Author: Author 01

Туристичкиот сектор во земјава минатата година (2025) забележал раст. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), вкупниот број на туристи е зголемен за 6,0% во однос на 2024 година. Овој раст се должи исклучиво на странските посетители. Бројот на странски туристи скокнал за 10,3%, додека кај домашните туристи е регистриран пад од 2,2%. Слична е ситуацијата и со ноќевањата, кои бележат вкупен раст од скромни 0,8%. Странците оствариле 6,4% повеќе ноќевања, додека домашните гости ноќевале за 4,1% помалку во споредба со претходната година. ДЗС објави податоци и за декември 2025 година, каде доминацијата на странците е уште поизразена – тие сочинувале 63,3%…

Повеќе

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска напладне ќе ја реализира втората од најавените три предупредувачки блокади. По Собранието, на ред е Стопанската комора во центарот на Скопје, каде синдикалците ќе го искажат револтот кон работодавачите. Главните барања на ССМ остануваат непроменети: зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за 6.000 денари. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека блокадата ќе ја изведат 21 претставник, согласно законскиот минимум, но повика и други да се приклучат. „Пред Стопанската комора ќе блокираме газди што ги блокираат работниците 36 години. Газди што одбија да ги зголемат платите, а кукаат…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Карпош, каде што ќе присуствува на свечениот чин на поставување камен-темелник за изградба на нова спортска училишна сала во Основното општинско училиште „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае. Овој проект треба да ги подобри условите за настава по физичко образование и спортски активности за учениците од ова училиште. Од владината прес-служба информираат дека по настанот е предвидена изјава за медиумите од страна на премиерот, каде се очекува тој да се осврне на тековни политички и економски прашања.

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи најавува променливо облачно време за денешниот ден. Утринските часови ќе донесат повремен локален дожд, додека во текот на денот се очекуваат кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите повторно ќе се активираат, а на повисоките планини дождот ќе премине во снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе останат релативно високи за овој период од годината: Во Скопје времето ќе биде слично, со повремени врнежи од дожд, особено наутро и навечер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 12 степени. Метеоролозите најавуваат дека влажниот бран ќе продолжи и во…

Повеќе

Во голема меѓународна операција координирана од Европол, наречена „ДЕКОЈ III“ (DECOY III), полициските служби од 18 земји успеаја да спречат пуштање во промет на фалсификувани банкноти и монети со вкупна вредност од 1,2 милијарди евра. Операцијата, која ја предводеа Австрија, Португалија и Шпанија, беше насочена кон криминални мрежи кои дистрибуираат лажни пари преку поштенски услуги. Оперативната фаза се одвиваше меѓу јуни и ноември 2025 година, а резултатите се објавуваат сега. Податоците се загрижувачки – дури 90 отсто од запленетите пратки потекнуваат од Кина. Најголемиот поединечен удар го задале романските власти, кои пресретнале над 4,8 милиони евра во банкноти со изменет дизајн и откриле…

Повеќе

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе предлог-закон по скратена постапка со кој се бара продолжување на важноста на Законот за постапување со бесправно изградените објекти за дополнителни пет години. Според актуелното законско решение, рокот истекува на 3 март 2026 година (за помалку од еден месец), што би значело прекин на сите тековни постапки. Пратеникот Бојан Стојановски на денешната прес-конференција предупреди дека без оваа измена, илјадници граѓани кои се заглавени во административни лавиринти или судски спорови би останале без можност да ги легализираат своите домови. „Со овој предлог се продолжува рокот до 3 март 2031 година. Се овозможува правна сигурност за…

Повеќе

Собранието денеска треба да ја продолжи 84. седница, на чиј дневен ред се преостанати уште две точки. Пред пратениците се Предлог законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка и Предлог законот за ратификација на Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за Договорот за меѓународен патен превоз на стоки (CMR) за електронски товарен лист, усвоен во Женева на 20 февруари 2008 година. Со решенијата предвидени во Предлог-законот за здравствената заштита ќе се овозможи ефикасна примена на начелата на потребата од стручност и компетентност за работните позиции за кои кандидатот конкурирал. Со предложеното решение ќе се овозможи избор на најдобриот…

Повеќе

Најмногу снег и најстудено ова утро во Македонија, на Попова Шапка. Измерена е најниска минимална температура од -2 степена и снежна покривка од 63 сантиметри, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи. Освен на Попова Шапка и во Лазарополе, насекаде низ земјава температурите се над нулата, а за денеска се најавува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12…

Повеќе

На Попова Шапка изутрина во 7 часот се измерени -2 степени целзиусови, а снежната покривка изнесува 64 сантиметри. Во Берово и Mаврови Анови 0 степени, 1 во Крива Паланка, Kрушево и Лазарополе, 3 во Претор и Виница, 4 во Охрид, 5 во Тетово, Битола, Прилеп, Штип и Струмица, 6 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци, 7 во Гевгелија, 8 степени целзиусови во Демир Капија. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека најмногу врнежи во изминатите 24 часа заклучно со 7 часот изутрина наврнале на Попова Шапка, 17 литри на метар квадратен, по што следуваат со 14 Пожаране, 7 Kрушево,…

Повеќе

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (с.Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот. Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30м, Ѓавато до 100м и планинскиот превој Крушево до 40м. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните…

Повеќе