- Ердоган и Трамп разговараа за примирјето на Блискиот Исток
- Бојковска: Стратешкиот дијалог со САД е успех на нашата определба и посветеност во партнерство со САД
- Венс признава: „Мислевме дека ќе биде лесно, но Украина е нашиот најтежок предизвик“
- Бочварски: Власта ветуваше 250 милиони евра годишно од унгарскиот кредит за општинските проекти, се реализираат само 16%
- Тркалезна маса на тема: Подготвеноста на институциите за одговор на СММИ
- Татко и двајца синови со боксирачи и гасен пиштол претепале вработени на гробиштата во Бутел: Обвинителството бара притвор
- Хоџа: Градиме модерен систем за менаџирање со водите по европски стандарди
- Спасовски: ВМРО ја партизира и Регулаторната за енергетика, како сопственик на хидроцентрили ќе биде независен директор
Author: Author 01
Основното јавно обвинителство Тетово поведе истражни постапки против вкупно четири лица по извршените претреси во тетовското село Брвеница, при што биле пронајдени наркотична дрога и поголема количина оружје и муниција. Според информациите од Обвинителството, тројца од приведените се сомничат за кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Кај еден од нив биле пронајдени пиштол со два куршуми во рамка и дополнителни 20 куршуми за автоматска пушка. Кај вториот осомничен полицијата открила 55 куршуми, од кои дури 53 биле боева муниција чие поседување е целосно забрането за граѓаните. Кај третиот осомничен бил пронајден пиштол без…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) преку соопштение изрази гордост за постигнувањата во периодот од 2017 до 2024 година, истакнувајќи дека токму нивните реформи довеле до подобрување на состојбата со човековите права и демократијата, што резултираше со денешното укинување на комисијата за постмониторинг дијалог од страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). Од партијата велат дека ова не е успех на „тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“ и на Христијан Мицкоски, туку директна последица на сработеното во претходниот мандат. „Да не бил периодот на владата на СДСМ, а да останеле на власт Никола Груевски и Сашо Мијалков, веројатно би довеле до продолжување…
Продолжува периодот на променливо облачно време проследено со повремени врнежи од дожд, додека на планините ќе врне снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Најголема промена се очекува в недела, за кога метеоролозите најавуваат пообилни врнежи. Поради падот на температурите, дождот ќе премине во снег и на некои од пониските места. Што се однесува до температурите, утре (сабота) минималните ќе се движат од -2 до 6 степени, а дневните од 4 до 11 степени. Задутре (недела) ќе биде нешто постудено со максимум од 3 до 8 степени. Од почетокот на следната недела утрата ќе бидат постудени, со минимални температури…
Апелациониот суд во Скопје донесе одлука со која ја уважи жалбата на портпаролката на Владата, Марија Митева, и ја поништи првичната пресуда со која таа беше осудена за навреда и клевета. Тужбата против неа беше поднесена од страна на Дарко Каевски, тогашен пратеник на СДСМ, а судскиот процес траеше речиси пет години. По објавувањето на одлуката, Митева реагираше истакнувајќи дека овој случај за неа претставува суштинско прашање за правдата и слободата на говор. Таа обвини дека во времето кога СДСМ биле на власт, декларативно се залагале за слобода на изразување, но во пракса се обидувале да ја ограничат преку правни…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираше на денешниот потег на СДСМ да поднесе Предлог-закон за минимална плата од 600 евра. Од партијата велат дека опозицијата конечно ставила на хартија колку би чинела оваа мерка – околу 7,5 милијарди денари или 110 милиони евра – но критикуваат што во предлогот недостасува клучниот детал: од каде ќе се обезбедат тие средства. Според ВМРО-ДПМНЕ, овој предлог е само потврда дека СДСМ имале капацитет да ја зголемат минималната плата и додека биле на власт, но „арамилакот им бил помил“. Во реакцијата се прави споредба со наводните злоупотреби од претходната власт. „Да не дозволеа злоупотреба на околу 170…
Поминаа 50 дена од објавата на првите скандали и „бомби“ од страна на антикорупцискиот тим на СДСМ, но досега нема никаква реакција од ниту една надлежна институција. Ова го истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвинувајќи дека гласот не допира до Обвинителството, ДКСК и Финансиската полиција за милионските скандали на, како што рече, „тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ“. Кузеска потсети на серијата објавени случаи за кои тврди дека се поткрепени со факти и докази: „Затоа власта презема контрола врз судството и обвинителството во обид да се спаси од одговорност за криминалните тендери“, заклучи Кузеска.
Предлогот на СДС и Венко Филипче за минимална плата од 600 евра е крајно несериозен, популистички и без никакви претходни факти и аргументи, изјави Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање за иницијативата на опозицијата. Според Манасиевски, настапот на Филипче бил доказ за неспремност, бидејќи законот не бил технички подготвен, ниту пак имало пресметки за буџетските импликации. Тој обвини дека зад барањата на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) всушност стојат СДС и Левица. „Имаа 7 години време минималната плата да ја искачат до 600 евра. Тоа не го направија, но затоа ги наполнија своите џебови“, истакна Манасиевски. Тој упати…
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, но по влажни коловози, информираат од ЈП „Македонијапат“. Возачите кои патуваат кон зимскиот центар Попова Шапка треба да бидат особено внимателни бидејќи на патниот правец село Лисец – Попова Шапка има појава на магла, која ја намалува видливоста до 30 метри. Промени во режимот на сообраќај има на истокот од државата. На регионалниот пат Р-1302 Берово – Струмица, во близина на селото Ратево, регистриран е поголем одрон. Поради ова, сообраќајот на овој потег се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Иако сите патни правци во државата се проодни, надлежните…
Македонските превозници денеска ги реализираа најавите и ги блокираа граничните премини кон Бугарија, Грција и Косово. Колони камиони го запреа протокот на стоки во знак на револт против новите правила на Европската Унија, кои од професионалните возачи бараат да ги почитуваат истите ограничувања за престој во Шенген-зоната како и обичните туристи – не повеќе од 90 дена во период од 180 дена. Во оваа битка, транспортерите добија силна и недвосмислена поддршка од македонската Влада. Министерот за транспорт Александар Николоски отворено застана зад нивните барања, оценувајќи ги како легитимни и нужни за опстанокот на транспортниот сектор. Крај на „прогледувањето низ прсти“…
Дваесет и четиригодишно момче почина синоќа во својот дом во кавадаречкото село Возарци. Случајот во полицијата бил пријавен во 22:30 часот, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. На местото на настанот веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош од Кавадарци. Дежурниот лекар констатирал смрт кај лицето со иницијали С.П., при што при првичниот преглед не биле забележани видливи траги на насилство. Сепак, за да се отстранат сите сомнежи и да се утврди точната причина за прераната смрт, јавниот обвинител издал наредба телото на починатиот да биде предадено на обдукција.
