- Хорор го потресе регионот: Стан изгоре поради полнач за телефон, бабата, дедото и внуците едвај спасиле жива глава
- Расте цената на нафтата
- Понеделник и петок се неработни денови – испланирајте го слободното време
- Се решава децениски проблем: Потпишан договорот за проект за зафаќање на вода од Раштанска река во Гази Баба
- „Одговорно со технологијата“ храбра кампања што не се гледа само, туку се чувствува
- Внимавајте доколку планирате да патувате: Засилени сообраќајни контроли во Србија
- Нови правила во Грција од 18 јуни: Спремајте 30 евра доколку немате нов комплет за прва помош
- Силен земјотрес во Кина: Има загинати, урнати згради и илјадници евакуирани
Author: Author 01
Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер го лишиле од слобода 23-годишниот Р.Е. од Тетово, кој е посочен како водач на навивачка група. Тој е приведен во 20:10 часот во тетовската населба Дреновец под сомнение за насилен инцидент. Според МВР, настанот се случил нешто порано, околу 19:20 часот на улицата „Иво Лола Рибар“. Осомничениот, заедно со уште неколку лица кои носеле маски на главите, физички ги нападнале А.Ј. (22) и Д.П. (22), двајцата жители на Скопје. Во нападот биле користени тврди предмети, при што А.Ј. се здобил со повреди. Освен физичкиот напад, групата го оштетила и патничкото возило „мазда 3“ со…
Полициски службеници од СВР Струмица вчера попладне го лишиле од слобода 50-годишниот Д.Б. од селото Куклиш, струмичко, откако тој пукал и усмртил животно. Според информациите од МВР, инцидентот се случил околу 14:00 часот. Осомничениот испукал еден истрел од ловечка пушка, при што го усмртил кучето кое било во сопственост на М.Ѓ., жител на истото село. По пријавата, полицијата реагирала и во 17:00 часот го привела сторителот. На местото на настанот бил извршен увид од страна на екипа на СВР Струмица во присуство на ветеринарен лекар. Од Д.Б. е одземена ловечката пушка, а по целосно документирање на случајот, против него ќе…
Судскиот совет за денеска во 15:30 часот закажа 535-та итна седница со единствена точка на дневен ред: „Расправа и одлучување по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на предлог за куќен притвор“. Станува збор за судијата Ѓоко Ристов, за кого претходно денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) побара мерка куќен притвор и одземање на пасошот. Откако ОЈО ГОКК го сослуша Ристов и му ги предочи доказите, достави предлог до судија на претходна постапка за определување мерки за обезбедување присуство. Од Кривичниот суд претходно информираа…
Српскиот претседател Александар Вучиќ од Светскиот економски форум во Давос испрати драматични пораки за состојбата во светот, оценувајќи дека претстојат тешки времиња бидејќи глобалните текови одат во „луда насока“ поради конфликтот меѓу ЕУ и САД околу Гренланд. Пренесувајќи ги впечатоците од говорот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Вучиќ истакна дека таа двапати нагласила оти „таканаречениот политички развод меѓу Америка и ЕУ е траен“. Таа порачала дека американските санкции се грешка и дека одговорот на ЕУ ќе биде „пропорционален и непоколеблив“. „Мојот заклучок е дека ЕУ не е подготвена воено да го брани Гренланд“, оцени Вучиќ, додавајќи…
Царинската управа на Македонија излезе со детален извештај за засилените контроли на граничните премини, при што мобилните тимови и царинските службеници спречија неколку обиди за нелегален внес и изнес на стока и девизи. Најголемите заплени се регистрирани на граничните премини Табановце, Ќафасан, Богородица, Деве Баир и Стење, каде што се одземени златни монети, поголеми суми на непријавени евра, цигари, па дури и ветеринарни лекови и домашна ракија. Злато и евра во џебови на Табановце Највпечатливиот случај е регистриран на ГП Табановце при излез од државата. Кај двајца грчки државјани бил извршен личен претрес. Во џебот од јакната на возачот цариниците…
Основниот кривичен суд Скопје потврди дека од страна на Основното јавно обвинителство (ОЈО) е примен предлог за определување мерка куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов. Покрај куќниот притвор, Обвинителството побарало и дополнителни мерки за обезбедување присуство. Предлогот веднаш е распределен кај судија на претходна постапка. Сепак, пред да се донесе каква било одлука, судијата на претходна постапка доставил известување до надлежниот Судски совет. „Се очекува одговор од Судскиот совет, по што судијата ќе продолжи со постапување“, велат од Кривичниот суд. Оваа процедура е неопходна бидејќи судиите уживаат имунитет, па за определување мерка притвор потребна е согласност од Судскиот совет.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која од ноќеска на полноќ (21.01.2026) се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати. Најголемо поскапување има кај дизел горивото, кое се зголемува за 2,00 денари по литар, додека цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 се зголемуваат за 1,50 денари за литар. Согласно одлуката, од 00:01 часот новите цени ќе изнесуваат: Поскапува и Мазутот М-1 НС за 0,854 денари и еден килограм од полноќ ќе чини 32,987 денари.
Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска го сослуша осомничениот судија Ѓоко Ристов. За време на распитот, на осомничениот му биле предочени прибраните докази врз кои се темели основаното сомневање за сторените кривични дела. По завршувањето на сослушувањето, ценејќи ги објективните и субјективните околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка куќен притвор. Дополнително, покрај барањето за куќен притвор, обвинителството предложи и мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за…
Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари, што претставува зголемување за 921 денар во споредба со декември, покажуваат најновите пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според структурата на синдикалната потрошувачка кошничка, најголем дел од буџетот оди на основни потреби. Само за храна и пијалоци биле потребни 24.211 денари, додека за подмирување на минималните режиски трошоци се издвоени 6.338 денари. Состојбата е уште потешка за семејствата кои немаат сопствен дом. Доколку четиричленото семејство живее во изнајмен стан од 60 метри квадратни, минималните месечни трошоци скокаат на 81.788 денари. Поради континуираниот раст на трошоците на…
На Универзитетската клиника за детски болести во моментов се хоспитализирани околу 20 деца со симптоми на акутни вирусни инфекции. Кај најголемиот дел од пациенти е изолиран вирусот Инфлуенца А, додека кај помалите деца на возраст до 23 месеци регистриран е респираторен синцицијален вирус (РСВ), како и помал број случаи на ентеровирус и риновирус. Пациентите се на возраст до 14 години, но најголемиот дел од хоспитализираните се деца до петгодишна возраст. Нивната општа состојба е добра и во моментот нема потешки случаи кои бараат кислородна поддршка. Дел од децата развиле компликации како бронхит, бронхопневмонија или бронхиолит. Лекарите апелираат на изолација на…
