Close Menu
Press24
    Најново

    Загреб: Баба (88) фрлала тегли кон полицаец и гризнала полицајка

    27.10.2026 во 19:17

    Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа 

    27.10.2026 во 19:15

    Николова: Со вториот ребаланс власта ги крати парите за реконструкција на училишта, студентски и ученички домови 

    27.10.2026 во 19:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Загреб: Баба (88) фрлала тегли кон полицаец и гризнала полицајка
    • Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа 
    • Николова: Со вториот ребаланс власта ги крати парите за реконструкција на училишта, студентски и ученички домови 
    • Лавров: Русија не гледа суштинска промена во ставот на европските земји кон конфликтот во Украина
    • Неочекувана понуда од Кремљ: Путин му гарантира целосна безбедност на Зеленски доколку ја посети Москва
    • Петмина повредени во сообраќајна несреќа во Струмица
    • Путин ја предупреди Европа: Со санкциите врз рускиот гас Европската Унија сама си ја копа сопствената јама
    • Големо враќање: Велика Британија од 1 јануари повторно се приклучува на програмата „Еразмус плус“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судски совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

    Судски совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

    20.01.2026 во 14:441 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судскиот совет за денеска во 15:30 часот закажа 535-та итна седница со единствена точка на дневен ред: „Расправа и одлучување по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на предлог за куќен притвор“.

    Станува збор за судијата Ѓоко Ристов, за кого претходно денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) побара мерка куќен притвор и одземање на пасошот.

    Откако ОЈО ГОКК го сослуша Ристов и му ги предочи доказите, достави предлог до судија на претходна постапка за определување мерки за обезбедување присуство. Од Кривичниот суд претходно информираа дека судијата на претходна постапка го добил предлогот, но бидејќи се работи за судија кој ужива имунитет, постапката беше ставена во мирување додека не се произнесе Судскиот совет. 

    „Судијата веднаш достави известување до надлежниот Судски совет од каде се очекува одговор, по што ќе продолжи со постапување“, соопштија од Кривичен.

    Доколку попладнево Судскиот совет му го одземе имунитетот на Ристов, се отвора патот Кривичниот суд да донесе решение за негов куќен притвор.

    Во куќата на родителите на Ристов, истражителите најдоа 350.000 евра заѕидани во ѕид.

    Прочитај повеќе

    Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа 

    27.10.2026 во 19:15

    Николова: Со вториот ребаланс власта ги крати парите за реконструкција на училишта, студентски и ученички домови 

    27.10.2026 во 19:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.