Author: Author 01

До Собранието до овој момент поднесени се четири кандидатури за нов државен јавен обвинител, информираше собраниската прес-служба. Рокот за поднесување кандидатура истекува вечерва на полноќ. До петокот доставени беа три кандидатури. Медиумите објавија дека станува збор за судијата Ненад Савески од скопски Кривичен, поранешниот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски и обвинителката од скопското обвинителство Лидија Раичевиќ. Кој е четвртиот кандидат засега е непознато, меѓутоа во јавноста се споменуваа имињата на обвинителите Златко Биковски и Јован Цветановски. Според огласот, право да се пријават имаат обвинители и судии кривичари со најмалку 10 годишно работно искуство.. Секој од канадидатите ќе биде оценет од…

Повеќе

Парите биле на родителите, спечалени макотрпно од земјоделие, пред сè од лозје. Со ваква одбрана, адвокатите на апелацискиот судија Ѓоко Ристов се обиделе да го оправдаат пронаоѓањето на 350.000 евра, заѕидани зад кујнските плочки во родителската куќа во Неготино. Сепак, приказната за лозјето не беше доволно уверлива ниту за Обвинителството, ниту за Судот, поради што на судијата му е одредена мерка куќен притвор. Иако во оваа фаза обвинителството не може директно да ги поврзе запленетите банкноти со конкретен предмет што го судел Ристов, обвинителката Искра Хаџивасилева на брифинг со новинарите откри детали за тоа како течела деветмесечната истрага. Парите паѓале…

Повеќе

Апелацискиот судија Ѓоко Ристов (53) остана без имунитет и е времено оддалечен од судиската функција, а Судскиот совет даде „зелено светло“ тој да биде спроведен во куќен притвор. Ова е епилогот од денешната итна седница на Судскиот совет, свикана откако полицијата и обвинителството открија голем скандал со криење на сомнителни пари. Одлука на Судскиот совет: 10 гласа „за“ суспензија и притвор На 535-тата итна седница, Судскиот совет со 10 гласа „за“ го прифати барањето на Основниот кривичен суд Скопје. Со оваа одлука: Оваа одлука му овозможува на судијата на претходна постапка во Кривичниот суд официјално да го реализира предлогот на…

Повеќе

Вистинско филмско сценарио се одвивало во Неготино за време на истрагата против судијата на Апелациониот суд Скопје, Ѓоко Ристов (53). Министерството за внатрешни работи попладнево откри детали за спектакуларната акција во која се пронајдени стотици илјади евра заѕидани во ѕид, додека правосудните органи ја започнаа процедурата за одземање на неговиот имунитет и определување куќен притвор. Заѕидани 350.000 евра во кујната на родителите Клучниот момент во истрагата се случил на 18 јануари 2026 година. Врз основа на наредба од судија на претходна постапка, полицијата извршила претрес во домот на родителите на судијата Ристов во Неготино. „На првиот кат, поточно во кујнската…

Повеќе

Електронските цигари и загреаните тутунски производи со вкус на јагода, ванила, ментол или други билки наскоро ќе бидат минато. Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува забрана за нивно производство, увоз и продажба, бидејќи се сметаат за „мамка“ за младите. Надлежните алармираат дека овие производи создаваат штетни аеросоли и лесно предизвикуваат зависност. Министерот Азир Алиу откри дека речиси секој десетти ученик на возраст од 13 до 15 години веќе користи електронска цигара, а над 10% изјавиле дека пробале загреани тутунски производи. Со новиот закон, државата ги изедначува сите алтернативни никотински уреди со класичните цигари и воведува строги ограничувања за нивна…

Повеќе

Министерството за внатрешни работи (МВР) упати итно предупредување до граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на фишинг напади преку лажни СМС и електронски пораки. Измамниците испраќаат известувања наводно од Одделот за моторни возила или системот „Безбеден град“, во кои е наведен лажен линк преку кој граѓаните се пренасочуваат да платат за наводен сообраќаен прекршок. МВР појаснува како да се направи разлика помеѓу лажните и вистинските известувања. „СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач ’MVR-SC‘. Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок и линк од следниот формат: https://safecountry.mvr.gov.mk…“, нагласуваат од министерството. Надлежните…

Повеќе

Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер го лишиле од слобода 23-годишниот Р.Е. од Тетово, кој е посочен како водач на навивачка група. Тој е приведен во 20:10 часот во тетовската населба Дреновец под сомнение за насилен инцидент. Според МВР, настанот се случил нешто порано, околу 19:20 часот на улицата „Иво Лола Рибар“. Осомничениот, заедно со уште неколку лица кои носеле маски на главите, физички ги нападнале А.Ј. (22) и Д.П. (22), двајцата жители на Скопје. Во нападот биле користени тврди предмети, при што А.Ј. се здобил со повреди. Освен физичкиот напад, групата го оштетила и патничкото возило „мазда 3“ со…

Повеќе

Полициски службеници од СВР Струмица вчера попладне го лишиле од слобода 50-годишниот Д.Б. од селото Куклиш, струмичко, откако тој пукал и усмртил животно. Според информациите од МВР, инцидентот се случил околу 14:00 часот. Осомничениот испукал еден истрел од ловечка пушка, при што го усмртил кучето кое било во сопственост на М.Ѓ., жител на истото село. По пријавата, полицијата реагирала и во 17:00 часот го привела сторителот. На местото на настанот бил извршен увид од страна на екипа на СВР Струмица во присуство на ветеринарен лекар. Од Д.Б. е одземена ловечката пушка, а по целосно документирање на случајот, против него ќе…

Повеќе

Судскиот совет за денеска во 15:30 часот закажа 535-та итна седница со единствена точка на дневен ред: „Расправа и одлучување по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на предлог за куќен притвор“. Станува збор за судијата Ѓоко Ристов, за кого претходно денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) побара мерка куќен притвор и одземање на пасошот. Откако ОЈО ГОКК го сослуша Ристов и му ги предочи доказите, достави предлог до судија на претходна постапка за определување мерки за обезбедување присуство. Од Кривичниот суд претходно информираа…

Повеќе

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Светскиот економски форум во Давос испрати драматични пораки за состојбата во светот, оценувајќи дека претстојат тешки времиња бидејќи глобалните текови одат во „луда насока“ поради конфликтот меѓу ЕУ и САД околу Гренланд. Пренесувајќи ги впечатоците од говорот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Вучиќ истакна дека таа двапати нагласила оти „таканаречениот политички развод меѓу Америка и ЕУ е траен“. Таа порачала дека американските санкции се грешка и дека одговорот на ЕУ ќе биде „пропорционален и непоколеблив“. „Мојот заклучок е дека ЕУ не е подготвена воено да го брани Гренланд“, оцени Вучиќ, додавајќи…

Повеќе