Close Menu
Press24
    Најново

    На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат

    11.06.2026 во 23:27

    Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан

    11.06.2026 во 23:12

    Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна

    11.06.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
    • Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
    • Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
    • Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
    • Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
    • ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
    • Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
    • Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Со нас се зголемија платите, се грижиме за работниците

    ВМРО-ДПМНЕ: Со нас се зголемија платите, се грижиме за работниците

    18.02.2026 во 09:403 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ е на страната на работникот. Во опозиција со давање јавна и недвосмислена поддршка на синдикатите за барањата за зголемување на платите, а од позиција на власт со договори за конкретно покачување на платите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Како што ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваше синдикатите и работниците во опозиција кога протестираа во 2020 и 2024, така и сега преку дијалог и разговори прави сè во рамките на можностите платите да растат.

    Разликата е во тоа што ССМ од тогашната влада на СДС, во услови на двоцифрена инфлација, бараше линеарно покачување на платите во јавниот сектор од 2.806 денари, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми за многу повеќе.

    Со преземањето на власта средбите со синдикатите се интензивираа и како резултат на тоа се спречија штетните политиките од претходната власт, се потпишаа колективни договори и се покачија платите секаде каде што државата е работодавач.

    Во период од речиси две години од преземањето на власта до денес се потпишаа колективни договори во образование и здравство, каде што платите на сите вработени во основно и во средно образование до крај на мандатот од 46 до 60 %, вработените во високото образование добија покачување од најмалку 14 %, а здравствените работници ќе добијат од 40 до 50% повисоки плати.

    За 10% се зголемија платите на полициските службеници, социјалните работници добија 20% повисоки плати, додека преку посебни колективни договори, вработените во Генералниот секретаријат и СОЗР добија 30% зголемување.

    Околу 11.000 вработени во администрацијата, судовите и обвинителствата се опфатени со историски договор кој гарантира системско покачување на платите за 40% до 2028 година.

    Освен на централно ниво, ВМРО-ДПМНЕ покажа како се грижи за работниците и нивниот стандард и на локално ниво, така во општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, во просек, платите на сите вработени се зголемени за околу 5.000 денари.

    Во целост се испочитувани сите колективни договори кои претходната власт ги игнорираше во одбраната, културата и други институции и нема доцнење на плати како во времето на СДС и ДУИ, кога вработените со месеци беа без приходи.

    Сите овие зголемувања на платите се многу поголеми од тоа зголемување што тогаш го бараше ССМ, а уште поважно до крајот на мандатот ќе го надмине целосно барањето коешто сега го има Слободан Трендафилов.

    Од друга страна, согласно закон во март годинава ќе се зголеми и минималната плата, а секое друго зголемување мора да се договара институционално, во Економско-социјалниот совет, меѓу работодавачите и синдикатите и Владата како посредник.

    Низ дијалог да се дојде до одржливо решение, прифатливо за сите вклучени страни, како за работодавачите, работниците, за буџетот и стопанството во целост.

    Ултиматумите и блокадите на СДС не му служат на работникот, туку само на Трендафилов и малкумината околу него кои градат кариери и профитираат на грбот и маката на обичниот работник.

    Владата ќе продолжи со својата заложбата и креирање политики за поголем економски раст кој ќе овозможи уште поголем раст на платите, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта

    11.06.2026 во 21:17

    ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска

    11.06.2026 во 18:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.