Author: Author 01

Ден пред главното гласање за градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, изборниот процес започна денеска со изјаснување на болните и немоќни лица, како и лицата во казнено-поправните установи. Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК), вкупно 249 болни или немоќни лица го остваруваат своето право на глас во домашни услови. Најголем број од нив се во Гостивар – 146 лица. Во општина Маврово и Ростуше пријавени се 69, во Врапчиште 32, додека во Центар Жупа ќе гласаат само две болни лица. Паралелно, во седум затвори низ државата се спроведува гласање за 94 лица кои се жители на овие…

Повеќе

Опозициската СДСМ денеска излезе со тврдење дека сите нивни предупредувања од изминатиот месец се обистинуваат. Според партијата, одбивањето на дијалог од страна на власта не е случајно, туку дел од поширок и опасен план кој вклучува населување на мигранти и целосна партизација на државата пред евентуални избори. „Планот на Мицкоски и тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не беше за дијалог ниту за реформи. Станува збор за смислено сценарио за распишување на веќе договорени предвремени избори, а потоа мигранти за пари. Сценарио во кое сите институции се заробени во канџите на власта, а Македонија намерно се држи во изолација, за да течат криминални…

Повеќе

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против четири лица поврзани со вчерашната трагична сообраќајна несреќа на улицата „Народен фронт“, во која животот го загуби 79-годишната Љ.Ј. од Скопје. Осомничениот возач, 18-годишниот С.С., заедно со неговиот татко Б.С. (45), ја напуштиле државата веднаш по несреќата. Истрагата утврдила дека вчера околу 11:30 часот, С.С. управувајќи „фолксваген пасат“, удрил во жената и побегнал без да ѝ укаже помош. Полицијата го лоцирала возилото преку системот „Безбеден град“ и камери од околни објекти, по што истото било пронајдено пред домот на сопственикот (таткото на возачот). Во бегството на таткото и синот им помогнале…

Повеќе

Две лица од Република Албанија, 26-годишниот К.Л. и 16-годишна малолетничка, се лишени од слобода вчеравечер во Тетово по инцидент поврзан со паркирање. Според СВР Тетово, инцидентот се случил околу 16:00 часот. П.И. (34) од Тетово пријавил дека по вербална расправија за паркирано возило „фолксваген“ со албански таблички, бил физички нападнат. Во нападот, К.Л. се обидел да употреби остар предмет, додека малолетничката го удрила тетовецот со тврд предмет. Полицијата ги пронашла и привела сторителите во 20:00 часот, а по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Повеќе

Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера спроведоа успешна акција во која се лишени од слобода четири лица осомничени за тешка кражба. Во периодот од 16:00 до 19:35 часот, уапсени се Е.О. (32), И.С. (28), К.Ј. (26) и Ѓ.К. (26), сите жители на Кавадарци. Тие се сомничат дека извршиле кражба во магацински простор, сопственост на правно лице од градот, од каде што одзеле поголема количина ламинат. Полицијата успеала да пронајде дел од украдените предмети и тие веќе се вратени на сопственикот. Осомничените се задржани во полициска станица, а по консултација со јавен обвинител и целосно документирање на случајот, против нив ќе…

Повеќе

Полициски службеници од СВР Тетово вчера попладне реализираа успешно приведување на лице барано со судска потерница. На 09.01.2026 година, во 15:15 часот, на улицата „Штипска“ во Тетово е лишен од слобода 44-годишниот К.К. од Тетово. Тој се барал по судска наредба за издржување на затворска казна во траење од три години. Осудениот бил прогласен за виновен за сторено кривично дело „недозволена трговија и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Веднаш по апсењето, К.К. е спроведен во Казнено-поправната установа Идризово за издржување на казната.

Повеќе

Обилните врнежи предизвикаа проблеми во повеќе општини низ Македонија, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. Пелагониски регион: Во Крушево, водата за пиење е заматена, па се препорачува таа задолжително да се преврива најмалку 10 минути пред употреба. Нивото на Црна Река кај селото Бучин е покачено, но водата се повлекла од местата на излевање, а екипите работат на зајакнување на насипите. Во Битола, во населбата Стрчин се отстрануваат наноси од чакал, додека во селата Кравари, Жабени и Породин има поплавени земјоделски површини поради излевање на Жабјанска и Елешка река, иако водостоите се во опаѓање. Во Ресен штетите се посериозни – поплавени се куќи,…

Повеќе

Граѓаните на Крушево треба да бидат внимателни со водата за пиење. Поради поројните дождови таа е заматена и од ЦУК препорачуваат превривање од најмалку 10 минути. Проблеми има и во патната инфраструктура. Во општина Демир Хисар, локалниот пат кон селото Мренога е целосно затворен за сообраќај бидејќи мостот на Боишка река е оштетен. Во тетовско, и покрај чистењето, СВР Тетово од безбедносни причини го држи затворен патот кон Бање. На истокот од земјата, возачите треба да внимаваат на одрони на повеќе патни правци, кои екипите на „Македонијапат“ тековно ги расчистуваат. Сообраќајот на правецот Кочани-Грдовци е нормализиран по интервенцијата на Оризарска…

Повеќе

Креатор и автор на A.I.M. моделот е Бојан Кордалов, Виш експерт за стратешки комуникации, ВИ писменост и дигитална трансформација, кој во моментов работи во Брисел како директор за креирање политики и комуникации во Европскиот Центар за Извонредност (ЕЦЕ Брисел). Претходно, во 2025 година, тој ги има креирано и моделите „H&S“ (Headline and Soundbite) и „A.I.M.“ (Analyse – Integrate – Market) Кога се подготвуваме за интервју за работа, најчеста грешка е погрешниот ставениот фокус на нашето време. Кандидатите трошат часови меморирајќи десетици, па дури и стотици, можни прашања или користат ВИ алатки за да добијат и прераскажат „совршени одговори“. Но, на интервјуата…

Повеќе

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, но сите патни правци се проодни. Од ЈП „Македонијапат“ предупредуваат на зголемена внимателност на патните правци кои минуваат низ усеци и клисури поради можна појава на поситни одрони. Апелираат на внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Во однос на граничните премини кон Грција, состојбата е променлива. Од АМСМ информираат дека граничниот премин Евзони (Богородица) е отворен за секаков вид сообраќај од синоќа во 23:10 часот. На граничниот премин Ники (Меџитлија), пак, на сила е забрана за движење на товарни возила…

Повеќе