Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска утре на Машинскиот факултет ќе присуствува на Европската ноќ на истражувачите
    • Мицкоски со македонската делегација во Њујорк: Одбележана 25-годишнината од нападите на 11 септември
    • Серафимовски: Реализирани 90 отсто од субвенциите, исплатени 6,5 милијарди денари
    • Божиновска: Одземени над 40 концесии за минерални суровини, ќе се проверува случајот со варовникот во Студеничани
    • Ристески: Мерката за намален ДДВ на горивата им заштедува на граѓаните до 350 илјади евра дневно
    • Златеска: Владата и министерствата во Македонија се вложуваат максимално во справувањето со светската криза
    • СДСМ: Приватна компанија плаќа лобирање за премиерот, нема одговор за документите од САД
    • Нов топол бран: Западна и југозападна Европа повторно пред екстремни температури
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Историска заплена на Табановце: Шверцувале половина милион евра во бункер на минибус

    Историска заплена на Табановце: Шверцувале половина милион евра во бункер на минибус

    20.05.2026 во 12:093 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Царинските службеници на граничниот премин Табановце спречија обид за шверц на готовински пари во износ од 500.000 евра. Оваа акција е евидентирана како најголема од ваков тип во историјата на Царинската управа, а парите биле сокриени во специјално направен простор во возило.

    Првиот човек на Царината, Бобан Николовски, на прес-конференција ги соопшти деталите за тоа каде биле сокриени парите и како ќе се искористат девизите.

    „Како што информира Николовски, парите се пронајдени во специјално конструиран бункер во минибус, спакувани во ќеси. Според директорот, чии се еврата ќе треба да утврдат другите надлежни институции, но извесно е дека ќе се влеат во државниот буџет и ќе се искористат за нови патишта, болници училишта,… Цариниците кои ги запленија еврата, ќе бидат наградени со по 10.000 денари.“

    Николовски потврди дека за овој случај веќе има и брза судска завршница, при што го опиша и возилото со кое се превезувале патници.

    „-Ова е најголема заплена досега во историјата на Царинската управа на Република Македонија. Девизите и возилото се трајно одземени, а сторителот, државјанин на Албанија, со иницијали Џ. Г., кој управувал со минибусот, е соодветно гонет, за што веќе е изречена судска пресуда од Основниот суд во Куманово. Обидот е откриен во акција на Одделението за оперативни работи на влез на државниот граничен премин Табановце, во која е извршена детална контрола на минибусот, сопственост на туристичка агенција од Албанија со која биле превезувани седум патници, рече Николовски.“

    Откривањето на парите одело преку неколку филтри на контрола, почнувајќи од сомнежот на инспекторите, па сè до вклучување на куче и специјална опрема.

    „Мобилниот тим веднаш забележал преправки на возилото, по што е пуштено царинското куче кое укажало на индиции за криумчарење на истото место. Сомнежите се потврдиле и со скенирање на возилото од Службата за мобилни скенери, по што инспекторите од мобилниот тим пристапиле кон отстранување на профилот во кој биле пронајдени 14 проѕирни ќеси во кои биле спакувани 500.000 евра кеш пари.“

    Запленетата готовина веднаш по акцијата е дислоцирана во соодветните државни финансиски институции.

    „Согласно закон, запленетите девизи уште веднаш се предадени во Агенцијата за привремено одземен имот, а потоа се депонирани во Народната банка.“

    На крајот, директорот упати јавна пофалба до инспекторите и испрати порака до сите кои се обидуваат да го прекршат законот на границите.

    „-Сакам јавно да се заблагодарам на тимовите од Одделението за оперативни работи за брзата реакција и школски одработената професионална контрола. Апелирам до сите, дека секој обид за нелегален прекуграничен пренос на готовина и обид за криумчарење ќе биде најстрого санкциониран од страна на царинските службеници при Царинската управа, потенцира директорот на Царината, Николовски.“

    Прочитај повеќе

    Повеќе скопски општини утре ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот

    24.09.2026 во 16:39

    Кражба во Скопје: Германец ограбен на кејот на Вардар, му одзеле ранец со лаптоп и телефон

    24.09.2026 во 16:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.