- Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
- Кривична против полицајци од Интервентна, употребиле прекумерна физичка сила врз приведено лице
- Тензии во воздухот: Руски ловци извршиле „опасни пресретнувања“ на британски авион над Црното Море
- Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
- Кривична за жител на Слупчане и државјанин на Турција, нелегално увезувале јод
- Работна средба на Муцунски со амбасадорот на ЕУ
- Паѓа цената на нафтата
- Каде да одите на одмор според хороскопскиот знак?
Author: Author 01
Промената на јавниот обвинител беше политичка цел на Мицкоски за воспоставување целосна контрола врз судството и Обвинителството. Сега гo гледаме сценариото за изборот на нов јавен обвинител по мерка на Мицкоски. Тој одлучува кој ќе биде назначен. Мицкоски ја елиминирашЛенче Ристовска, независната кандидатка за државен јавен обвинител, се посочува во соопштението од СДСМ. -Иако Ристовска доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавните обвинители и позитивна оценка за својата професионалност и стручност. Мицкоски сам одлучува дека таа „не е во игра“, во живо, на телевизија. Независен јавен обвинител не му одговара на Мицкоски затоа што не може да…
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода четворица, од кои двајца за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија, а едно лице затоа што управувало нерегистрирано возило без дозвола. По еден возач во Кичево и Свети Николе управувале возило без воачка дозвола, едно лице во Скопје управувало нерегистрирано возило без возачка дозвола, а еден возач во Македонски Брод управувал возило иако имал мерка забрана за управување моторно возило. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.-Апелираме…
Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон Манастир Пеленица. Ова денеска го објави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук. -Со завршувањето на зафатот е обновена коловозната конструкција и изграден нов тротоар, со што се обезбедува побезбедно и пофункционално движење за возилата и пешаците. Инвестицијата од 29.320.330 денари придонесе за модерна и одржлива патна инфраструктура, подобрена пристапност до манастирскиот комплекс и повисоко ниво на безбедност за посетителите и локалното население, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави листите со патници? Што се крие од јавноста?, се наведува во соопштението од СДСМ испратено до јавноста. -Според Мицкоски, на Јадранско море прво отишол со комерицијален лет со семејството, па го продолжил одморот, па бил на вечера, поради што го прпошутил комерцијалниот лет за враќање па затоа морал да се враќа со владиниот авион од Сплит. Генералната декларација (General Declaration) е задолжителен документ во меѓународната авијација што се доставува за да се идентификува воздухопловот, неговиот екипаж и патниците и мора…
Народна банка на Северна Македонија одбележува 80 години од институционализираното централнобанкарско работење во земјата. Според банката, овој јубилеј ја потврдува долгорочната, динамична и одговорна институционална еволуција, обележана со континуирани трансформации и прилагодувања на економските и општествените промени. Темелите на централнобанкарското работење беа поставени со Уредбата за спојување на кредитните претпријатија од државниот сектор на 25 септември 1946 година, со која Македонската стопанска банка стана Централа на Народната банка на ФНРЈ за Народна Република Македонија. Тие беа дополнително зацврстени со фактичкото спојување со Народната банка на ФНРЈ на 19 октомври истата година. Со создавањето на независната држава и прогласувањето на монетарната…
Гордана Сиљановска-Давкова вечерва во 19:00 часот ќе се обрати на свеченото отворање на меѓународната конференција „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“. Настанот го организира Паневропска унија на Македонија во партнерство со Паневропска унија на Австрија, Фондација Ото фон Хабсбург и Институт на регионите на Европа од Салцбург. Покрај претседателката, на отворањето свои обраќања ќе имаат и претседателот на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов, претседателот на Меѓународната паневропска унија, Паво Баришиќ, австрискиот амбасадор Мартин Памер, претседателот на Паневропската унија на Австрија, Рајнхард Клоучек, Штефан Хабек од Институтот на регионите…
ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на заштитата на работниците и унапредувањето на животниот стандард на сите граѓани. Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување стабилна економија во која трудот се вреднува, платите растат, а институциите функционираат одговорно и транспарентно. Со политики насочени кон реален економски раст, создавање нови работни места и почитување на колективните договори, се поставуваат темелите за долгорочна финансиска сигурност, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Со ВМРО-ДПМНЕ на чело на државата, платите бележат реален пораст, а мерките што се спроведуваат се насочени кон подобрување на куповната моќ и стабилизирање на економските текови. Наместо празни ветувања, се реализираат…
Од 9:00 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, информираат од ЈП Македонијапат. Претходно, поради интензивни снежни врнежи, од 6:50 часот беше воведена забрана за движење на камиони на делниците Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку Стража. Надлежните апелираат до возачите да управуваат внимателно, да ја приспособат брзината според состојбата на коловозот и задолжително да поседуваат зимска опрема. Екипите на „Македонијапат“ се на терен и континуирано работат на расчистување и одржување на патиштата.
Премиерот Христијан Мицкоски за Канал 5 вели дека обвинителката Ленче Ристоска не е кандидат што Владата го разгледува за функцијата државен јавен обвинител. Мицкоски посочи дека конечниот став ќе биде соопштен откако Владата ќе ги разгледа официјалните документи. – „Не можам да изнесувам лични ставови без увид во записникот“, рече тој. Советот на јавните обвинители даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител. Позитивно мислење добија сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното издание на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека е горд на имплементацијата на новиот систем „Сејф Сити“, посочувајќи дека бројот на сообраќајни прекршоци е драстично намален. Според него, на почетокот од тест-периодот биле евидентирани околу 120.000 прекршоци, додека сега таа бројка се движи меѓу 500 и 800 дневно, што, како што нагласи, претставува значително намалување. Тошковски истакна дека станува збор за прекршоци како што се возење со недозволена брзина, минување на црвено светло и управување нерегистрирано моторно возило, кои ги констатира системот. Во наредниот период, најави тој, системот ќе се прошири…
