна одржливост на јавните финансии. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во обраќање на 13. Издание на Erste Investors Breakfast што во организација на Ерсте групацијата и Шпаркасе банка се одржа денеска во Скопје.

    Таа потенцираше дека во услови на неизвесно глобално окружување особено значење имаат стабилноста, предвидливоста и сопособноста на институциите да создадат условите за долгорочен економски развој. Оттука и нашата определба јавните финансии да бидат во функција на економски раст и истовремено тој раст да биде одржлив, заснован на продуктивност, конкурентност и стабилни економски основи.

    „Во остварувањето на овие цели, финансискиот сектор има исклучително важна улога.  Банките не се само посредници меѓу штедењето и инвестициите. Тие се значајни партнери во финансирањето на компаниите, поддршката на претприемништвото, модернизацијата на економијата и реализацијата на нови инвестициски проекти“, рече министерката и додаде дека затоа заеднички интерес е натамошно развивање на финансики сектор коj е стабилен, конкурентен, иновативен и способен да ги следи потребите на современата економија.

    Според министерката особено важно е финансиските ресурси да се насочуваат кон продуктивни инвестиции, технолошки развој, дигитализација, енергетска ефикасност и зголемување на конкурентноста на домашните компании.

    Таа порача дека како Министерство за финансии, посветени сме на континуирано унапредување на законската рамка и јакнење на институционалните механизми за заштита на финансискиот систем и граѓаните.

    „Стабилноста на банкарскиот систем, потенцираше, е од исклучително значење за довербата на граѓаните и компаниите и за непреченото функционирање на економијата. Затоа е неопходно сите надлежни институции да постапуваат професионално, одговорно и координирано“, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

    Прочитај повеќе

    Тинекс го продаде Cosmo на српска фирма

    05.11.2026 во 15:12

    Проверете ги сметките – во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

    05.11.2026 во 15:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.