Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милевски: Минималната плата ќе се усогласи преку дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите

    Милевски: Минималната плата ќе се усогласи преку дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите

    19.02.2026 во 10:33Updated:19.02.2026 во 10:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Пеце Милевски, во вчерашното гостување во емисијата „Анализа“ на Телевизија 24, се осврна на барањата на Сојузот на синдикатите за зголемување на платите. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се разликува од другите политички партии поради конзистентноста во своите ставови, особено кога станува збор за заштита на правата на работниците.

    „ВМРО-ДПМНЕ се разликува од останатите парти затоа што е константна во своите ставови. И како опозиција се даваше поддршка на работниците и на синдикатите и тој дијалог го продолживме и како власт“, посочи Милевски.

    Пратеникот Милевски нагласи дека во рамки на Еконмско-социјалниот совет каде членуваат синдикатите, работодавачите и Владата како фасилитатор, согласно закон потребно е преку дијалог да се договарат за минималната плата, потенцирајќи дека Владата ќе ја поддржи одлуката.

    „Работниците се во фокусот и решението коешто се бара за минималната плата треба да дојде преку дијалог, односно на средби кои ќе се организираат во Економско-социјалниот совет помеѓу работодавачите и синдикатите. Работниците се многу важни и тие никогаш нема да дозволат да бидат средство за политички пресметки затоа што се мудри луѓе коишто чесно си го заработуваат својот леб. Во разговори каде што нивните претставници ќе се договорат со работодавачите ќе се договарат, Владата ќе го прифати предлогот за таа вредносна плата“, дециден е Милевски.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.