Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: ВМРО организира македонски граѓани за контра-митинг во Белград во поддршка на Вучиќ

    СДСМ: ВМРО организира македонски граѓани за контра-митинг во Белград во поддршка на Вучиќ

    20.05.2026 во 11:591 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Како што месеци наназад предупредувавме дека Вучиќ управува со Македонија, сега ВМРО директно организира граѓани на Македонија за контра-митинг во Белград во поддршка на Александар Вучиќ, велат од СДСМ.

    „На плакатот што го шират низ Македонија јасно се гледа: собирање и поаѓање на митингот пред српскиот конзулат во Куманово, со цел да се поддржи Вучиќ.

    Ова е срамно мешање во внатрешните работи на друга држава.

    Ова е токму она што Европскиот парламент го нарекува „српски свет“ – директно влијание и мешање на Србија во Македонија.

    Македонија е под постојан притисок и влијание на српските и руските служби. 

    Вицепремиерот Иван Стоилковиќ, најблискиот соработник на Мицкоски, учествува во ова организирање по договор со Милош Вучевиќ од пред неколку дена.

    Ова не е случајност. Ова е дел од истата мрежа: Орбан – Вучиќ – Мицкоски.

    Додека ВМРО се претставува како „промакедонска“ партија, со бугарски пасоши, нејзините функционери организираат граѓани на Македонија да одат да го поддржуваат Вучиќ и „српскиот свет“.

    Доста е со туѓите интереси на македонска почва.

    Граѓаните јасно гледаат: ВМРО не работи за Македонија – работи за туѓи центри на моќ.

    Реформи сега.

    Европа сега“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.