- Уапсен синот на основачот на „Манго“ под сомнение за вмешаност во смртта на милијардерот
- Собранието изгласа серија закони за МВР, полицијата и образованието
- СДСМ: Шест дена граѓаните на Радовиш дишат отровен чад, општината ништо не презема
- Падна цената на нафтата
- Тешка сообраќајка на патот Богданци – Гевгелија: Со возило излетале од пат, двајца тешко повредени
- Драма во битолско: Приведен маж поради агресивно однесување, сопругата пријавила дека ја нападнал малолетната ќерка
- Алармантно во Радовиш: Депонијата гори петти ден, Кризниот штаб со итни препораки до граѓаните
- Македонија ќе го користи литванскиот модел за заштита од сајбер-напади
Author: Author 01
На Универзитетската клиника за детски болести во моментов се хоспитализирани околу 20 деца со симптоми на акутни вирусни инфекции. Кај најголемиот дел од пациенти е изолиран вирусот Инфлуенца А, додека кај помалите деца на возраст до 23 месеци регистриран е респираторен синцицијален вирус (РСВ), како и помал број случаи на ентеровирус и риновирус. Пациентите се на возраст до 14 години, но најголемиот дел од хоспитализираните се деца до петгодишна возраст. Нивната општа состојба е добра и во моментот нема потешки случаи кои бараат кислородна поддршка. Дел од децата развиле компликации како бронхит, бронхопневмонија или бронхиолит. Лекарите апелираат на изолација на…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изјави дека јавните сведоштва на д-р Жан Митрев го разоткриле „мафијашкиот модел на дејствување“ на претходната власт предводена од Зоран Заев и Венко Филипче. Според Петрушевски, во екот на пандемијата и вонредната состојба, наместо грижа за јавното здравје, тогашниот премиер и министерот за здравство ја злоупотребиле моќта за обид за непријателско преземање на приватната болница. „Според јавно изнесените сведоштва, Заев и Филипче сакале сами да ја одредат вредноста на болницата. За возврат нуделе ’помош‘ во судска постапка на докторот Жан Митрев. Ова е класична уцена и класична злоупотреба на власта“, истакна Петрушевски. Пратеникот додаде…
Учениците денеска се вратија во училишните клупи за почетокот на второто полугодие, откако здравствените власти и МОН проценија дека состојбата со грипот не налага продолжување на зимскиот распуст. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во гостување на МРТ изјави дека е среќна што грипот не достигнал размери кои би ја одложиле наставата. Таа испрати порака дека во македонското образование е „неопходно да се воведе ред“, особено кога станува збор за фондот на часови. „Нашите ученици до 15 години имаат 900 часа помалку од своите врсници во Европската Унија, чии стандарди ние сакаме да ги достигнеме… Сите истражувања покажуваат дека…
Со седум гласа „за“, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје, победувајќи го досегашниот раководител Гаврил Бубевски кој освои пет гласа. Ова е епилогот од денешната седница на Советот на јавните обвинители. Претседателот на Советот, Башким Бесими, по гласањето истакна дека изборот е легитимен и заснован на квалитетите на кандидатот. „Резултатите се јасни, доби седум гласа. На интервјуто покажа добри резултати и дел од членовите оценија дека треба да му се даде шанса. И ќе му ја дадеме таа шанса“, изјави Бесими. Тој појасни и дека неговиот глас „воздржан“ за Бубевски е вообичаена практика, иако…
Анел Фидоски е новиот шеф на Основното јавно обвинителство Скопје. На денешната седница на Советот на јавните обвинители, Фидоски ја доби довербата на мнозинството членови, освојувајќи 7 гласа, со што го победи досегашниот шеф Гаврил Бубевски, кој доби 5 гласа. Во трката за една од најмоќните позиции во правосудството учествуваа петмина кандидати. Покрај Фидоски и Бубевски, кандидати беа и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова. Новиот шеф, Анел Фидоски, е познат во јавноста по застапувањето на предметите како „Тенковски делови“ и случајот „мала Тамара“. Тој сега ќе ја води најголемата јавна обвинителска институција во земјата. Досегашниот шеф, Гаврил Бубевски,…
По вчерашната четиричасовна средба со премиерот Киријакос Мицотакис, грчките земјоделци попладнево ќе одржат клучни состаноци на кои ќе одлучат за понатамошните чекори. Главната дилема е дали да се продолжат блокадите на патиштата и граничните премини ширум земјата или да се повлечат тракторите. Иако патиштата и премините во моментов се отворени во исчекување на одлуката, првичните реакции од претставниците на земјоделците не се оптимистички. Тие изјавија дека „не се многу задоволни“ од дискусијата со премиерот, што ја остава отворена можноста за радикализација на протестите. Бранот незадоволство започна уште на 30 ноември минатата година. Земјоделците бараат решенија за високите трошоци за производство,…
Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека поднесува оставка од функцијата, потег што јавноста во соседната земја го толкува не како повлекување, туку како маневар за влез во извршната власт преку претстојните предвремени парламентарни избори. Во своето последно обраќање како шеф на државата, Радев побара прошка од граѓаните. „Денеска ви се обраќам последен пат како претседател на нашата Бугарија. Најнапред, ве молам за прошка. Ги признавам своите грешки и знам што не успеав да реализирам“, изјави Радев. Сепак, тој најави и нова политичка етапа. „Верата дека заедно можеме да успееме е една од главните причини за мојата одлука да поднесам оставка.…
СДСМ со сериозни обвинувања кон Владата тврдејќи дека најновите одлуки за либерализација на пазарот на труд се всушност параван за реализација на таен договор за прифаќање мигранти. Според СДСМ, одлуката за увоз на работна сила е апсурд во услови на висока домашна невработеност. „Пред неколку дена, со одлука на Владата на Мицкоски, отворена е вратата за влез на 10.000 т.н. економски работници иако во Македонија има речиси 100.000 невработени. Пред ова Владата на Мицкоски го смени и Законот за странците за да го олесни доаѓањето“, се наведува во партиското соопштение. Од опозицијата директно ја поврзуваат оваа мерка со претходните извештаи…
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“ со закани, уцени и притисоци
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ го обвини го поранешното раководство на СДСМ, предводено од Зоран Заев и Венко Филипче, за организиран рекет и злоупотреба на институциите додека биле на власт. Од партијата наведуваат дека исказите на д-р Жан Митрев за наводно преземање на неговата Клиника се „уште еден доказ за мафијашкото владеење на СДС на чело со кланот Заеви и нивниот спотер, кој ја чува фотелјата на „Бихаќска“, Венко Филипче“. Во партиското соопштение се тврди дека во најтешките моменти за граѓаните, врвот на тогашната власт профитирал. „Во екот на ковид-пандемијата, кога граѓаните се бореа за живот, Заев како премиер и Филипче како…
Утринските температури во земјава се значително ниски. Скопјани на Зајчев Рид се разбудија на -7, а во Петровец на -9 степени. Најстудено е во Малешевијата, каде Берово бележи -11 степени Целзиусови. Студено со -8 степени е и во Велес, Струмица и Демир Капија. Времето претпладне ќе се задржи стабилно и сончево, но попладнето носи промена. Облачноста ќе се згуснува, а во западните краишта вечерва и во текот на ноќта ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
