Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините
    • ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на Старлинк за Украина
    • Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство
    • Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави
    • „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага
    • Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус
    • Ким Кардашијан се маскираше во својата ќерка Норт за Ноќта на вештерките
    • Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Утре посебен сообраќаен режим во Центар и на Водно

    Утре посебен сообраќаен режим во Центар и на Водно

    16.05.2026 во 14:392 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Традиционалниот спортско-рекреативен настан „Прв до врв“, во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ – Скопје, утре ќе го доживее своето четиринаесетто издание. Настанот, кој секоја година привлекува голем број ентузијасти, вклучува велосипедска трка и планинарска тура кои ќе предизвикаат привремени измени во секојдневното одвивање на сообраќајот во главниот град.

    Велосипедистите ќе стартуваат во 09:45 часот, додека планинарите ќе тргнат во 10:00 часот, а двете групи како крајна цел го имаат Милениумскиот крст.

    „Во рамки на настанот ќе се реализира велосипедска трка со почеток во 09:45 часот, со траса на движење од пред Музеј на град Скопје по ул. „Св. Кирил и Методиј“, лево по бул. „Св. Климент Охридски“, право по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Тодор Александров“, а потоа по локалниот пат кон Средно Водно и до врвот на Водно (Милениумски крст). Воедно, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи и планинарска тура, која ќе стартува пред ООУ „Кочо Рацин“ на бул. „Мајка Тереза“, ќе продолжи по ул. „Тодор Александров“, а кај ул. „Салвадор Аљенде“ учесниците ќе се движат десно по планинската патека кон Средно Водно и понатаму кон врвот на Водно (Милениумски крст).“

    Поради масовноста на настанот и заштита на безбедноста на сите учесници, полицијата најави дека сообраќајот на овие потези ќе биде целосно пренасочен.

    „Поради одржувањето на настанот, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел непречено и безбедно реализирање на истиот.“

    Прочитај повеќе

    Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави

    21.10.2026 во 22:30

    Ѓорѓиевски: Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство

    21.10.2026 во 16:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.