Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бочварски: Власта ветуваше 250 милиони евра годишно од унгарскиот кредит за општинските проекти, се реализираат само 16%

    Бочварски: Власта ветуваше 250 милиони евра годишно од унгарскиот кредит за општинските проекти, се реализираат само 16%

    08.04.2026 во 17:313 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата, постави прашање до министерот за локална самоуправа,

    Златко Перински, во однос на потфрлувањето на реализацијата на проектите во општините, за што  владата најави 250 милиони евра од унгарскиот кредит. Бочварски посочи дека откако завршија локалните избори, интензитетот на овие проекти опаѓа, и а владата со намален интензитет работи на овие проекти кои што беа најавени како многу значајни за граѓаните.

    Во продолжение е интегралното обраќање на Бочварски:

    „Првите две се за Министерството за локална самоуправа. Првото прашање сакам да го поставам, а и второто секако во однос на општинските проекти кои што започнаа да се реализираат од унгарскиот кредит.

    Она што го имаме како чувство, и во опозицијата, но и помеѓу граѓаните во сите контакти коишто ги имаме, е дека откако завршија локалните избори, интензитетот на овие проекти опаѓа, и секако чувството е дека Владата со намален интензитет работи на овие проекти кои што беа најавени како многу значајни за граѓаните.

    Дали тоа се должи на губење на фокус кон локалните средини веднаш штом завршија локалните избори, е прашање за Владата, но и прашање за кое што граѓаните бараат искрени одговори.

    Ова го говорам од повеќе аспекти. Прво, јавниот ПР на Владата кој што го имаше пред локалните избори, во кои што се најавуваа 250 милиони евра годишно како предизборно ветување, но и како владино ветување за реализација на проекти во општините, беше нереално, неостварливо, но секако и неостварено, имајќи во предвид дека во 2024 година година се реализираа нула денари за овие проекти. Во 2025 година беа предвидени 100 милиони евра, па потоа беа со ребаланс намалени на 40 милиони евра, што е огромно потфрлање во проценките за буџетот за 2025 година. За оваа, 2026 година, се проектирани само 50-тина милиони евра за овие проекти, што значи дека се ветуваа 250 милиони евра годишно, а се реализираат некаде околу 40 милиони евра годишно за овие локални проекти.

    Пред неколку седници за пратенички прашања поставив слично прашање во однос на овие проекти, во делот на реализација на средства за локалните проекти од овој кредит, но тогаш не добив конкретен одговор. Добив некои паушални бројки кои што немаат врска со реалноста. Но она кое што успеав да го обезбедам се овие бројки дека нема ниту приближно реализација на овие проекти кои што беа ветувани пред граѓаните. Првото прашање конкретно ми е дали ќе има нови повици за општините за реализација на ваков тип на проекти.

    Второто прашање до локална самоуправа е дали во Министерството сметаат, како промотори на овој проект, дека е погрешно ветувањето за тие фантастични 250 милиони евра годишно во локалните средини, или пак сметаат дека ветувањето било на место, но реализацијата во општините потфрлила“.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.