Author: Author 01

Предлогот на СДС и Венко Филипче за минимална плата од 600 евра е крајно несериозен, популистички и без никакви претходни факти и аргументи, изјави Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање за иницијативата на опозицијата. Според Манасиевски, настапот на Филипче бил доказ за неспремност, бидејќи законот не бил технички подготвен, ниту пак имало пресметки за буџетските импликации. Тој обвини дека зад барањата на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) всушност стојат СДС и Левица. „Имаа 7 години време минималната плата да ја искачат до 600 евра. Тоа не го направија, но затоа ги наполнија своите џебови“, истакна Манасиевски. Тој упати…

Повеќе

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, но по влажни коловози, информираат од ЈП „Македонијапат“. Возачите кои патуваат кон зимскиот центар Попова Шапка треба да бидат особено внимателни бидејќи на патниот правец село Лисец – Попова Шапка има појава на магла, која ја намалува видливоста до 30 метри. Промени во режимот на сообраќај има на истокот од државата. На регионалниот пат Р-1302 Берово – Струмица, во близина на селото Ратево, регистриран е поголем одрон. Поради ова, сообраќајот на овој потег се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Иако сите патни правци во државата се проодни, надлежните…

Повеќе

Македонските превозници денеска ги реализираа најавите и ги блокираа граничните премини кон Бугарија, Грција и Косово. Колони камиони го запреа протокот на стоки во знак на револт против новите правила на Европската Унија, кои од професионалните возачи бараат да ги почитуваат истите ограничувања за престој во Шенген-зоната како и обичните туристи – не повеќе од 90 дена во период од 180 дена. Во оваа битка, транспортерите добија силна и недвосмислена поддршка од македонската Влада. Министерот за транспорт Александар Николоски отворено застана зад нивните барања, оценувајќи ги како легитимни и нужни за опстанокот на транспортниот сектор. Крај на „прогледувањето низ прсти“…

Повеќе

Дваесет и четиригодишно момче почина синоќа во својот дом во кавадаречкото село Возарци. Случајот во полицијата бил пријавен во 22:30 часот, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. На местото на настанот веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош од Кавадарци. Дежурниот лекар констатирал смрт кај лицето со иницијали С.П., при што при првичниот преглед не биле забележани видливи траги на насилство. Сепак, за да се отстранат сите сомнежи и да се утврди точната причина за прераната смрт, јавниот обвинител издал наредба телото на починатиот да биде предадено на обдукција.

Повеќе

До Собранието до овој момент поднесени се четири кандидатури за нов државен јавен обвинител, информираше собраниската прес-служба. Рокот за поднесување кандидатура истекува вечерва на полноќ. До петокот доставени беа три кандидатури. Медиумите објавија дека станува збор за судијата Ненад Савески од скопски Кривичен, поранешниот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски и обвинителката од скопското обвинителство Лидија Раичевиќ. Кој е четвртиот кандидат засега е непознато, меѓутоа во јавноста се споменуваа имињата на обвинителите Златко Биковски и Јован Цветановски. Според огласот, право да се пријават имаат обвинители и судии кривичари со најмалку 10 годишно работно искуство.. Секој од канадидатите ќе биде оценет од…

Повеќе

Парите биле на родителите, спечалени макотрпно од земјоделие, пред сè од лозје. Со ваква одбрана, адвокатите на апелацискиот судија Ѓоко Ристов се обиделе да го оправдаат пронаоѓањето на 350.000 евра, заѕидани зад кујнските плочки во родителската куќа во Неготино. Сепак, приказната за лозјето не беше доволно уверлива ниту за Обвинителството, ниту за Судот, поради што на судијата му е одредена мерка куќен притвор. Иако во оваа фаза обвинителството не може директно да ги поврзе запленетите банкноти со конкретен предмет што го судел Ристов, обвинителката Искра Хаџивасилева на брифинг со новинарите откри детали за тоа како течела деветмесечната истрага. Парите паѓале…

Повеќе

Апелацискиот судија Ѓоко Ристов (53) остана без имунитет и е времено оддалечен од судиската функција, а Судскиот совет даде „зелено светло“ тој да биде спроведен во куќен притвор. Ова е епилогот од денешната итна седница на Судскиот совет, свикана откако полицијата и обвинителството открија голем скандал со криење на сомнителни пари. Одлука на Судскиот совет: 10 гласа „за“ суспензија и притвор На 535-тата итна седница, Судскиот совет со 10 гласа „за“ го прифати барањето на Основниот кривичен суд Скопје. Со оваа одлука: Оваа одлука му овозможува на судијата на претходна постапка во Кривичниот суд официјално да го реализира предлогот на…

Повеќе

Вистинско филмско сценарио се одвивало во Неготино за време на истрагата против судијата на Апелациониот суд Скопје, Ѓоко Ристов (53). Министерството за внатрешни работи попладнево откри детали за спектакуларната акција во која се пронајдени стотици илјади евра заѕидани во ѕид, додека правосудните органи ја започнаа процедурата за одземање на неговиот имунитет и определување куќен притвор. Заѕидани 350.000 евра во кујната на родителите Клучниот момент во истрагата се случил на 18 јануари 2026 година. Врз основа на наредба од судија на претходна постапка, полицијата извршила претрес во домот на родителите на судијата Ристов во Неготино. „На првиот кат, поточно во кујнската…

Повеќе

Електронските цигари и загреаните тутунски производи со вкус на јагода, ванила, ментол или други билки наскоро ќе бидат минато. Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува забрана за нивно производство, увоз и продажба, бидејќи се сметаат за „мамка“ за младите. Надлежните алармираат дека овие производи создаваат штетни аеросоли и лесно предизвикуваат зависност. Министерот Азир Алиу откри дека речиси секој десетти ученик на возраст од 13 до 15 години веќе користи електронска цигара, а над 10% изјавиле дека пробале загреани тутунски производи. Со новиот закон, државата ги изедначува сите алтернативни никотински уреди со класичните цигари и воведува строги ограничувања за нивна…

Повеќе

Министерството за внатрешни работи (МВР) упати итно предупредување до граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на фишинг напади преку лажни СМС и електронски пораки. Измамниците испраќаат известувања наводно од Одделот за моторни возила или системот „Безбеден град“, во кои е наведен лажен линк преку кој граѓаните се пренасочуваат да платат за наводен сообраќаен прекршок. МВР појаснува како да се направи разлика помеѓу лажните и вистинските известувања. „СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач ’MVR-SC‘. Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок и линк од следниот формат: https://safecountry.mvr.gov.mk…“, нагласуваат од министерството. Надлежните…

Повеќе