- Поскапеа бензините и дизелот, еве го новиот ценовник на горивата
- Цената на нафтата повторно скокна
- Дневен хороскоп: Овенот ќе добие важна информација, кај Вагата се отвора нова перспектива поврзана со иднината
- Неколку скопски општини денеска ќе останат без струја
- Сиљановска-Давкова денеска ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана
- Подгответе се за невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер
- На Шакира ќе ѝ бидат вратени над 60 милиони евра
- Турција: Ја убил поранешната сопруга, па продолжил со крвавиот пир, најмалку 6 усмртени
Author: Author 01
Зимските температури, снегот и влажноста често предизвикуваат замрзнување на бравите, што може да доведе до оштетувања и непријатни ситуации пред сопствениот дом. Сепак, со навремена подготовка, овие проблеми лесно се избегнуваат. Клучно е редовното чистење на бравите и механизмите, бидејќи акумулираната нечистотија полесно замрзнува. Експертите препорачуваат употреба на специјални спрејови или силиконски средства кои ја истиснуваат влагата, а строго советуваат да се избегнуваат масла кои задржуваат прашина. Подеднакво важни се и дихтунзите. За да не се залепи вратата за рамката, премачкајте ги гумите со глицерин или силикон, што ќе ја зачува нивната еластичност. Доколку сепак се случи бравата да замрзне,…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека запира дотокот на нафта од Венецуела кон Куба и ги повика кубанските власти итно да склучат договор со САД „пред да биде предоцна“. Во објава на својот профил на „Truth Social“, Трамп истакна дека Куба со години опстанувала благодарение на нафтата и парите од Венецуела, обезбедувајќи за возврат „безбедносни услуги“ за венецуелските диктатори. Трамп наведе дека повеќето Кубанци кои го обезбедувале Николас Мадуро биле убиени во рација на американските сили минатата недела, при што Мадуро бил уапсен. „Венецуела сега ги има САД, убедливо најмоќната војска во светот, да ги заштити… Крај на нафтата,…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска за првпат поопширно се осврна на протестите во интервју за економската состојба за националните медиуми поврзани со режимот. За време на интервјуто тој рече дека „терористи“ поврзани со странски сили убиваат луѓе, палат џамии и напаѓаат јавен имот. Тој додаде дека непријателите на Иран се обидуваат да „посеат хаос и неред“ така што „наредуваат нереди“. Истовремено, тој зазеде помирлив тон, велејќи дека иранскиот политички врв е подготвен да ги слуша граѓаните. Протестите првично избија поради наглиот раст на инфлацијата и тешката економска состојба во земјата. Пезешкијан рече дека неговата влада е решена да ги реши…
До 13:00 часот на повторните локални избори своето право на глас го искористиле вкупно 11.217 граѓани, што претставува излезност од 8,90 отсто. Овие податоци ги соопшти портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Тодоровска Алексовска, повикувајќи се на информациите пристигнати од 209 избирачки места. Според деталниот преглед по општини, највисока излезност е регистрирана во Маврово-Ростуше со 10,03% (1.061 гласач), а најниска во Центар Жупа со 6,61% (500 гласачи). Во Врапчиште гласале 9,58% (2.613 лица), додека во најголемата општина Гостивар излезноста е 8,74% (7.043 гласачи). Од ДИК информираат дека гласањето се одвива непречено на сите места, со исклучок на избирачкото место…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска им оддаде почит на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во заседа кај скопско Арачиново ги загубија животите пред 26 години. Тошковски положи цвеќе пред споменикот на бранителите во кругот на Полициската станица Гази Баба. Во својата објава, министерот истакна дека тие биле убиени на подмолен и суров начин, но дека нивната жртва останува траен завет за идните генерации. „Македонија никогаш не ги заборава своите храбри синови… Со длабока почит кон нивната жртва, денес положив свежо цвеќе со јасна порака дека нивното херојство никогаш нема да биде заборавено“, порача…
Локалните избори 2025 кои денеска се одржуваат во општините што ги покриваат Секторите за внатрешни работи Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид, се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера. Портпаролот на МВР Гоце Андреевски вели, полицијата е на терен и ги презема сите потребни мерки за безбедно и непречено одвивање на гласањето, а до овој момент изборниот ден минува без проблеми. „До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. Апелираме до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот…
Полициски службеници од СВР Скопје вчеравечер лишиле од слобода 52-годишна жена поради напад врз службено лице. Инцидентот се случил во 20:40 часот пред Полициската станица Гази Баба, каде Е.Д. (52) од Скопје физички нападнала полицаец додека тој извршувал службени дејствија. Освен физичкиот напад, таа му упатувала и закани. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Трагичен случај е регистриран вчера утрото во скопската населба Шуто Оризари. Во 08:00 часот во СВР Скопје, од Итната медицинска помош било пријавено дека во дом на ова подрачје имало починато бебе. Лекар извршил преглед и констатирал смрт без видливи траги на насилство. Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатото бебе е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.
Министерството за внатрешни работи во засилени контроли во изминатите 24 часа лиши од слобода шест лица поради безобѕирно управување со моторно возило. Петмина од нив биле под тешко дејство на алкохол, а еден возел со брзина двојно поголема од дозволената. Најсериозниот инцидент се случил во Тетово. Вчераутро во 10:13 часот, полицијата го уапсила С.З. (36) од Брвеница, кој со своето „БМВ“ предизвикал сообраќајна несреќа на булеварот „Видоје Смилевски Бато“. Утврдено е дека тој управувал со возилото со 2.11 промили алкохол во крвта. Алкохолот бил причина за апсења и во други градови: Покрај алкохолот, полицијата санкционирала и брзо возење. На патот…
Иако врнежите од дожд и снег престанаа во поголемиот дел од државата, последиците од невремето сè уште создаваат проблеми во инфраструктурата и одредени населени места. Според најновите информации до 12:30 часот, најкритично е во Демир Хисар, каде поради оштетување на мост на Боишка Река, локалниот пат за селото Мренога е целосно затворен за сообраќај. Во западниот дел, регистриран е одрон на патниот правец Гостивар – Маврово, во близина на каменоломот, за што се ангажирани екипи за расчистување. Во Кумановско, патот од Пелинце до граничниот премин бил подмрзнат, но по интервенција на ЈП „Македонија пат“ сега е чист. Што се однесува…
