Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против И.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 1 од КЗ. И.Д., на работно место „помлад полицаец“ во ПС Битола на 25.03.2026 околу 17:00 часот, во период кога не бил работно ангажиран, отишол во просториите на ЈП за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола, се претставил дека е полициски службеник и поднел барање за поништување на налог за наплата за нерегуларно паркирање на патничко моторно возило „ауди“, сопственост на неговиот брат, при што во рубриката „образложение на причината за поништување на налогот“ своерачно напишал МВР.
Со наведеното дејствие дал лажна изјава дека возилото е сопственост на МВР со што сакал да ги доведе во заблуда вработените на ЈППЈЛП за да биде ослободен од плаќање на казната.
ОВККИПС против И.Д. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.
- Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
- Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството
- Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
- Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври
- Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците
- ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи
- ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
- Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја

