Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доцна попладнево спроведе вонреден надзор во скопската зоолошка градина каде вчера вечер беше згрижено диво животно заловено во скопската населба Козле.
Врз основа на искуство во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и неговото однесување, како и на проверка на други важни факти за утврдување на неговиот вид, од страна на официјалниот ветеринар потврдено е дека станува збор за диво животно од видот волк.
Дополнително, ќе се утврдува и тековниот здравствен статус на заловеното диво животно и ќе се решава за натамошните постапки во врска со него.
- Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините
- ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на Старлинк за Украина
- Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство
- Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави
- „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага
- Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус
- Ким Кардашијан се маскираше во својата ќерка Норт за Ноќта на вештерките
- Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук

