Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Погледнете како битолчани го одбележаа денешниот празник
    • ВО ЖИВО: Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври
    • Европска криза со храната: Проблемите од Италија се шират, можни се нови поскапувања во Македонија
    • Петровска: Сакам да бидам претседателка на СДСМ, ама не сега
    • ФОТО: Полицајците им упаднаа во локалот – им го најдоа белото
    • Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет
    • Брутална прецизност на македонските специјалци: Тигрите во топ 10 снајперисти на меѓународен напревар
    • Филипче: Одлуките ги носам како во операциона сала – прецизно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Погледнете како битолчани го одбележаа денешниот празник

    ФОТО: Погледнете како битолчани го одбележаа денешниот празник

    23.10.2026 во 12:281 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пo повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, делегации положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на Даме Груев во Битола. Тој беше учител, револуционер и еден од поттикнувачите за основање и еден од основачите на Македонската револуционерната организација во Солун во 1893 година. Бил заслужен за распространувањето на Организацијата, како и за формирањето на првите револуционерни комитети, односно јадра, при што била поставена основата на Битолскиот револуционерен округ.

    Пред неговиот споменик во дворот на Музејот во Битола цвеќе положија градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претставници на Советот на општина Битола, претставници на Сојузот на борци, на политичките партии и здруженија на граѓани.

    „На денешниот ден се потсетуваме на почетокот на македонското револуционерно движење и организираната борба на македонскиот народ за формирање на независна држава, пред 133 години, но и должност во денешнината за континуиран напредок на нашата татковина Македонија.

    Историската борба на македонските револуционери, продолжува да биде наш светол пример и обврска за гордо и истрајно чекорење напред, кон храбро надминување на предизвиците и создавање подобра иднина за генерациите кои доаѓаат. Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба“, истакна градоначалникот Тони Коњановски.

    Прочитај повеќе

    ВО ЖИВО: Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври

    23.10.2026 во 12:25

    Петровска: Сакам да бидам претседателка на СДСМ, ама не сега

    23.10.2026 во 12:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.