Author: Author 01

Без возачка дозвола било 18-годишното момче кое вчера кај ТЦ Берверли Хилс ја прегази и исмрти 67-годишната Љуба Јаковлева, потврди Обвинителството. Тинејџерот преминал на спротивна лента и удрил во жената, по што избегал без да застане. „По улицата “Народен Фронт” управувал автомобил “Фолскваген пасат’’ и со возилото извршил дејствие на непрописно поместување во лево, на коловозната лента наменета за сообраќај од спротивната лента, без притоа да се увери дека тоа може да го стори без опасност по другите учесници во сообраќајот, со брзина на движење на возилото неприспособена спрема својства, состојбата на патот, видливоста, густината на сообраќајот и другите сообраќајни…

Повеќе

Полициски службеници од станицата за граничен надзор „Охридско Езеро“ вчеравечер реализираа успешна акција за сузбивање на криволовот. На 09.01.2026 година, во 19:30 часот, лишени се од слобода Д.К. и Н.С., двајцата жители на селото Пештани. Акцијата е спроведена во координација со рибочуварската служба, при засилени контроли за време на мрест и забрана за лов на пастрмка, белвица и јагула. На околу 100 метри од брегот кај Пештани, полицијата затекнала чамец во кој се наоѓале двајцата осомничени. При прегледот на пловниот објект, пронајдени се шест рибарски мрежи со вкупна должина од околу 720 метри. Во мрежите имало богат, но нелегален улов…

Повеќе

Најмалку 217 луѓе починале во шест болници во Техеран откако демонстратнтите биле застрелани во центарот на иранската престолнина, објавуваат западните медиуми. Доколку овие бројки се потврдат, тоа сигнализира брутална репресија која се одвива во услови на целосно исклучување на интернетот и телефонските линии низ целата земја. Невладината организација „Човекови права во Иран“ со седиште во Норвешка, пак, известува дека најмалку 45 демонстранти, меѓу кои и осум малолетници, се убиени во обидите за растерување на протестите, посочувајќи ја средата како најкрвав ден со 13 жртви. Американската организација „Хјуман рајтс воч“ наведува бројка од 34 убиени демонстранти, четворица припадници на безбедносните сили…

Повеќе

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска изврши увид во состојбата на патните правци во државата, кои се зафатени од обилни снежни врнежи. При посетата на планинскиот превој Стража, кој е дел од работната единица Гостивар на ЈП „Македонија пат“, тој истакна дека состојбата е добра и сите патишта во државата се проодни. „Гледате сите дека врне еден масивен снег. Би сакал да се заблагодарам на овие прекрасни луѓе од ‘Македонија пат’ коишто даваат сè од себе, сите патишта да се проодни и да се чисти“, изјави Николоски. Претходно, министерот бил во увид и на планинскиот превој Пресека, потврдувајќи…

Повеќе

Алармантна серија на измами го тресе истокот на Македонија. Лажен лекар три дена по ред успешно измамува стари лица, користејќи ја морбидната шема со „тешко повреден роднина“. Билансот е фрапантен – во само 72 часа, од две баби и еден дедо, измамниците изнудиле вкупна сума од над 32.000 евра (околу 2 милиони денари). Најновата жртва е 67-годишна жена од Виница, која вчера останала без својата животна заштеда. Таа во 15:00 часот во ОВР Виница пријавила дека била ограбена на подмолен начин, губејќи 12.400 евра (760.000 денари). Драмата започнала со телефонски повик од машки глас кој се претставил како хирург. Со драматичен тон,…

Повеќе

Неколку тешки инциденти поврзани со сообраќајот се случија вчера и утрово во Скопје. Најшокантен е случајот во с. Бањани, каде 79-годишниот М.В. заврши со тешки телесни повреди откако бил нападнат од возач на автобус бр. 61. Инцидентот се случил откако патникот се симнал од автобусот, по што настанала расправија и физичка пресметка со возачот Г.Г.. Тешки повреди заработи и 46-годишна скопјанка (Н.С.) која паднала при нагло кочење во градски автобус на ул. „Мито Хаџивасилев Јасмин“. Во Визбегово, пак, 20-годишен возач со „опел“ удрил во 54-годишен пешак од Велес. Пешакот е пренесен во Клинички центар со тешки повреди.

Повеќе

Полицискиот билтен за изминатото деноноќие бележи загрижувачки број на случаи на семејно и партнерско насилство во неколку градови низ Македонија. Во Скопје, вчера е уапсен 41-годишниот Ѓ.К. од Велес, откако во семејниот дом со тврд предмет ја нападнал својата 39-годишна партнерка и ѝ го искршил телефонот. При претрес кај него е најдена и марихуана. Во Штип, регистрирани се два инциденти. Првиот е во штипско село каде 47-годишниот И.П. физички го нападнал својот 74-годишен татко. Во вториот случај, 26-годишен штипјанец пријавил дека бил претепан од својата 20-годишна девојка. Најмногу пријави има во Делчево. Синоќа, половина час по полноќ, приведен е В.Н. (53) кој ја…

Повеќе

Вчера попладне, во стан во центарот на Скопје, пронајдено е безживотното тело на 48-годишниот А.М. од Скопје. Случајот во Секторот за внатрешни работи Скопје бил пријавен во 17:07 часот. Полициски службеници веднаш излегле на лице место во станот лоциран на улицата „Рајко Жинзифов“. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а при првичниот преглед не биле забележани видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Повеќе

Обилните врнежи од дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикаа серија проблеми низ државата. Заклучно со 12:30 часот, Центарот за управување со кризи (ЦУК) регистрираше појава на свлечишта, одрони на патиштата и локални излевања на реките, кои поплавија земјоделски површини и објекти. Најкритично е во југозападниот и пелагонискиот дел, додека во скопскиот и североисточниот регион состојбата е стабилна. Југозападен регион: Поплавени магацини со јаболка во Ресен, интервенции во Охрид и Струга Во Ресен, ситуацијата е сериозна бидејќи водата навлегла во земјоделски површини, дворови, куќи, но и во магацини за складирање на јаболка. Нивото на Голема Река пораснало од 1,40 на 1,65…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја бранува меѓународната јавност со своите ставови околу статусот на Гренланд. Во видео кое брзо се прошири на социјалните мрежи, тој го оспори легитимитетот на данскиот суверенитет врз островот, користејќи аргумент кој многумина го оценија како ироничен со оглед на американската историја. „Знаете, тие беа многу љубезни кон мене. Јас сум нивен голем фан, но фактот што некој пристигнал таму со брод пред 500 години не значи дека ја поседува таа земја“, изјави Трамп во разговор со новинар. Trump on Greenland:The fact that they landed a boat there 500 years ago doesn’t mean they own…

Повеќе