- Тензии во воздухот: Руски ловци извршиле „опасни пресретнувања“ на британски авион над Црното Море
- Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
- Кривична за жител на Слупчане и државјанин на Турција, нелегално увезувале јод
- Работна средба на Муцунски со амбасадорот на ЕУ
- Паѓа цената на нафтата
- Каде да одите на одмор според хороскопскиот знак?
- 26 бродови поминале низ Ормутска Теснина
- Жена поверувала дека е во врска со синот на Доналд Трамп, измамникот и барал 75.000 долари
Author: Author 01
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 28-та седница. На дневен ред на седницата е усвојување на посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето на изборна кампања за избор на градоначалници и советници во општините во Република Северна Македонија 2025 година, како и избор на заменик – претседател на Државната комисија. Членовите на Комисијата ќе постапуваат по предмети и по пријави од укажувачи.
Сојузот на синдикати денеска со блолада на пристапите кон Владата ќе бара зголемување на минималната плата, откако минатата недела беа блокирани Собранието и Стопанската комора. ССМ бара зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите други плати за 100 евра. Блокадата, како што појаснуваат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите не се договориле за зголемување на платите на работниците и затоа што минатата година Владата не го прифатила предлогот за субвенционирање на дел од придонесите. Со по 21 човек, колку што налага Законот за јавни собири, ќе бидат блокирани влезовите на Владата која денеска треба…
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на повисоките места во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег. Од 05.40 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража. Од 05.45 часот поради врнежи од снег се воведува…
Дождливо утро во Македонија. УХМР соопштува дека времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе преминуваат во снег, а на повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Во источните делови од државава ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3…
Шведската јавност е згрозена од случајот на тешко подведување во кој сопруг ја принудувал својата жена на сексуални односи со најмалку 120 мажи. Иако првично се говореше за бројка од околу 30 лица, истрагата покажала дека обемот на злоупотребата е многу поголем. Според агенцијата ДПА, прекршоците се случувале во текот на неколку години, при што мажот организирал средби и физички и преку интернет, нудејќи сексуални услуги на различни веб-страници. Жената сама го пријавила случајот во полиција. Во потресно сведоштво за шведското радио, таа изјавила дека во некои случаи била под дејство на дрога и алкохол до толкава мера што имала…
Ана Брнабиќ, меѓународната секретарка на СНС, остро реагираше на соопштението на СДСМ во кое се тврди дека српскиот претседател Александар Вучиќ се однесувал навредливо кон новата заменичка генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска. Брнабиќ ги нарече обвинувањата „срамни“, барајќи од македонската опозиција да не ги извртува зборовите, но и да не го релативизира кршењето на меѓународното право. „Сакам јасно да подвлечам дека Александар Вучиќ не кажа ниту еден лош или несоодветен збор за г-ѓа Радмила Шекеринска. Секој што сака и кого го интересира вистината, може да се увери во тоа слушајќи ја снимката од изјавите во Минхен“, истакна Брнабиќ. Таа…
Израелската продуцентка Дана Еден (52), позната како авторка на наградуваната шпионска серија „Техеран“, вчера беше пронајдена мртва во хотел во центарот на Атина. Според првичните и неофицијални информации од грчката полиција, најверојатно станува збор за самоубиство. Еден престојувала во грчката метропола поради снимањето на четвртата сезона од успешната серија на „Apple TV“, која во 2021 година освои и меѓународна награда Еми. Токму таа била иницијатор Атина да се користи како филмска локација која визуелно го заменува Техеран. Нејзината продуцентска куќа „Donna and Shula Productions“ веднаш реагираше за да ги спречи гласините. „Ги отфрламе како лажни и неосновани гласините дека смртта…
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, упати јавен повик до синдикатите да се вратат на преговарачката маса наместо да протестираат. При денешната посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, тој истакна дека проблемот со минималната плата може да се реши исклучиво преку дијалог. Коментирајќи ги протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Азески беше дециден: „Стопати сум повторил – дијалог, дијалог и дијалог. Протестот не е никакво изразување на мислење, тоа може само да ја искомплицира работата. Што да речам јас сега, да дадам изјава дека имаше 21 претставник на Синдикатот пред Комора? Тогаш веднаш ќе се…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Будимпешта порача дека односите меѓу САД и Унгарија се на историски највисоко ниво, нарекувајќи го овој период „златна фаза“ на соработка. На средбата со премиерот Виктор Орбан беше потпишан нов договор за соработка во областа на нуклеарната енергија, а беше потврдено и враќањето на безвизниот режим за унгарските граѓани кои патуваат во САД. „Унгарија стана важен партнер на САД. Под водство на премиерот Орбан, земјата создаде стабилна деловна средина“, изјави Рубио. Тој истакна дека од јануари минатата година се донесени одлуки за 17 нови американски инвестиции во Унгарија, што е рекордна бројка. Орбан возврати со пофалби за американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи…
По повеќе од една година политички ќорсокак, косовскиот парламент ја изгласа новата влада предводена од премиерот Албин Курти. Со 66 гласови „за“ во 120-члениот дом, лидерот на „Самоопределување“ (Vetëvendosje) обезбеди мнозинство благодарение на поддршката од партиите на етничките малцинства, откако на декемвриските избори освои 57 пратенички места. Новиот кабинет се соочува со итни предизвици, пред сè одобрување на буџетот за 2026 година, кој е клучен за деблокирање на меѓународни заеми и пакети за помош вредни стотици милиони евра. „Во следните четири години ќе ги зајакнеме сојузите и ќе инвестираме една милијарда евра во одбраната“, вети Курти во своето експозе. Сепак,…
