- Бизарен случај: Прогласен за мртов, па „оживеал“ на масата во погребалната куќа
- Пациент заразен со ебола пристигна во Европа
- Нови правила во ЕУ: Ќе се воведат казни за доцнење на возовите
- Силен земјотрес од 5,7 степени ја погоди Турција
- Крената тревога за населението во Литванија, НАТО покрена борбени авиони поради дрон
- ВМРО-ДПМНЕ: Случајот „Мазут“ од 167 милиони евра е доказ за селективна правда на СДС и ДУИ
- Падна цената на нафтата
- Утре е Спасовден – Вознесение Христово: Еве го значењето на големиот христијански празник
Author: Author 01
„Многу сме блиску до склучување договор, а заедничката изјава е потврда за тоа. Така се одвиваше и процесот со другите држави со кои САД веќе имаат склучено слични договори – прво се објавува заедничка изјава, а потоа се пристапува кон финализирање на договорот, што од меѓународно-правна гледна точка вклучува дополнителни внатрешни процедури. Засега можам да кажам дека највисоката тарифа ќе изнесува 15 отсто, што е пониско од многу други држави, не само во светот, туку и во регионот, а за неколку клучни производи и индустрии тарифите ќе бидат под 15 проценти“, соопшти денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија…
Владата на Мицкоски, во обид да го оправда неговото луксузирање со владиниот авион на Јадранското Море, соопшти јавно дека наводно „авионот бил користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење“ и дека „секое користење е евидентирано, документирано“ – се вели во соопштението од СДСМ испратено до јавноста. Ако навистина авионот бил користен согласно процедурите, бараме Владата да го докаже тоа и да го објави списокот на патници, кој бил заедно со Мицкоски во владинот авион.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Пеце Милевски, во вчерашното гостување во емисијата „Анализа“ на Телевизија 24, се осврна на барањата на Сојузот на синдикатите за зголемување на платите. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се разликува од другите политички партии поради конзистентноста во своите ставови, особено кога станува збор за заштита на правата на работниците. „ВМРО-ДПМНЕ се разликува од останатите парти затоа што е константна во своите ставови. И како опозиција се даваше поддршка на работниците и на синдикатите и тој дијалог го продолживме и како власт“, посочи Милевски. Пратеникот Милевски нагласи дека во рамки на Еконмско-социјалниот совет каде членуваат синдикатите, работодавачите и Владата…
Славка Стефановиќ од селото Трњане во Србија, е најстариот жител на општината Алексинац со свои 102 години. Родена е на Свети Сава на 27. Јануари далечната 1924 година, а целиот свој живот го поминала со семејството, сега веќе опкружена со внучиња, правнучиња и чукунвнучиња. -Постојано се работеше, пченица, копање, нива…немало работа која не сум ја работела, вели баба Славка за српските медиуми. Се омажила многу млада, на само 19 години, за својот сопруг Живомир Стефановиќ. Бракот не бил по нејзина желба, но заедно граделе дом и семејство. Додека тој работел во Ниш, таа се грижела за куќата, нивата и децата.Израснала…
Автомобилската индустрија и енергетиката се меѓу клучните области во кои Македонија и Словачка можат дополнително да ја продлабочат економската соработка, при што постои значителен простор за проширување на деловните врски. Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски пред почетокот на Македонско-словачкиот бизнис-форум во Скопје. Според Муцунски, форумот претставува добра платформа за директно поврзување на компаниите од двете земји и отворање нови можности за соработка. – Нашиот приоритет не е само привлекување странски инвестиции, туку и зајакнување на извозниот капацитет на домашната економија, нагласи министерот. Форумот се очекува да го отворат Муцунски и неговиот словачки…
Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на кучиња да ја исполнат законската обврска за нивна идентификација со микрочип и регистрација во модулот за домашни миленици во информативниот систем на институцијата. По завршување на постапката, за миленикот се издава и соодветен пасош. Од АХВ појаснуваат дека вградувањето микрочип е еднократна процедура, а животното го носи чипот во текот на целиот живот. Микрочипирањето претставува основа за утврдување на сопственоста, овозможува подобра и навремена здравствена заштита, како и поголема сигурност за сопствениците, особено во однос на контрола и превенција од заразни болести. Сопствениците чии миленици веќе се микрочипирани се потсетуваат…
Од изборот на Владата досега се воведени 23 нови директни авиолинии, а двата аеродрома во државата – Меѓународен аеродром Скопје и Аеродром Свети Апостол Павле Охрид – заедно опслужиле 3,5 милиони патници. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува годинава скопскиот аеродром да биде регионален лидер по раст и бројот на патници да надмине четири милиони. Како што соопшти Министерството за транспорт, Владата започнала поинтензивна политика за привлекување нови авиокомпании и дестинации, имајќи предвид дека државата нема излез на море, а воздушниот сообраќај е клучен за туризмот, бизнисот и мобилноста на граѓаните. Меѓу најновите линии се летовите кон Алгеро…
По речиси три децении запоставеност, значајната сообраќајна артерија „Перо Наков“, на потегот од булеварот „Киро Глигоров“ до улицата „Вера Радосавлевиќ“, конечно добива третман каков што заслужува, објави синоќа градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук. -Се работи и навечер, за наше Скопје! Додека градот мирува, машините не запираат. Вечерва интензивно се работи на улицата „Перо Наков“ во општина Гази Баба – за првпат од постоењето на градот со три гребалки истовремено на терен, придружени од повеќе од 30 камиони и неколку багери. Ова е јасна порака дека кога се работи за Скопје, нема пауза и нема одлагање. По речиси три…
Студено утро во Македонија. Утрово најстудено е во Берово со -7 степени, по што следуваат Крива Паланка со -5 и Скопје – Петровец и Демир Капија со -4 степени. Во Гевгелија, Прилеп и Тетово се измерени -3, а во Охрид, Виница и Крушево -2 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Според УХМР, во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни…
Кога СДС зборува за недостаток на социјален дијалог треба да се наврати на 2024 година. СДС и ДУИ во 2024 година предложија пакет законски измени со кои суштински ќе се менуваше методологијата за пресметка на платите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое го испратија до јавноста. Со тие измени се предвидуваше минималната плата да се изземе од формулата за пресметка на платите на административните службеници иако таа беше дел од колективниот договор потпишан меѓу ССМ и тогашната влада. Тоа ќе значеше дека идните покачувања на минималната плата нема автоматски да влијаат врз останатите плати во јавниот сектор. На тој…
