Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Без возачка, преку спротивна лента со голема брзина ја прегазил и усмртил: Нови детали за сообраќајката во Капиштец

    Без возачка, преку спротивна лента со голема брзина ја прегазил и усмртил: Нови детали за сообраќајката во Капиштец

    10.01.2026 во 15:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Без возачка дозвола било 18-годишното момче кое вчера кај ТЦ Берверли Хилс ја прегази и исмрти 67-годишната Љуба Јаковлева, потврди Обвинителството. Тинејџерот преминал на спротивна лента и удрил во жената, по што избегал без да застане.

    „По улицата “Народен Фронт” управувал автомобил “Фолскваген пасат’’ и со возилото извршил дејствие на непрописно поместување во лево, на коловозната лента наменета за сообраќај од спротивната лента, без притоа да се увери дека тоа може да го стори без опасност по другите учесници во сообраќајот, со брзина на движење на возилото неприспособена спрема својства, состојбата на патот, видливоста, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови. Освен тоа, автомобилот го управувал без да поседува важечка возачка дозвола, велат од ОЈО.

    При такви услови со возилото удрил во 67-годишната Љуба која во тој момент го поминувала коловозот. 

    „Од ударот и падот на коловозот жената се здобила со тешки телесни повреди, а осомничениот без да и укаже помош веднаш го напуштил местото на настанот. Жртвата била префрлена во Ургентниот центар каде и покрај укажаната медицинска помош починала.“

    МВР веќе соопшти дека тој и неговиот татко ја напуштиле Македонија. Помош имале од друга двајца осомничени, маж и жена, кои веќе се приведени.

    „Другите двајца осомничени, маж и жена, му помогнале на осомничениот за предизвикување на сообраќајната несреќа да ја напушти државата, пренесувајќи го со својот автомобил преку граничниот премин Табановце. Тие се лишени од слобода по враќањето во земјава и за нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.“, велат од ОЈО. 

    ОЈО бара притвор за возачот во бегство, и за него него притворот ќе стартува откако ќе биде пронајден и лишен од слободан. 

    „Во меѓувреме, врз основа на прибраните докази и определениот притвор, по него ќе биде распишана и меѓународна потерница со цел негово обезбедување.

    Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 18-годишно лице за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повреден. Истовремено, под истрага се и две лица кои му помогнале да избега.“, велат оттаму.

    Прочитај повеќе

    Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

    22.10.2026 во 18:13

    Малолетничка претепана во сендвичара во Скопје

    22.10.2026 во 16:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.