Author: Author 01

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд, кои претпладне ќе преминуваат во врнежи од снег во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 9 степени. Според прогнозата на…

Повеќе

Битолската полиција стави крај на серијата измами во кои жртви беа повозрасни граѓани. Лишен од слобода е 40-годишниот В.П. од ресенското село Стење, кој живеел во Битола, а судија на претходна постапка веќе му одреди мерка притвор од осум дена. Измамникот и неговиот соучесник (по кој сè уште се трага) користеле добро познато сценарио – телефонски повик до жртвите, лажно претставување како лекари и драматична вест дека близок роднина е тешко повреден и итно му требаат пари за операција. На 5-ти февруари, тие измамиле 72-годишна битолчанка, која им предала златна огрлица и ланче вредни околу 40.000 денари. Уште подрзок грабеж…

Повеќе

Основниот суд во Штип денеска донесе пресуда со која Стојанче Зарков е осуден на доживотен затвор за убиството на својата 84-годишна мајка Марија, извршено во август минатата година. Судечкиот совет ги прифати доказите на обвинителството, според кои Зарков во алкохолизирана состојба го извршил грозоморниот чин. Клучен момент за докажување на вината беа вештачењето на ножот и ДНК анализата на отисоците и крвта, кои неприкосновено потврдија дека тој е сторителот. Дополнително, како тежок товар на обвинетиот му падна и снимката од повикот кон итните служби веднаш по настанот, каде тој изговара: „Ја прободев несакајќи мајка ми, или ќе преживее или нема“. Зарков, кој во Штип е познат како поранешен угостител и…

Повеќе

Собраниските активности закажани за утре нема да бидат одложени, и покрај најавениот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и нивната закана за блокада на влезовите во законодавниот дом. Ова го потврди претседателот на Собранието, Африм Гаши, по утринската координација. Синдикалците најавија дека ќе ги блокираат влезовите со цел да ги спречат пратениците да дојдат на своите работни места и да наплатат патни трошоци, но Гаши побарал од координаторите на пратеничките групи да им укажат на пратениците дека мора да најдат начин да стигнат на работа. „Побарав да се најде начин да стигнат на своето работно место, но без…

Повеќе

Во Основниот суд во Штип денеска заврши судскиот процес против Стојанче Зарков, познат штипски угостител, обвинет дека во август минатата година ја убил својата 84-годишна мајка Марија. Во своите завршни зборови и исказ пред судот, Зарков изјави дека не се сеќава дали тој го извршил убиството. Тој го опиша критичниот ден (8 август 2025), велејќи дека ги извршувал вообичаените обврски, ѝ купил лекови и храна на мајка си, а по излегувањето се вратил дома со такси. Тврди дека ја нашол мајка си со крв на вратот откако слушнал викање од другата соба. Сепак, ова тврдење се коси со снимката од…

Повеќе

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа (03.02.2026) спроведоа успешна акција во центарот на градот, при што е лишено од слобода едно лице поради поседување на дрога и оружје. Според информациите од МВР, околу 22:50 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на 23-годишниот Ѓ.С. во Скопје, на подрачјето на општина Центар. При претресот полицијата пронашла вистински арсенал и докази за трговија со дрога. Одземени се: Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Повеќе

Премиерот Мицкоски очекува Европската Комисја набргу да ја заврши сопствената истрага за скандалот со средствата за ИПАРД за кој вчера Јавното обвинителство информираше дека завршила истрагата. Рече дека очекува ЕК да продолжи да ги исплаќа парите за македонските земјоделци. Мицкоски смета дека постојат доволен број докази за лицата инволвирани да бидат осудени. -Овој случај ние како Влада го откривме и ние како Влада постапувавме по овој случај. И луѓето за коишто постои основано сомнение дека сториле кривично дело, Обвинителството, а понатаму и Судот треба во една судска постапка да го докаже истото. Мислам дека има, од тие информации со кои…

Повеќе

Новиот државен јавен обвинител кој допрва треба да биде избран треба да ги извади сите случаи кои се држеа во фиока. Премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање откри што очекува новиот републички државен јавен обвинител. -Прво што треба да направи сите оние документи и случаи коишто се држеа во фиока да ги извади и да ги истражи. Таму кадешто нема дело и докази да ги затвори, таму кадешто има дело и докази да оформи случај и потоа да го испрати да судот, а судот потоа треба да одлучи дали ќе отпочне или нема да отпочне судска постапка. Очекувам да биде…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски утрово побарал итна и остра реакција од Министерството за внатрешни работи против сите лица кои вчера го нарушија јавниот ред и мир за време на протестите. Револтот на демонстрантите, предизвикан од законските измени за одземање возила на лица без возачка дозвола, вчера ескалираше со блокади, палење гуми и вербални напади врз полицијата. „Разговарав утрово со министерот. Тоа што го побарав од него е оној кој го прекршил законот, јавно упатил закани, го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните – жестоко да се одговори. И ќе се одговори за да не се повтори тоа дивеење вчера што се…

Повеќе

По повод актуелната тема во јавноста за научната студија со мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ, Министерството за здравство (МЗ) попладнево излезе со детално појаснување на законските процедури, оградувајќи се од директна надлежност во научно-истражувачката дејност. Според информациите што МЗ ги добило од Медицинскиот факултет, работата со биолошки материјал е предмет на ригорозно регулирање. За да се реализира транспорт на ткива во странство, постапката морала да помине низ неколку филтри: „Дополнително појаснуваме дека кога се работи за извоз на биолошки материјал, потребно е меѓу научните институции во земјава и странство да постои склучен формален договор (меморандум), каде…

Повеќе