Close Menu
Press24
    Најново

    Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција

    29.10.2026 во 08:38

    Ден за молитва и помагање: Се слави светителот кој поверувал во Христос при распнувањето

    29.10.2026 во 08:35

    Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува лош пресврт со времето

    29.10.2026 во 08:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција
    • Ден за молитва и помагање: Се слави светителот кој поверувал во Христос при распнувањето
    • Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува лош пресврт со времето
    • СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
    • Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
    • Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање
    • Јаневска на отворање конференција за интелектуалната сопственост во дигиталната ера
    • Шефот на словачката дипломатија во посета на Македонија – Средба со Муцунски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски и Ѓорѓиевски на традиционалната средба со ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во „Пеленица“

    Мицкоски и Ѓорѓиевски на традиционалната средба со ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во „Пеленица“

    16.05.2026 во 15:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на традиционалниот собир на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, кој по традиција се одржа во дворот на манастирот „Пеленица“ во близина на скопската населба Драчево. Настанот, кој со години наназад ги собира долгогодишните членови и основачи на партијата, помина во знак на сплотеност и заедништво.

    Премиерот ја искористи можноста јавно да изрази почит кон луѓето кои ги поставиле темелите на партиската структура.

    „Настанот помина во духот на заедништво, почитување на вредностите што не обединуваат и пријатно дружење со долгогодишни пријатели и поддржувачи. Чест ми беше што бев дел од оваа средба“, објави премиерот Мицкоски.

    На средбата присуствуваше и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, кој потсети на самите почетоци на оваа манифестација, истакнувајќи дека Пеленица има посебно значење и претставува симбол на истрајноста на партиското членство низ годините.

    „Се сеќавам, пред 13 години, кога токму од овде, на манастирот „Руса Среда“ на Пеленица, од една идеја, од една искрена дружба со ветераните и со мојот драг пријател Христијан Мицкоски, се роди традиција која денес живее, расте и обединува. Ова место е симбол за нас. Симбол на верба, на заедништво, на истрајност и на љубов кон татковината… Ветераните се нераскинлив дел од ВМРО. Тие се столбот на кој се потпира партијата, но и еден од темелите врз кои се градела и се гради Македонија. Нивната борба, нивната верност, нивната пожртвуваност и нивната љубов кон државата заслужуваат длабока почит.“

    Прочитај повеќе

    Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција

    29.10.2026 во 08:38

    Ден за молитва и помагање: Се слави светителот кој поверувал во Христос при распнувањето

    29.10.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.