- Ердоган и Трамп разговараа за примирјето на Блискиот Исток
- Бојковска: Стратешкиот дијалог со САД е успех на нашата определба и посветеност во партнерство со САД
- Венс признава: „Мислевме дека ќе биде лесно, но Украина е нашиот најтежок предизвик“
- Бочварски: Власта ветуваше 250 милиони евра годишно од унгарскиот кредит за општинските проекти, се реализираат само 16%
- Тркалезна маса на тема: Подготвеноста на институциите за одговор на СММИ
- Татко и двајца синови со боксирачи и гасен пиштол претепале вработени на гробиштата во Бутел: Обвинителството бара притвор
- Хоџа: Градиме модерен систем за менаџирање со водите по европски стандарди
- Спасовски: ВМРО ја партизира и Регулаторната за енергетика, како сопственик на хидроцентрили ќе биде независен директор
Author: Author 01
Премиерот Христијан Мицкоски најостро ја осуди судската пресуда со која новинарката Љиридона Вејсели е осудена на парична казна од 700 евра бидејќи во свој текст го спомнала името на судија. Според Мицкоски, ова претставува недозволиво ограничување на слободата на говор. „Не можам да побарам од судијата одговорност, не сум тој што именува судии. Но, било кој напад врз новинар, вклучително и овој, најостро го осудувам. Новинарите треба да ја информираат јавноста“, изјави Мицкоски. Случајот предизвика бурни реакции откако судијката Магдалена Мишоска од Основниот суд Гостивар ја осуди Вејсели за „злоупотреба на лични податоци“. Вината на новинарката е што на социјалните…
Опозициската СДСМ денеска информираше дека и официјално го поднела Законот за зголемување на минималната плата на 600 евра во Собранието. Од партијата велат дека ова е нужден одговор на драматично намалениот животен стандард и инфлацијата која ја „изеде“ куповната моќ на граѓаните во изминатата година и половина. Клучниот аргумент на СДСМ е дека пари во буџетот има, но тие се трошат погрешно. „Не може да има пари за криминални тендери, но да ’нема пари‘ за работниците“, се вели во партиското соопштение. Од СДСМ директно ја прозиваат владејачката коалиција ВМРО-ЗНАМ за, како што велат, тендер-шеми. Тие посочуваат конкретни примери: 161 тендер…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение жестоко го нападна раководството на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), обвинувајќи ги Слободан Трендафилов, Трпе Деаноски и Иван Пешевски дека работат по партиски директиви на СДС и Левица, наместо во интерес на работниците. Според партијата, синдикалните лидери го одбиле владиниот предлог кој предвидува зголемување на платите за над 10.000 денари, односно раст од 40% до 2028 година. „ССМ бара 600 евра минимална плата, добива и истата ја одбива. Бара 100 евра повисока плата, добива и истата ја одбива. Само затоа што се политички марионети на СДС и Левица“, се вели во реакцијата. Од ВМРО-ДПМНЕ појаснуваат…
Периодот на опомени заврши. Од утре (1 февруари) системот „Сејф сити“ („Safe City“) и официјално започнува со изрекување на парични казни за сообраќајни прекршоци во Скопје, Тетово и Куманово. Откако од 1 јануари системот функционираше пробно и се испраќаа само опомени, од утре камерите ќе регистрираат и ќе санкционираат низа прекршоци: возење побрзо од дозволеното, поминување на црвено светло, непрописно паркирање, како и управување со нерегистрирано возило или истечена возачка дозвола. Колку ќе чинат казните? За сите прекршоци важи правилото: доколку казната се плати во рок од осум дена, сумата се намалува на половина. Инаку, законските одредби за „Безбеден град“…
Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка, каде термометрите покажаа -5 целзиусови степени. Студено и под нулата беше и во Битола, Берово, Маврови Анови, Прилеп, Крушево и Претор. На нулата утрово се разбудија жителите на Петровец, Охрид, Штип, Велес и Крива Паланка, додека најтоплото утро е регистрирано во Гевгелија со измерени 4 степени. Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за повремен слаб дожд, а на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 7 до 13 степени.…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во Општина Тетово. Поводот за посетата е свеченото пуштање во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“. Според владината агенда, премиерот ќе направи обиколка на обновениот објект, по што е предвидено да даде и изјава за медиумите.
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска (сабота) во централното градско подрачје на Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Причината е одржувањето на протестниот марш под мотото „Стоп за Усје“, кој е закажан со почеток во 12:00 часот. Маршот ќе се движи по следнава траса: Почетокот е пред Владата на булевар „Илинден“, по што поворката ќе продолжи десно по булевар „ВМРО“, потоа по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“,продолжувајќи по улица „11 Октомври“ до пред Собранието. Маршот завршува пред Министерството за животна средина, до каде ќе се стигне преку улицата „Филип Втори Македонски“. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе…
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб повремен локален дожд, додека на планините и на повисоките места ќе врне слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура утринава се движеше во интервал од 0 до 6 степени, а максималната дневна ќе достигне од 7 до 11 степени. Во главниот град Скопје времето е слично – променливо облачно со повремен слаб дожд.Температурите ќе се движат од минимални 5 до максимални 10 степени. Од УХМР најавуваат дека влажниот бран ќе продолжи и утре (недела), кога се очекуваат пообилни врнежи.Поради заладувањето, дождот ќе премине во снег и во…
Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска со длабоко жалење и огромна тага ја соопшти веста за прераното заминување на Тихомир Јанчовски (1967). Јанчовски беше истакнат поет, писател, преведувач, професор, музичар и издавач, кој зад себе остави богато творештво. Како автор потпишува над триесет книги, пред сè поезија, преводи и поетски романи. Меѓу неговите дела се издвојува и историскиот труд „Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“ (2010). Неговата поезија ги надмина границите на државата – четири негови книги се преведени на странски јазици, а избори од неговото творештво се објавувани на англиски, француски, германски, италијански, руски…
Вистинска среќа е што нема повредени лица во инцидентот кој попладнево се случи во строгиот центар на Битола.Стара и руинирана куќа се сруши, при што предизвика значителна материјална штета на неколку возила паркирани во нејзина непосредна близина. Несреќниот случај е регистриран зад станбениот комплекс познат меѓу битолчани како „Зградата кај ЈАТ“. Овој простор често се користи како паркинг, што придонесе за штетата врз автомобилите кои се нашле на удар на градежниот шут. Екипа на СВР Битола веднаш излезе на терен и изврши увид на местото на настанот. Полициските службеници ги документираа оштетувањата и зедоа изјави од сопствениците на оштетените возила. Овој настан повторно го актуелизира…
