Close Menu
Press24
    Најново

    Дневен хороскоп: Кои знаци ги чекаат деловни предизвици, а кои финансиски анализи

    03.08.2026 во 10:46

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42

    ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има нови отстапки од идентитетот за евроинтеграциите по ниедна цена

    03.08.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дневен хороскоп: Кои знаци ги чекаат деловни предизвици, а кои финансиски анализи
    • СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа
    • ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има нови отстапки од идентитетот за евроинтеграциите по ниедна цена
    • СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија
    • ВМРО-ДПМНЕ: Уште во 2020 година водата во Гостивар не била за пиење, зошто Филипче молчел
    • СДСМ: Водата во Гостивар две години не била за пиење
    • СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, народот го третира како „талог“
    • Пожарникарите со полни раце работа – изминатото деноноќие регистрирани 30 пожари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата „Мастеф“ во периодот 2018-2021 била најомилена на градоначалниците на СДСМ

    ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата „Мастеф“ во периодот 2018-2021 била најомилена на градоначалниците на СДСМ

    16.05.2026 во 14:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција во која ги отфрла обвинувањата на СДСМ и тврди дека опозицијата селективно ги презентира фактите во јавноста. Според партиското соопштение, фирмата „Мастеф ДООЕЛ“, за која СДСМ денеска обвинуваше, всушност со години била главен соработник и фаворит токму на нивните поранешни градоначалници во скопските општини.

    „Кога нешто зборува СДС, добро е да ги согледаат сите факти и јавно да им ги презентираат на македонската јавност. Политиката не е шведска маса, па да бираш што ти се допаѓа да земеш и за тоа да зборуваш, а што не ти се допаѓа да ставиш под тепих… Фирмата Мастеф дооел Скопје за којашто денес зборуваше СДС, очигледно била една од најомилени фирми на нивните поранешни градоначалници, само тоа на прес-конференцијата заборавија да го кажат. Така во периодот на власт на СДС со голем дел од македонските општини оваа фирма била една од ретките која добивала најмногу тендери, особено од скопските општини.“

    Од партијата извадија конкретни бројки и милионски суми за тендери кои фирмата ги добивала во периодот од 2018 до 2021 година во Карпош, Кисела Вода и Аеродром, додека со нив раководеа кадри на СДСМ.

    „Во периодот од 2018 до 2021 година омиленава фирма на градоначалниците на СДС добива повеќе тендери во милионски износи од општина Карпош, Кисела Вода, Аеродром сите раководени од градоначалници кадри на СДС. Во 2018 година Мастеф добива седум тендери во вредност од 9.569.788 денари од општина Карпош, во 2019 година 5 тендери од општините Карпош и Аеродром во вредност од 10.320.508 денари. Во 2020 се приклучува и општина Кисела Вода во доделувањето тендери на истава фирма која од веќе постојаните Аеродром и Карпош, добила вкупно 8 тендери во вредност од 50.265.142 денари. Додека во 2021 година овие три општини под раководство на кадрите на СДС на фирмата Мастеф им доделиле 6 тендери во вкупна вредност од 47.100.000 денари.“

    ВМРО-ДПМНЕ порачува дека актуелните јавни набавки се целосно законски и го повика антикорупцискиот тим на опозицијата да го прошири своето истражување.

    „Кога веќе се обидува нешто да прави таканаречениот антикорупциски тим на СДС, добро би било да го прошири опсегот на анализа, па нека испита и нека ги наброи бројот на тендери и нивната вредност коишто ги добила оваа фирма од институциите раководена од нивните партиски кадри. Што се однесува до јавните набавки за коишто зборуваат, ги потсетуваме дека е сè согласно закон и избрани се најповолните понуди како што предвидува законот.“

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42

    ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има нови отстапки од идентитетот за евроинтеграциите по ниедна цена

    03.08.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.