- Внимание возачи: Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради две спортски трки
- Насилство во установа во Центар: Скопјанка пријави физички напад од колега
- Хаос на Ќафасан: Албанците чекаат над два часа за поевтино гориво и храна во Македонија
- Николоски предупредува: Без нови ДУП-ови, квадрат во Скопје ќе надмине 5.000 евра
- Жена загина во пожар во Шуто Оризари
- 30 дена притвор за 68-годишен струмичанец: Фатен со 50 грама кокаин во своето возило
- Само еден лек недостига на Онкологија: ФЗО најавува брзо решавање на проблемот и повеќе пари за терапии
- За 24 часа уапсени 15 возачи за безобѕирно возење низ државата
Author: Author 01
Вистинска драма се одвивала вчера напладне во трговски центар во строгиот центар на Скопје. Двајца 19-годишни момчиња од Романија извршиле дрзок грабеж во златарница, користејќи сила врз вработената. Тие влегле во дуќанот глумејќи заинтересирани купувачи и побарале да разгледаат накит. Во моментот кога продавачката ја извадила футролата со злато, тие со употреба на сила и ја грабнале од рацете и се дале во бегство. Сепак, нивниот план пропаднал благодарение на брзата реакција на Единицата за интервентна полиција. Крадците биле пресретнати и уапсени уште на самиот излез од трговскиот центар. „Кај нив се пронајдени 43 парчиња златен накит. Одземеното е вратено…
За околу 250.000 основци и средношколци денеска и официјално започнува зимскиот распуст. Учениците ќе можат да уживаат во празничниот одмор во наредните три недели, а училишното ѕвонче повторно ќе ги повика во клупите на 20 јануари 2026 година, кога стартува второто полугодие. Вториот дел од учебната година ќе донесе и продолжување на реформите. Надлежните најавуваат интензивирање на процесот за оптимизација на училишната мрежа и воведување на едносменска настава, систем со кој досега се опфатени 200 училишта низ државата. Крајот на оваа учебна година ќе биде особено важен за матурантите. Во јуни тие ќе полагаат државна матура по сосема нов концепт, кој…
Доколку планирате да го користите јавниот превоз за време на новогодишната ноќ и првиот ден од новата 2026 година, обрнете внимание на значителните измени во возниот ред. Од ЈСП Скопје информираат дека денеска (31 декември) автобусите сообраќаат по редовен зимски ред. Меѓутоа, утре, на 1 јануари, ќе важи неделен возен ред, со таа разлика што првите вклучувања на линиите ќе бидат значително подоцна од вообичаеното за недела. Ова важи и за возилата на ЈСП и за приватните превозници. Од петок (2 јануари) па сè до крајот на училишниот распуст, јавниот превоз ќе функционира по редуциран делничен зимски возен ред. Работно време на билетарници…
Денешниот последен ден од годината ќе биде сончев, но исклучително студен. Според УХМР, ќе дува засилен до силен северен ветер кој дополнително ќе го разлади воздухот, а наместа ќе има услови и за провејување на снег. Максималните дневни температури ќе се движат од -3 до 6 степени, но утрата ќе бидат ледени со минимум до -10 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со умерен северен ветер и дневна температура до 3 степени. Студеното време ќе се задржи и утре, на првиот ден од новата година, како и во петок. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се…
Сериозен инцидент на семејно насилство ја вознемири јавноста во скопската општина Карпош. Триесет и деветгодишен маж е пријавен во полиција откако физички ги нападнал двете жени со кои живеел – својата сопруга и својата мајка. Според информациите, насилникот К.С. (39) во семејниот дом прво ја нападнал 36-годишната сопруга, а не ја поштедил ниту својата 60-годишна мајка. Веднаш по пријавата, полицијата реагирала. Во 12:15 часот тој бил повикан во Полициската станица Кисела Вода на службен разговор. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полицаец од Одделението за криминалистички работи Гази Баба е уапсен во центарот на Скопје, откако бил фатен на дело како зема пари од граѓанин кој претходно го пријавил за изнуда. Станува збор за 48-годишниот Х.З., кој заедно со други лица, во повеќе наврати му вршел притисок на жртвата и му барал вртоглави 20.000 евра. Изговорот на полицаецот бил дека синот на пријавителот наводно му ги земал тие пари. Полицијата поставила стапица со криминалистичко-технички обработени (обележани) пари. Вчера (25.12), веднаш по примопредавањето на парите, колегите од Внатрешна контрола и Единицата за насилен криминал го лишиле од слобода. „При извршен претрес кај…
Во услови на динамични политички процеси, жестоки притисоци и обиди за влијанија, Уставниот суд успеа да остане цврст столб на правната држава. Ова го истакна претседателот Дарко Костадиновски во своето годишно обраќање, потенцирајќи дека Судот се водел исклучиво од лојалноста кон Уставот, наспроти сите партиски и економски интереси. „Нервозата кај политичарите и државните органи од постапувањето на Уставниот суд значи само едно – дека Судот е на прав пат“, дециден е Костадиновски. Костадиновски со гордост ги презентираше статистиките кои покажуваат историски рекорд – годинава се оформени 306 предмети, од кои дури 271 се иницијативи од граѓани. Ова, според него, е…
Добра вест за сите што планираат да го решат станбеното прашање. Собранието денеска ја усвојува измената на Законот за данокот на додадена вредност, со која повластената стапка од 5% за прв промет на станови ќе важи сè до декември 2028 година. Ова го соопшти пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димитровска, која појасни дека без оваа измена, од јануари 2026 година данокот требаше да скокне на 18%, што драстично ќе ги покачеше цените. „Ова значи дека за стан од околу 70 метри квадратни, граѓаните можат да заштедат и до 15.000 евра, секако, во зависност од купопродажната цена. Тоа е сериозна и реална…
Трагичен настан ја потресе скопската Противпожарна бригада. Вчераутро (25.12) во 08:00 часот, во просториите на Бригадата бил пронајден починат 57-годишниот З.А. од селото Мралино, Општина Илинден. Безживотното тело на вработениот го пронашле колегите, по што веднаш била повикана Итна медицинска помош. Лекарите за жал можеле само да констатираат смрт. Првичните прегледи покажале дека на телото нема видливи траги на насилство. Случајот е пријавен во СВР Скопје, а за да се утврдат точните причини за смртта, телото е предадено на обдукција.
Следната 2026 година ќе биде исклучително тешка, кризна и година во која граѓаните ќе осиромашат. Ова е мрачната прогноза што денеска на брифинг со новинарите ја испорача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, анализирајќи ги економските потези на Владата. Според лидерот на опозицијата, државата се движи кон финансиски амбис, а главниот проблем е што новите задолжувања не одат во развој, туку во „крпење дупки“. Филипче тврди дека Буџетот е во толку лоша кондиција што власта морала да прибегне кон преседан – негово предвремено затворање. „Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди евра. И тие…
