- Полициска акција ширум земјата: Приведени 17 возачи поради тешки сообраќајни прекршоци
- Мицкоски и Ѓорѓиевски на традиционалната средба со ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во „Пеленица“
- ВЛЕН: Зад студентските транспаренти се крие раката на ДУИ која ги манипулира младите за лични интереси
- ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата „Мастеф“ во периодот 2018-2021 била најомилена на градоначалниците на СДСМ
- Дождот ја одложи дневната програма на „Виноскоп“ за утре
- Утре посебен сообраќаен режим во Центар и на Водно
- Фрчкоски: Нова омилена фирма на ВМРО-ДПМНЕ добила 93 тендери вредни над 18,3 милиони евра
- Кремљ потврди: Владимир Путин на 19 и 20 мај во официјална посета на Кина
Author: Author 01
Жителите на населбата Долно Лисиче денеска од 9:30 часот се без вода за пиење. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот е настанат поради уличен дефект на водоводна цевка (ф-100мм). Дефектот е лоциран на улица „1“ број 5. Екипите се на терен, а водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш штом дефектот ќе биде саниран
Обилните врнежи од дожд предизвикаа сериозни проблеми во неколку региони низ државата, активирајќи ги кризните штабови и механизацијата на јавните претпријатија. Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово излезе со детален пресек на состојбата, нотирајќи дека најкритично е во Кочанско и Охридско, додека во Скопскиот регион состојбата е стабилна. Кочанско: Излеани реки, поплавени куќи и забрана за сообраќај Во општина Кочани регистриран е значително зголемен водостој на речните корита и каналите во полскиот дел. Од ЦУК напоменуваат дека водостоите во горните текови се стабилизираат, но во средните и долните текови состојбата останува критична. Охридско: Битка со водата во населбата Далјан Кризниот штаб…
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, но по претежно суви коловози. Сепак, АМСМ апелира на внимателно управување со возилата и приспособена брзина, особено на патиштата низ котлините и клисурите каде постои можност од појава на одрони. Критични делници на кои треба да се обрне посебно внимание се: Потсетување за возачите: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила до 31 март 2026 година.
На граничниот премин Ники (ГП Меџитлија) воведена е забрана за движење на товарни возила. Според известувањето од АМСМ, оваа забрана ќе трае до 10 јануари до 10:00 часот. Важно е да се напомене дека сообраќајот за патнички моторни возила не е во прекин и се одвива со нормален тек. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
По релативно мирниот петок, викендот носи значителна промена на временските услови. Во сабота ќе има локални врнежи – на планините и повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде што се очекува зголемување на снежната покривка. Вистинското заладување настапува од недела, кога ќе дува умерен до засилен северен ветер со брзина над 60 km/h. Температурите ќе бидат во опаѓање, при што наместа дневните максимуми ќе останат под нулата, а ќе има и повремени локални врнежи од снег. Стабилизација и суво време метеоролозите најавуваат од вторник.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури се движеа од минус 9 до минус 2, додека дневниот максимум ќе достигне од 3 до 9 степени. Промена на времето се очекува кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога во северозападните делови ќе започнат повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во Скопје: Слично време со сончеви периоди и слаб променлив ветер. Утринската температура се спушти до -6, а дневната ќе достигне до 4 степени.
Шемата со „лажни лекари“ продолжува да зема жртви. Само еден ден по случајот во Штип, слична драма се одвивала и во Виница. Вчера во 17:30 часот, 77-годишен жител на градот пријавил во полиција дека бил измамен за сума од над 430.000 денари. Кошмарот за виничанецот почнал со телефонски повик. Непознато лице му се претставило како лекар и му соопштило шокантна вест – дека неговата ќерка наводно имала тешка несреќа, скршила нога и итно ѝ е потребна операција за вградување на шипки. Вознемирениот татко, во обид да помогне, се согласил да ја плати бараната сума. Според пријавата, тој во неколку наврати ги…
Точно на полноќ завршува изборната кампања за повторените локални избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Изборниот молк стапува на сила веднаш потоа и ќе трае до затворањето на гласачките кутии, в недела на 11 јануари во 19 часот. Според Државната изборна комисија (ДИК), дистрибуцијата на гласачкиот материјал е во тек. Гласачките ливчиња и уредите за биометриска идентификација денеска се доставуваат до Општинските изборни комисии, од каде што ќе ги преземат Избирачките одбори. Гласањето започнува утре, сабота, кога своето право на глас ќе го остварат болните, изнемоштените и лицата во затворите. Најмногу пријавени за гласање во домашни услови…
Ја фатија со празен коверт под сомнение за четири, а сега ѝ најдоа уште осум измами. Полицијата открила дека 23-годишната А.Ј. од Скопје за која претходно соопшти дека е вчера била приведена под сомнение за лажно издавање станови во тетово, всушнот „оперирала“ во повеќе градови низ државата. Одделот за криминалистичка полиција во координација со секторите за внатрешни работи (СВР) низ државата, денеска документираше уште осум нови случаи. Според полицискиот билтен, младата скопјанка покрај во Тетово и Скопје, извршила измами и на подрачјата на: Против неа ќе бидат поднесени пријави за вкупно седум кривични дела „измама“, едно дело „измама во обид“…
Првата недела од новата година донесе значително зголемување на бројот на заболени од грип во Македонија. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), презентирани од в.д. директорката Марија Андоновска, регистриран е драстичен скок на новозаболени, а епидемиолошката слика укажува на значително отстапување од минатогодишните бројки. Статистика: Експлозивен неделен раст Во периодот од 29 декември 2025 до 4 јануари 2026 година, во земјава се регистрирани 1.725 нови случаи на грип или заболувања слични на грип. Оваа бројка открива загрижувачки трендови: Првпат во оваа сезона, на национално ниво е регистрирана средна активност на вирусот. Најпогодени групи: Вирусот најмногу се шири…
