- Димитровски за МИА од Делфи: ЕУ да направи конкретни чекори и да постави конкретни рокови за проширувањето со Западен Балкан
- Падна Косовец на Блаце – во системот Интерпол го евидентирал по мерка „апси“
- Димитров од Делфи до Бугарија: Колку и да мислите дека ви е добра стратегијата – не е лошо да си ги погледнете резултатите
- Хоџа во Виена: Австриските искуства како модел за македонските реформи во животната средина
- Напад во Ормуз: Грчки брод цел на Иранската револуционерна гарда, министерот Герапетритис со итно предупредување
- Средба на министерот Муцунски со министерката за Европа, интеграција и семејство на Австрија, Клаудија Бауер
- МВР со важно соопштение до граѓаните: Не ги носете потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ во полициска станица
- ФОТО+ВИДЕО: Тошковски на полициска вежба во Идризово: Се гради професионален кадар подготвен за секој предизвик
Author: Author 01
Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека поднесува оставка од функцијата, потег што јавноста во соседната земја го толкува не како повлекување, туку како маневар за влез во извршната власт преку претстојните предвремени парламентарни избори. Во своето последно обраќање како шеф на државата, Радев побара прошка од граѓаните. „Денеска ви се обраќам последен пат како претседател на нашата Бугарија. Најнапред, ве молам за прошка. Ги признавам своите грешки и знам што не успеав да реализирам“, изјави Радев. Сепак, тој најави и нова политичка етапа. „Верата дека заедно можеме да успееме е една од главните причини за мојата одлука да поднесам оставка.…
СДСМ со сериозни обвинувања кон Владата тврдејќи дека најновите одлуки за либерализација на пазарот на труд се всушност параван за реализација на таен договор за прифаќање мигранти. Според СДСМ, одлуката за увоз на работна сила е апсурд во услови на висока домашна невработеност. „Пред неколку дена, со одлука на Владата на Мицкоски, отворена е вратата за влез на 10.000 т.н. економски работници иако во Македонија има речиси 100.000 невработени. Пред ова Владата на Мицкоски го смени и Законот за странците за да го олесни доаѓањето“, се наведува во партиското соопштение. Од опозицијата директно ја поврзуваат оваа мерка со претходните извештаи…
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“ со закани, уцени и притисоци
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ го обвини го поранешното раководство на СДСМ, предводено од Зоран Заев и Венко Филипче, за организиран рекет и злоупотреба на институциите додека биле на власт. Од партијата наведуваат дека исказите на д-р Жан Митрев за наводно преземање на неговата Клиника се „уште еден доказ за мафијашкото владеење на СДС на чело со кланот Заеви и нивниот спотер, кој ја чува фотелјата на „Бихаќска“, Венко Филипче“. Во партиското соопштение се тврди дека во најтешките моменти за граѓаните, врвот на тогашната власт профитирал. „Во екот на ковид-пандемијата, кога граѓаните се бореа за живот, Заев како премиер и Филипче како…
Утринските температури во земјава се значително ниски. Скопјани на Зајчев Рид се разбудија на -7, а во Петровец на -9 степени. Најстудено е во Малешевијата, каде Берово бележи -11 степени Целзиусови. Студено со -8 степени е и во Велес, Струмица и Демир Капија. Времето претпладне ќе се задржи стабилно и сончево, но попладнето носи промена. Облачноста ќе се згуснува, а во западните краишта вечерва и во текот на ноќта ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Македонија утрово се разбуди во длабоки минуси. Најниска температура е измерена во Берово, каде живата во термометарот се спушти до -11 степени. Исклучително студено е и во Крива Паланка, Маврови Анови и на Попова Шапка со -10 степени, додека кај Скопје-Петровец се измерени -9 степени. Највисока снежна покривка утрово има на Попова Шапка – 24 сантиметри, по што следат Маврови Анови со 7 и Крушево со 3 сантиметри снег. Иако претпладнево е претежно сончево со мала облачност, синоптичарите најавуваат промена во текот на денот. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и во ноќните часови, особено во…
Премиерот Христијан Мицкоски, предводејќи висока владина делегација, од денеска учествува на 56. годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија. На самитот, кој годинава се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, присуствуваат 65 шефови на држави и влади и над 850 директори на водечки светски компании. Во својата објава на Фејсбук, Мицкоски најави интензивна агенда. „Учесник ќе бидам на три панели на кои ќе ги презентирам можностите за инвестирање во Македонија, истовремено ќе оствариме и многубројни билатерални средби со многу компании од светот. Очекувам плодни резултати, успешни состаноци и успешна посета во Давос“, истакна премиерот. Фокусот на македонската…
Владата на денешната 141-ва седница ја усвои листата на кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Според предлогот на Комисијата за избор, кој беше презентиран од Министерството за надворешни работи, номинирани се тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски. Со ова, постапката влегува во следната фаза. Министерството за надворешни работи сега има обврска да побара мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа. Овој панел треба да оцени дали предложените кандидати ги исполнуваат строгите пропишани критериуми за оваа престижна функција. Откако ќе пристигне мислењето од Стразбур, Комисијата повторно ќе ја достави листата…
Основниот кривичен суд Скопје информира дека главната расправа за предметот поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која беше закажана за утре се одлага. Причината за одложувањето е барањето на одбраната, откако адвокатката на еден од обвинетите, Сузана Јошевска Анастасовска, вчера беше избрана за член на Судскиот совет на РСМ. „Заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува“, се вели во соопштението од Судот. Судењето ќе продолжи на веќе утврдениот следен термин, на 26 јануари 2026 година во 09:30 часот, во судницата во КПУ Идризово.
Четириесет и седумгодишен бугарски државјанин е лишен од слобода и протеран од Македонија откако вчера се обидел да влезе во земјава носејќи недозволени предмети. Инцидентот се случил на 12.01.2026 година во 13:30 часот на Граничниот премин Деве Баир. Полициски службеници, во содејство со царината, извршиле преглед на возило „хонда џез“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Н.И.Л. (47). При контролата, во автомобилот биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина. Лицето веднаш било изведено пред Основниот суд во Крива Паланка, кој му изрекол парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.…
На вчерашните повторени локални избори во четири општини, граѓаните ги избраа своите нови локални лидери. Според првичните резултати, во Гостивар убедлива победа извојува кандидатот на Националната Алијанса за Интеграција (НАИ), Ваљбон Лимани. Тој освои над 64 проценти од гласовите, победувајќи го противкандидатот од коалицијата ВРЕДИ, Невзат Бејта. Промена на локалната власт има во Маврово-Ростуше, каде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Онер Јакуповски, освои повеќе од двојно повеќе гласови од кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Анес Ахмети. Во Врапчиште, довербата ја доби Исен Шабани од НАИ, за кого гласале над 61 процент од граѓаните, победувајќи го независниот кандидат Зуљхајрат Демири. Во Центар…
