- Филипче помеѓу земјоделците во Босилово: Земјоделството изумира поради ниски откупни цени
- СДСМ: Нацрт-извештајот од Брисел ги потврди нашите предупредувања, Владата нè води кон пропаст
- Син тепал татко, ќерка-мајка: Осум случаи на семејно насилство во Македонија за едно деноноќие, уапсени шест лица
- Невреме низ Македонија: Град и поројни дождови во Ресен и Делчево, облачноста се движи кон Преспа
- Мицкоски за Преспанскиот договор: Ветуваа бесплатно здравство и образование, а добивме само членство во НАТО
- Шукова: Власта ветуваше промена на Преспанскиот договор, а сега ја држи државата во место без стратегија
- Отишол да раскине договор за стан во Карпош, па се пресметале со сопственикот и агент за недвижности – Инцидент во Скопје
- Трагедија во кривопаланечко: Вработен во ЕВН починал додека извршувал работни задачи
Author: Author 04
Одлуката на Соединетите Американски Држави да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани не е „техничка пауза“ туку предупредување. Стануваме земја од „третиот свет“, се вели во соопштението од СДСМ. „Македонија денес ја плаќа цената на погрешните политики на Мицкоски што водат кон затворање, изолација и губење на довербата кај стратешките партнери. Надворешната политика на оваа влада е сведена на антиамерикански активности на најблиските соработници на Мицкоски, како неговиот вицепремиер Стоилковиќ, кој има отворени проруски ставови, директни врски со Москва. Истовремено, сведоци сме на агресивна анти-ЕУ кампања. Наместо реформи, намерно се продуцираат судири со Грција и Бугарија, повторно се…
Овен Бидете отворени за нови пријателства! Денес социјалниот живот кај Овните е во вистински екстем. Ѕвездите ви носат можност да се поврзете со нови, инспиративни луѓе или да внесете освежување во пријателствата што веќе ги имате. Не мора секој контакт да биде премногу личен за да биде корисен – уживајте во слободата на комуникацијата. На професионален план, долгорочните проекти конечно добиваат стабилност, особено ако се осмелите да примените некоја нова и неконвенционална метода. Бик Време е да излезете од сенка! Фокусот денес ви е поделен меѓу кариерата и потребата за припадност. Можеби ќе почувствувате силен импулс да ги покажете своите…
Денеска не очекува променливо и влажно време со слаби локални врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе паѓа снег. Според УХМР, по одредени котлини ќе има појава на магла, што може да ја намали видливоста во сообраќајот. Максималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 6 степени. Во Скопје ќе биде облачно со слаб дожд и појава на магла. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 5 степени.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска изврши вонреден надзор во кавадаречката болница по смртта на двомесечното доенче У.М. Според увидот во документацијата, бебето било хоспитализирано на 12 јануари поради повраќање и поспаност, но неговата состојба првично била стабилна. На денот на смртта (14 јануари), визитата во 15:30 часот не покажала никакви критични знаци. Сепак, вечерта во 20:48 часот, мајката и медицинската сестра алармирале дека бебето не дише. И покрај 40-минутната реанимација од страна на педијатар и анестезиолог, бебето починало. Како причина за смрт во извештајот е наведена „ненадејна смрт на доенче“.
Осум лица, меѓу кои и високи раководители во Управата за јавни приходи (УЈП), попладнево добија мерка притвор од 30 дена по големата акција на ОЈО ГОКК. Кривичниот суд го прифати предлогот на обвинителството поради опасност од бегство и влијание врз сведоци во истрагата која откри штета од фантастични 4,8 милиони евра (над 297 милиони денари) врз државниот буџет. Шемата била предводена од српски државјанин, кој во соработка со двајца вработени во Регионалната дирекција Скопје на УЈП, формирал криминална група за даночно затајување и перење пари. При вчерашните претреси на 16 локации, истражителите запленија фиктивна документација, лажни печати, па дури и…
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје. Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки. Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за…
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката. Во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на град Скопје. Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги…
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) упати јавен повик до инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини и јутјуберите, односно до физичките лица кои обезбедуваат аудиовизуелни медиумски услуги по барање, да се регистрираат во Агенцијата. Со измените на медиумската легислатива од јули 2023 година, за првпат институционално беше препознаено постоењето и влијанието на овие субјекти. Со тоа, инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини и јутјуберите кои нудат аудиовизуелни медиумски услуги по барање станаа предмет на регулација и добија законска обврска да се евидентираат во АВМУ. Обврската за регистрација се однесува на оние даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање кои ги…
Скопје блесна во полн сјај благодарение на креативноста на неговите граѓани. Во рамки на манифестацијата „Украсуваме по скопски“, жири-комисија составена од реномирани новинари ги избра победниците кои со својот труд ги претворија своите домови во вистински празнични приказни. За најубаво украсен двор е избран оној на Адријана Јовановиќ во населбата Маџари, додека наградата за најубава тераса замина во рацете на Теа Ивановска од Козле. Двете добитнички ќе бидат наградени со по 20.000 денари. „Оваа манифестација е симбол на заедништвото. Сакаме да ги поттикнеме граѓаните активно да учествуваат во создавањето на празничниот амбиент, бидејќи најубавите празници се оние што ги создаваме…
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска од велешката касарна, каде нови професионални војници дадоа свечена заклетва, порача дека граѓаните можат да бидат спокојни бидејќи безбедносната состојба во државата е стабилна и на највисоко ниво. И покрај турбулентните геополитички случувања и новите воени жаришта во светот, Мисајловски потенцираше дека припадноста кон НАТО алијансата нуди дополнителна сигурност. „Државата е безбедна. Ние сме дел од едно огромно семејство – НАТО. Следниот месец на министерскиот состанок на Алијансата детално ќе разговараме за сите актуелни случувања, но можам да потврдам дека нашата безбедност е на највисоко ниво“, изјави Мисајловски.
