Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Доживотен затвор за Стојанче Зарков кој не се сеќаваше дека ја заклал мајка си

    Доживотен затвор за Стојанче Зарков кој не се сеќаваше дека ја заклал мајка си

    09.02.2026 во 13:231 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основниот суд во Штип денеска донесе пресуда со која Стојанче Зарков е осуден на доживотен затвор за убиството на својата 84-годишна мајка Марија, извршено во август минатата година.

    Судечкиот совет ги прифати доказите на обвинителството, според кои Зарков во алкохолизирана состојба го извршил грозоморниот чин. Клучен момент за докажување на вината беа вештачењето на ножот и ДНК анализата на отисоците и крвта, кои неприкосновено потврдија дека тој е сторителот. Дополнително, како тежок товар на обвинетиот му падна и снимката од повикот кон итните служби веднаш по настанот, каде тој изговара: „Ја прободев несакајќи мајка ми, или ќе преживее или нема“.

    Зарков, кој во Штип е познат како поранешен угостител и сопственик на култната кафеана „Гроф“, во текот на целиот процес негираше вина. На последното рочиште пред неколку дена, тој тврдеше дека има „дупка во сеќавањето“. Според неговата верзија, тој ден ги извршувал вообичаените обврски, ѝ купил лекови и храна, а вечерта се вратил со такси. Тврдеше дека бил во другата соба кога слушнал викање и ја нашол мајка си со крв на вратот, негирајќи дека се сеќава на моментот на убиството или на повикот кон Брзата помош. Судот, сепак, не го прифати ова одбрана.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.