Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мајкрософт создава AI доктор?
    • Путин ги отвори картите: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
    • Падна одлука: Забрана за социјални медиуми за деца под 15 години во Грција
    • Министерот за правда оствари средба со Варнс: Во фокус кривичното законодавство и дигитализацијата
    • Драма во Куманово: Нападнале и ограбиле постар маж, па го носеле во финансиско друштво да вади брз кредит
    • Гаши го честиташе празникот: Овој датум не потсетува на истрајноста и сопствената државност
    • ФОТО: Погледнете како битолчани го одбележаа денешниот празник
    • ВО ЖИВО: Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД – највисоката тарифа ќе ни биде 15 отсто

    Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД – највисоката тарифа ќе ни биде 15 отсто

    19.02.2026 во 10:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Многу сме блиску до склучување договор, а заедничката изјава е потврда за тоа. Така се одвиваше и процесот со другите држави со кои САД веќе имаат склучено слични договори – прво се објавува заедничка изјава, а потоа се пристапува кон финализирање на договорот, што од меѓународно-правна гледна точка вклучува дополнителни внатрешни процедури. Засега можам да кажам дека највисоката тарифа ќе изнесува 15 отсто, што е пониско од многу други држави, не само во светот, туку и во регионот, а за неколку клучни производи и индустрии тарифите ќе бидат под 15 проценти“, соопшти денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

    Тој додаде дека Македонија веќе има производи што се извезуваат во САД со тарифи пониски од 15 отсто, што укажува дека процесот се движи во позитивна насока.

    Муцунски истакна дека преговорите се сложени и предизвикувачки, а поради доверливиот карактер на процесот, во овој момент не можат да се објават повеќе детали.

    -Доверливоста мораме да ја заштитиме. Јавно ќе биде објавен документ кој веројатно ќе треба да помине собраниска процедура и сите ќе видиме што конкретно ќе значи тоа за нас. Но, фактот дека веќе имаме производи што се извезуваат во САД со тарифи пониски од 15 отсто, значи дека се движиме во добра насока. Јас го сметам тоа за колективен успех на Владата, но факт е дека САД во моментов преговараат со целиот свет во однос на ова прашање. Фактот што одлучија да ни дадат нам приоритет, на една помала држава не толку значајна за американскиот пазар од економска гледна точка, треба да бидеме реални – е директен одговор на прашањето што значат оваа посебна релација и ова стратешко партнерство со Вашингтон. Јас се надевам на добар исход. Заедничката изјава е пат кон тоа и верувам дека ќе донесе конкретни бенефити за претставниците на деловната заедница, а на клрај и за нашата економија и за сите граѓани, потенцира Муцунски, одговорајќи на новинарски прашања.

    Тој потсети дека голем број држави во регионот се уште имаат далеку повисоки тарифи од 15 проценти во однос на САД.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.