- Грозоморен случај во Германија: Педијатар обвинет за силување и злоупотреба на деца во болница
- Хаос во Турција: Поплави во Самсун, 12 лица хоспитализирани
- Руте ја предупреди Алијансата: Русија е главната закана за НАТО
- Лидерите на 14 земји на НАТО повикаа на посилна одбрана од руски напади
- Трамп пристигна во Пекинг
- АХВ: Заловеното животно е волк
- Маж тешко повреден при пад од висина во Кочани
- Драма на крузер закотвен во Франција – избувна нова епидемија
Author: Author 01
Прашањето за висината на минималната плата треба да се реши преку директен дијалог помеѓу работниците и работодавачите, а Владата во тој процес може да има само улога на посредник. Ова е ставот што денеска од Тетово го изнесе премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги барањата на синдикатите. „Нашиот став е јасен, работниците и работодавачите се тие кои што во бипартитен дијалог треба да најдат решение за минималната плата. Владата, во рамките на Економско-социјалниот совет, е само фасилитатор“, изјави Мицкоски. Во однос на вработените во јавниот сектор, каде Владата се јавува како работодавач, премиерот потсети дека за најголемиот дел прашањата се веќе…
Најновите податоци за растот на индустриското производство во декември се јасна потврда дека резултатите од напорната работа на Владата доаѓаат до израз, оцени премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Тетово. Коментирајќи ги вчерашните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), според кои индустриското производство во декември е зголемено за 2,3 проценти во споредба со истиот месец претходната година, премиерот изрази оптимизам за идниот период. „Повторно имаме раст на индустриското производство, мислам за 2,3 проценти, но она што е поважно е дека цела 2025 година, после многу долго време индустриското производство расте, а истото важи и за преработувачката индустрија“, истакна…
Во текот на изминатата ноќ, полицијата спроведе засилени контроли во неколку градови, при што од сообраќај се исклучени и лишени од слобода четири лица поради управување возило под дејство на алкохол. Против сите ќе бидат поднесени кривични пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“. Најтешкиот инцидент се случил во Охрид. Утрово во 02:55 часот, уапсен е Л.С. (52) откако на пресекот на кеј „Македонија“ со улица „Јане Сандански“, управувајќи „Нисан“, удрил во „Голф“. Полицијата кај него измерила неверојатни 2,48 промили алкохол во крвта. Активно било и во Велес, каде се уапсени двајца возачи за помалку од еден час. Прво, во 23:50 часот,…
Полициски службеници од ПО Галате синоќа спречиле ескалација на семејна расправија која можела да заврши трагично во гостиварското село Неготино. Случајот бил пријавен во 20:15 часот од страна на 36-годишниот А.М., кој побарал помош од полицијата бидејќи неговиот татко М.М. (60) бил агресивен кон домашните. Според пријавата, таткото, кој бил во видно алкохолизирана состојба, ги малтретирал членовите на семејството, а упатил и директни закани по животот на својот син. Полицијата веднаш интервенирала и го лишила од слобода насилникот. При извршеното алкотестирање, кај М.М. биле измерени 1,30 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка…
Зголемена агресија и носење ладно оружје кај младите покажа вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во угостителски објекти и спортски центри. Во периодот од 14:00 до 16:00 часот, полицијата „чешлала“ локали низ градот. При контрола во објект на улицата „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, во објект во склоп на Спортскиот центар, ножеви биле пронајдени кај уште двајца малолетници. Сите деца се приведени во полициска станица во присуство на нивните родители, по што ќе следат соодветни поднесоци. Инцидент во основно училиште Полицијата регистрираше и нарушување на јавниот ред во едно тетовско основно…
Гостиварската полиција вчера имаше полни раце работа со неколку сериозни инциденти, од кои најтрагичниот е регистриран во селото Дебреше. Вчера попладне, околу 18:15 часот, жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75). На местото на трагедијата увид извршиле Јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција. По наредба на обвинителот, телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
Премиерот Христијан Мицкоски најостро ја осуди судската пресуда со која новинарката Љиридона Вејсели е осудена на парична казна од 700 евра бидејќи во свој текст го спомнала името на судија. Според Мицкоски, ова претставува недозволиво ограничување на слободата на говор. „Не можам да побарам од судијата одговорност, не сум тој што именува судии. Но, било кој напад врз новинар, вклучително и овој, најостро го осудувам. Новинарите треба да ја информираат јавноста“, изјави Мицкоски. Случајот предизвика бурни реакции откако судијката Магдалена Мишоска од Основниот суд Гостивар ја осуди Вејсели за „злоупотреба на лични податоци“. Вината на новинарката е што на социјалните…
Опозициската СДСМ денеска информираше дека и официјално го поднела Законот за зголемување на минималната плата на 600 евра во Собранието. Од партијата велат дека ова е нужден одговор на драматично намалениот животен стандард и инфлацијата која ја „изеде“ куповната моќ на граѓаните во изминатата година и половина. Клучниот аргумент на СДСМ е дека пари во буџетот има, но тие се трошат погрешно. „Не може да има пари за криминални тендери, но да ’нема пари‘ за работниците“, се вели во партиското соопштение. Од СДСМ директно ја прозиваат владејачката коалиција ВМРО-ЗНАМ за, како што велат, тендер-шеми. Тие посочуваат конкретни примери: 161 тендер…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение жестоко го нападна раководството на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), обвинувајќи ги Слободан Трендафилов, Трпе Деаноски и Иван Пешевски дека работат по партиски директиви на СДС и Левица, наместо во интерес на работниците. Според партијата, синдикалните лидери го одбиле владиниот предлог кој предвидува зголемување на платите за над 10.000 денари, односно раст од 40% до 2028 година. „ССМ бара 600 евра минимална плата, добива и истата ја одбива. Бара 100 евра повисока плата, добива и истата ја одбива. Само затоа што се политички марионети на СДС и Левица“, се вели во реакцијата. Од ВМРО-ДПМНЕ појаснуваат…
Периодот на опомени заврши. Од утре (1 февруари) системот „Сејф сити“ („Safe City“) и официјално започнува со изрекување на парични казни за сообраќајни прекршоци во Скопје, Тетово и Куманово. Откако од 1 јануари системот функционираше пробно и се испраќаа само опомени, од утре камерите ќе регистрираат и ќе санкционираат низа прекршоци: возење побрзо од дозволеното, поминување на црвено светло, непрописно паркирање, како и управување со нерегистрирано возило или истечена возачка дозвола. Колку ќе чинат казните? За сите прекршоци важи правилото: доколку казната се плати во рок од осум дена, сумата се намалува на половина. Инаку, законските одредби за „Безбеден град“…
