Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: За оваа хистерија со Алта Банка се лежи 3 години затвор – време е Обвинителството да се позанимава со СДСМ

    05.11.2026 во 15:59

    Мицкоски: Ве гледам во очи и ви кажувам – и во најлошото сценарио до денар ќе бидат вратени сите пари од Алта банка

    05.11.2026 во 15:54

    Мицкоски: Со Алта Банка можни се две сценарија

    05.11.2026 во 15:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: За оваа хистерија со Алта Банка се лежи 3 години затвор – време е Обвинителството да се позанимава со СДСМ
    • Мицкоски: Ве гледам во очи и ви кажувам – и во најлошото сценарио до денар ќе бидат вратени сите пари од Алта банка
    • Мицкоски: Со Алта Банка можни се две сценарија
    • Пронајдени 32 пакетчиња кокаин во автомобил во Скопје – возачот имал и активна забрана
    • Димитриеска-Кочоска: Фискалната консолидација и макроекономската стабилност остануваат клучни приоритети
    • Тинекс го продаде Cosmo на српска фирма
    • Проверете ги сметките – во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
    • Серафимовски: Поддршката од ЕУ овозможува модернизација на земјоделството и усогласување со европските стандарди
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: За оваа хистерија со Алта Банка се лежи 3 години затвор – време е Обвинителството да се позанимава со СДСМ

    Мицкоски: За оваа хистерија со Алта Банка се лежи 3 години затвор – време е Обвинителството да се позанимава со СДСМ

    05.11.2026 во 15:591 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски бара Јавното обвинителство да ја истражи опозициската СДСМ за кривичното дело саботажа, поради нејзините настапи и обвинувања поврзани со состојбата во Алта банка.

    Мицкоски ја обвини опозицијата дека свесно шири невистини, создава паника кај граѓаните и ја нарушува довербата во државните институции, оценувајќи дека со таквото однесување го загрозува уставниот и државниот поредок.

    „Редно е Јавното обвинителство да се позанимава, согласно Кривичниот законик, со ова кривично дело саботажа што го прави опозицијата, која свесно го урива Уставот и државниот поредок, ширејќи невистини, немир и креирајќи лаги. На тој начин ги доведува граѓаните во чувство на несигурност и исплашеност“, изјави Мицкоски.

    Премиерот потсети дека за кривичното дело саботажа е предвидена затворска казна од најмалку три години, посочувајќи дека оваа одредба е дел и од Кривичниот законик изменет во 2023 година, за време на владеењето на СДСМ.

    Барањето до Обвинителството доаѓа во период кога власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за одговорноста за случувањата во Алта банка, која од 1 ноември е под привремена администрација на Народната банка.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Со Алта Банка можни се две сценарија

    05.11.2026 во 15:48

    Николовски: Создаваме брз и нераскинлив синџир на правдата

    05.11.2026 во 13:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.