Close Menu
Press24
    Најново

    Викендов почнува летното сметање на времето

    27.03.2026 во 10:31

    Хаос на Балканот: Снежно невреме и силни ветрови ги парализираа Хрватска, БиХ и Црна Гора

    27.03.2026 во 10:24

    Филипче: Шест години НАТО – Со државничките политики на СДСМ ја обезбедивме безбедноста на Македонија

    27.03.2026 во 10:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Викендов почнува летното сметање на времето
    • Хаос на Балканот: Снежно невреме и силни ветрови ги парализираа Хрватска, БиХ и Црна Гора
    • Филипче: Шест години НАТО – Со државничките политики на СДСМ ја обезбедивме безбедноста на Македонија
    • Стоилковски: Изборот на Ненад Савески е најдемократскиот чекор досега
    • Семејната традиција продолжува по 35 години: Александар Пендароски и Мартина Михајлова се избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026
    • Клучни избори во обвинителството: Советот денеска бира шеф на Вишото обвинителство и нови обвинители за организиран криминал
    • ВМРО-ДПМНЕ: Од некогаш сериозна политичка партија, СДС денес е симбол на погрешно раководење
    • СДСМ со список на цени: Доматите над 200, месото до 840 денари – власта не презема ништо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Камионџиите ги блокираа границите кон соседите – Владата застана зад транспортерите во битката против „туристичкиот третман“ од ЕУ

    Камионџиите ги блокираа границите кон соседите – Владата застана зад транспортерите во битката против „туристичкиот третман“ од ЕУ

    26.01.2026 во 15:104 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Македонските превозници денеска ги реализираа најавите и ги блокираа граничните премини кон Бугарија, Грција и Косово. Колони камиони го запреа протокот на стоки во знак на револт против новите правила на Европската Унија, кои од професионалните возачи бараат да ги почитуваат истите ограничувања за престој во Шенген-зоната како и обичните туристи – не повеќе од 90 дена во период од 180 дена.

    Во оваа битка, транспортерите добија силна и недвосмислена поддршка од македонската Влада. Министерот за транспорт Александар Николоски отворено застана зад нивните барања, оценувајќи ги како легитимни и нужни за опстанокот на транспортниот сектор.

    Крај на „прогледувањето низ прсти“

    Тони Маџевски, претставник на „Макам-транс“, објаснува дека проблемот ескалира со воведувањето на новиот Систем за влез/излез (EES) на ЕУ. Според него, досегашната пракса дозволувала флексибилност која сега исчезнува.

    „Со воведувањето на новиот електронски систем за контрола на границите порано требаше да ги бројат печатите, деновите и ни прогледуваа низ прсти. Додека сега, со самото појавување на граница самиот систем ќе исфрли колку дена си, и ќе бидеме оневозможени за влез во ЕУ“, предупредува Маџевски.

    За камионџиите, кои поголемиот дел од годината го поминуваат на европските патишта вршејќи ја својата работа, ова ограничување значи практично губење на работата по истекот на три месеци.

    Муратовска: Ова е предупредување што ќе се случи ако застанеме

    Првиот човек на асоцијацијата „Макам-транс“, Билјана Муратовска, истакнува дека целта на блокадите не е да се уништи домашното стопанство, туку да се демонстрира силата и важноста на овој сектор пред европските бирократи. Кон протестот се приклучуваат и турските превозници, што дополнително ја зголемува тежината на блокадата.

    „Поентата е, не да го заглавиме сопственото стопанство, туку да покажеме што ќе се случи во период од седум дена. А, седум дена се просечни денови за завршување на еден циклус на превоз. Така што, кога ќе се запрат, и приклучувајќи ги и Турците тука, тоа е милион тони стоки која што оди или доаѓа наваму и дека ќе почувствуваат сите“, вели Муратовска.

    Таа додава дека ова е само почеток и предупредување, бидејќи долгорочни блокади би биле штетни за сите.

    „Ако продолжиме, ниту ние можеме да стоиме со месеци, блокади. Ниту пак, да нанесеме штета на нашите производители, трговци, на населението на друг начин. Тогаш ќе се бараат некои други алтернативни работи“, децидна е Муратовска.

    Владата нуди три решенија: Возачите не се туристи

    Министерот Александар Николоски, давајќи целосна поддршка на протестите, излезе со конкретен план и три можни решенија кои би требало да се преговараат со Брисел за да се избегне колапс на транспортот.

    „Во принцип има три возможни решенија. Првото решение е да се одложи работата на новиот електронски систем за превозниците. Второто решение е да се зголеми бројот на денови коишто можат да ги поминуваат во Шенген-зоната превозниците, најмалце на 250 денови, соодветно поделени во циклуси, од сегашните 180, односно 90“, предлага Николоски.

    Како трета и можеби најсоодветна опција, тој го посочува примерот на Швајцарија и третирањето на возачите како професионалци, а не како туристи.

    „Третото решение е да не се третираат како туристи професионалните возачи, туку да се третираат онака како што се, како професионалци. И врз основа на тоа или да бидат исклучени од овие правила, или соодветно со работни визи, како што во моментов прави само Швајцарија, да тоа се уреди. И на тој начин да можат слободно да транзитираат низ земјите од Шенген-зоната“, заклучува министерот.

    Брисел свесен за проблемот, се чека Стратегија за визи

    Сигналите од Европската комисија укажуваат дека Брисел е запознаен со проблемот што новите правила го создаваат за одредени професии. Маркус Ламберт, портпарол на ЕК, признава дека „туристичкото правило“ не е соодветно за сите.

    „Свесни сме дека за бројни работници од трети земји, кои не се меѓугранични работници, можеби има потреба да останат во Шенген повеќе од 90 дена во 180 денови. Ова ги вклучува професиите за кои е потребна висока мобилност, како што се камионџиите, спортисти и артистите“, изјави Ламберт.

    Тој најави дека решението може да се бара во билатералните договори, но и во новите документи на Унијата.

    „Ова исто така има врска со националните правила и постоечките билатерални договори. Ова е проблем кој го има целото наше внимание. Исто така, на ова се работи, во контекст на Стратегијата за визи што треба да биде претставена подоцна неделава“, додаде Ламберт.

    Додека се чека системско решение од Брисел, камионџиите остануваат на ставот дека без промена на правилата, транспортот на стоки кон и од Европа ќе биде сериозно загрозен.

    Популарно

    Викендов почнува летното сметање на времето

    27.03.2026 во 10:31

    Хаос на Балканот: Снежно невреме и силни ветрови ги парализираа Хрватска, БиХ и Црна Гора

    27.03.2026 во 10:24

    Филипче: Шест години НАТО – Со државничките политики на СДСМ ја обезбедивме безбедноста на Македонија

    27.03.2026 во 10:12

    Стоилковски: Изборот на Ненад Савески е најдемократскиот чекор досега

    27.03.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.