Author: Author 01

Утрото ќе започне со ведро и студено време, а во текот на денот ќе има променлива облачност со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен југоисточен ветер, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали и умерен ветер од југоисток. Во текот на ноќта и во петок, под влијание на влажен бран, ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места дожд и снег, додека на планините ќе паѓа снег. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (до 25 l/m²), со можност за појава на локални грмежи. За викендот времето…

Повеќе

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, од собраниската говорница денеска порача дека дебатата за минималната плата е политички инструирана и не ја отсликува реалната слика на пазарот на труд. Одговарајќи на пратеничко прашање од Левица, тој изнесе податоци според кои бројот на луѓе кои живеат само од минимална плата е занемарлив. „Во земјата има вкупно 700.000 вработени. Оние 30.000 кои добиваат минимална плата, всушност се регистрирани како индивидуални трговци (трговци поединци). Тие не зависат само од платата, туку и од приходите на нивните фирми. Реално, само околу 3 до 4 отсто од вработените земаат минимална плата“, истакна Дурмиши. Тој…

Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) соопшти дека вчера е одредена мерка краткотраен притвор за две лица, кои се сомничат за поврзаност со огромната заплена на наркотици во соседна Србија. Судија на претходна постапка при Кривичниот суд во Скопје го прифатил предлогот на обвинителството и им определил притвор во траење од 48 часа. „Како резултат на преземените дејствија и анализата на докази, постојат основи на сомнение дека лицата преземале активности поврзани со запленетите 5 тони марихуана во Република Србија“, информираат од Обвинителството. Оваа мерка е побарана за да се обезбеди присуство на осомничените додека обвинителот…

Повеќе

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, информира дека поради неповолните временски услови, екипи се испратени на терен и реагираат навремено и координирано. Градоначалникот истовремено апелира на внимателност кај граѓаните. Екипите се на терен и постапуваат со целосна мобилизација поради паднати и оштетени дрвја на повеќе локации низ градот како резултат на засилениот ветер. Нашите служби веднаш излегоа на терен за отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење, наведува Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. Ѓорѓиевски додава дека се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму каде што имало застој. Приоритет ни е безбедноста на граѓаните и непреченото…

Повеќе

Водостоите на поголемиот дел од реките во земјата се намалуваат во споредба со вчера, покажуваат последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, минимално зголемување е забележано кај некои реки: Најголем раст на водостојот се регистрира кај: Водостоите на трите природни езера во земјата остануваат исти како вчера.

Повеќе

„Министерството за транспорт започна постапка за склучување спогодба за воздушен сообраќај со Кралството на Саудиска Арабија, со што ќе се воспостави правна рамка за отворање редовни авиолинии со таа држава. Досега меѓу двете држави не се одржувал воздушен сообраќај, и се очекува воспоставувањето на редовни линии да придонесе за зголемување на економската соработка, туризмот, трговската размена и севкупните билатерални односи. Со спогодбата се создаваат либерални и фер услови за работа на авиопревозниците, преку поттикнување на конкуренција, пониски цени за патниците и воведување нови и поквалитетни услуги. Истовремено, се гарантира највисоко ниво на безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај во согласност…

Повеќе

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од селото Велгошти, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Охриѓанката на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа.Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

Повеќе

Нивото на реката Вардар во Тетовско се намалило во однос на претходните три дена, и во моментов нема опасност од излевање. Сепак, патниот правец од селото Тумчевиште до селото Чегране сè уште е затворен за сообраќај поради безбедносни причини, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во текот на ноќта, во селата Нераште и Глоѓи (Општина Теарце) паднале две бандери на Телеком. Во Нераште бандерата паднала покрај патот и не го блокира сообраќајот, додека во Глоѓи бандерата е преку патот. Телеком е известен и проблемот ќе се решава во текот на денот, соопшти ЦУК. Во Скопје, како резултат на силниот…

Повеќе

Поради силен ветер, летната лимената конструкција од покривот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија се откорна. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), настанот е пријавен на единствениот број за итни повици 112. Среќа во несреќата е што нема повредени лица. Интервенција побарале службени лица од МВР, како и надлежните институции. – За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат понатамошни мерки во согласност со своите надлежности – соопшти ЦУК.

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ е на страната на работникот. Во опозиција со давање јавна и недвосмислена поддршка на синдикатите за барањата за зголемување на платите, а од позиција на власт со договори за конкретно покачување на платите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Како што ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваше синдикатите и работниците во опозиција кога протестираа во 2020 и 2024, така и сега преку дијалог и разговори прави сè во рамките на можностите платите да растат. Разликата е во тоа што ССМ од тогашната влада на СДС, во услови на двоцифрена инфлација, бараше линеарно покачување на платите во јавниот сектор од 2.806 денари, а…

Повеќе