- Акција во Куманово: Уапсени двајца бегалци од затвор, спроведени во „Идризово“
- Стојаноски: Испративме писма за деблокада на Комисијата за финансирање, нема да дозволиме СДСМ да го држи Собранието во заложништво
- Лукаревска: Власта го одби законот за двојни државјанства на министрите поради заткулисни игри
- Историска заплена на Табановце: Шверцувале половина милион евра во бункер на минибус
- СДСМ: ВМРО организира македонски граѓани за контра-митинг во Белград во поддршка на Вучиќ
- УХМР издаде предупредување: Утре засилен ветер, од петок следува бран со невреме и поројни дождови
- Кина купува 200 авиони од „Боинг“
- ССМ ја објави мајската кошничка: За преживување потребни се речиси 69.000 денари
Author: Author 01
Гостиварската полиција синоќа во рација во угостителски објект приведе четири лица, меѓу кои и една малолетничка, откако кај нив пронајде кокаин и оружје. Врз основа на судска наредба и претходни оперативни сознанија, во периодот од 19:30 до 22:45 часот, полициски службеници извршиле претрес во угостителски објект во селото Чегране, сопственост на 51-годишниот Ш.Ш. При претресот, кај 23-годишниот М.Х. биле пронајдени шест паковки со кокаин. Полицијата детално го пребарала објектот, при што во помошна просторија пронашла гасен пиштол, а во фиока од комода била откриена прашкаста материја и пари за кои постои сомневање дека потекнуваат од нелегални активности. Полицијата ги лишила…
Заменик-министерот Марјан Ристески најави дека се подготвуваат измени во казнената политика за трговците и добавувачите кои не го почитуваат Законот за нефер трговски практики. Според него, досегашните казни се прениски за да имаат ефект. „Инсистираме да има промени и зголемување на казните. Очекуваме сегашните казни од 20.000 евра повеќекратно да се зголемат, дури и до 200.000 евра. Освен трговците, ќе бидат казнети и добавувачите“, изјави Ристески. Тој информираше дека Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) веќе открила поголеми неправилности и отворила 30 предмети. Досега се изречени казни од околу 200.000 евра вкупно, но Ристески смета дека со зголемување на глобите…
Владата е подготвена да го прифати секое решение за висината на минималната плата за кое ќе се усогласат Сојузот на синдикати и работодавците, истакна денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. „Нашиот став е тие да се договорат, бидејќи најголемиот товар ќе оди на приватниот сектор каде што има 600.000 вработени, додека државата е работодавач на околу 100.000 административци. Треба да седнат на преговарачка маса, а она што ќе го договорат, Владата ќе го прифати“, рече Ристески. Тој потсети дека Владата е за покачување на платата, но врз база на реални економски параметри. Ристески нагласи дека се додека не се постигне нов договор,
„Коалиција Менуваме“ подготви нацрт-закон за воспоставување на онлајн регистар за деца и лица со попреченост и посебни потреби. Предлогот е пуштен во јавноста за консултации, по што ќе биде доставен до Собранието и Владата. Од Коалицијата нагласуваат дека овој регистар не е наменет да биде јавна база на податоци, ниту пак механизам за надзор или етикетирање. Напротив, се работи за безбеден, централизиран електронски систем дизајниран исклучиво за институционална координација. „Регистарот ќе воспостави строги контроли на пристап и робусни заштитни мерки. Целта е да се намали административната дупликација и да се овозможи континуитет на поддршката за најранливите, чии права често зависат…
Економска криза, меѓународна изолација и сценарио „мигранти за пари“ – ова е прогнозата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за иднината на државата под раководство на актуелната власт. Во своето интервју за РСЕ, Филипче ја обвини Владата за опасни врски со режимите во Србија и Унгарија, па дури и со Русија, цитирајќи го извештајот на Европскиот парламент. „Сведоци сме дека секојдневно се случува врската со Орбан преку кредитот од милијарда евра со сомнително потекло, за кој никој не знае каде се парите. Гледаме влез на сомнителен капитал преку АЛТА банка, која беше одбиена во ЕУ, како и релации на вицепремиерот Стоиљковиќ со луѓе блиски на Путин,“ рече Филипче. Тој го…
Поради интензивни врнежи од снег, од 9:40 часот утрово е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево во двата правца, информираат од АМСМ и ЈП „Македонијапат“. Ова е трета забрана утрово поради влошените временски услови: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките места во западните и југозападните делови има остатоци од кашест снег.
Од денеска, 1 февруари, официјално почнува со целосно функционирање системот „Безбеден град“. Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека системот ќе биде активен на територијата на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и долж магистралните патишта на Коридорите 8 и 10. Ова означува крај на толеранцијата и почеток на санкционирање на граѓаните чии прекршоци ќе бидат детектирани од поставените камери. Системот автоматски ќе регистрира четири типа на најчести сообраќајни прекршоци: Од МВР појаснуваат дека камерите се стратешки поставени на критичните точки каде статистички најчесто се случуваат прекршоци. „Системот ќе го регулира сообраќајот, а ќе ги санкционира сите оние што не…
Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ќе го означат почетокот на градежните работи за првата фаза од булеварот „Македонија“. Станува збор за клучен инфраструктурен зафат во центарот на градот, кој ги опфаќа пристапите за влез и излез од подземната сообраќајница лоцирана под станбено-трговскиот комплекс „Лимак“. Овој проект се очекува значително да го растовари сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Од Владата информираат дека по означувањето на почетокот на работите, предвидени се изјави за медиумите од страна на премиерот и градоначалникот.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, гостувајќи во дневникот на МТВ, детално го појасни системот на санкционирање преку проектот „Безбеден град“. Тој нагласи дека целта не е само казнување, туку и мотивирање на возачите да ја прифатат одговорноста, за што се предвидени конкретни бенефити. Она што е ново за возачите е можноста за намалување на времетраењето на забраната за управување возило. „Ако, согласно закон, за одреден прекршок е предвидена забрана за управување од минимум три месеци, во случај на доброволно прифаќање и плаќање во рок од 16 дена, таа забрана може да биде намалена, на пример на 45 дена“, појасни…
Полицијата во Штип истражува два случаја на дрска измама извршени врз повозрасни граѓани во текот на вчерашниот ден (30.01.2026), при што жртвите останале без значителна сума на пари и злато. И во двата случаи, сторителите користеле идентично сценарио – лажно се претставувале како лекари и барале пари за итна операција на близок член на семејството. Првиот случај е пријавен претпладнето во 11:30 часот. Жртва бил 96-годишен маж, кому му се јавило лице кое се претставило како лекар. Измамникот му рекол дека неговата ќерка има скршеници и мора итно да се оперира. Вознемирениот старец, следејќи ги инструкциите, од својот балкон фрлил 3.500…
