Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фрчкоски: Нова омилена фирма на ВМРО-ДПМНЕ добила 93 тендери вредни над 18,3 милиони евра

    Фрчкоски: Нова омилена фирма на ВМРО-ДПМНЕ добила 93 тендери вредни над 18,3 милиони евра

    16.05.2026 во 14:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања за организиран криминал и системска корупција до власта. Тој презентираше детали за нова корупциска шема преку која, како што тврди, милионски суми од буџетот се прелеваат кај фирми блиски до владејачката партија.

    „Додека владата нема пари за повисоки плати, нема пари за пензии ниту за мерки за граѓаните во криза фрчат тендери со милионски суми за едни исти фирми блиски до ВМРО-ОКГ. Шемата е добро позната и разработена. Ова е корупциски систем во кој едни исти фирми добиваат сè. На локално ниво. На централно ниво. Во институциите, општините, сите раководени од кадри на ВМРО-ОКГ… Денеска АКТ на СДСМ открива нов скандал. Нова омилена фирма на ВМРО-ОКГ. Фирмата МАСТЕФ ДООЕЛ, блиска до власта, добила дури 93 тендери. Вкупната вредност? Над 18,3 милиони евра. Народни пари.“

    На прес-конференцијата беше посочено дека најголемиот дел од овие средства се реализирани на територијата на Скопје, вклучувајќи ги и градежните активности за забавниот парк во главниот град, додека во исто време градот се соочува со сериозни комунални проблеми.

    „Најголеми суми се реализирани во Скопје, каде е и letzten тендер за Луна парк, истата фирма. Кога Орце ветуваше чистење на градот очигледно мислел на џебовите на граѓаните, бидејќи ѓубрето стои. Пари се чистат на големо. Државата тоне во долгови. Граѓаните едвај преживуваат. Скопје е во хаос. А власта дели милиони на омилените фирми… Ете затоа во Македонија нема реформи, нема европско обвинителство, нема ЕУ. Заради лапање пари, заради криминал, заради тендери.“

    Фрчкоски упати остри критики до правосудните органи за нивната пасивност и најави дека опозицијата преку својот тим АКТ ќе продолжи јавно да ги објавува сите сомнежи за финансиски злоупотреби.

    „Прашањето е: До кога Јавното обвинителство ќе молчи? Или чека обвинителот насоки по телефон од премиерот Мицкоски? Колку скандали треба да објави АКТ на СДСМ за лично институциите да почнат да работат? СДСМ нема да молчи. Ќе продолжиме да ги разобличуваме сите криминални шеми на ВМРО-ОКГ. Секој тендер. Секоја фирма. Секој милион народни пари. Доаѓа време на одговорност, правда и вистина.“

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.