Author: Author 01

Целта на предлог-резолуцијата е јасна – дефинирање на заедничките црвени линии и надминување на поделбите во општеството. Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче реагираше на изјавите на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ оти резолуцијата била ново предавство. „Се што предложивме е Резолуција за која требаше да има национална обединување. Таму се заедничките црвени линии. Ајде да го направиме тоа заедно, во интерес на сите граѓани. Граѓаните сакаат да видат на Македонија како напредува во Европа“, рече Филипче. Тој потсети дека и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ постојат истите ставови за националниот идентитет, кои СДСМ сега ги нуди како основа за заедничка резолуција. „Јасно…

Повеќе

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на прес-конференција рече дека премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период се служат со спинови и лаги, па споменуваат куфери со пари, разни предавства и поделба на граѓаните во обид на, како што рече, да ја сокријат неспособноста да испорачаат вистински резултати за народот. „Немаат што да прикажат, немаат сериозен проект и се вадат и како алиби го кажуваат тоа дека за некои работи се потребни децении. Соочени се со тоа што ние го кажуваме што се сме направиле во нашиот мандат за само година или две’’, кажа тој. Вели, власта немала ниту капацитет, ниту…

Повеќе

Претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски за МИА изјави дека утрово од 8:30 до 9:30 часот, вработените одржале протест, без блокирање на улиците, само пред влезот на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје. Кашиковски апелираше раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ веднаш да почне со правење напори за обезбедување средства за исплата на септемвриската плата за да не бидат принудени повторно вработените од ЈП „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ нивното основното човеково право и основно работничко право на плата да го бараат преку протести и блокади на булеварите и крстониците во Град Скопје. Минатата недела скопските комуналци седум…

Повеќе

Од утре земјава и практично станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат плаќања во евра на ист начин како и во земјите од Европската унија. – Од утре, 7 октомври, плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) ќе бидат околу 6 пати поевтини и побрзи! Плаќање од 500 € кое досега чинеше околу 1.600 денари, од утре ќе чини околу 260 денари. #СЕПА значи побрзи, поевтини и посигурни плаќања во евра за граѓаните и компаниите, напиша денеска гувернерот на Народната банка Трајко…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник, Горан Герасимовски, во рамки на својата нова програма за работа, најави поставување на три слободни Free Wi-Fi зони на територијата на општината. Новите Wi-Fi зони е предвидено да се постават во Дебар Маало, Сквер Јадран и Капиштец, во рамки на европскиот проект EU4Digital, и претставуваат конкретен чекор кон дигитална и поврзана општина која им служи на граѓаните и ја следи современата урбана динамика. „Со поставувањето на овие три слободни Wi-Fi зони им овозможуваме на нашите жители, студенти, млади и туристи подобра поврзаност и полесен пристап до информации. Ова е само дел…

Повеќе

Драги сограѓани заедно постигнавме значајни резултати за почиста животна средина и поголема енергетска ефикасност во нашата општина. Реализиравме проекти за заштеда на електричната енергија во речиси сите објекти на локалната самоуправа, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица Димчо Атанасовски, што го пренесуваме интегрално. Во основното училиште поставивме фотоволтаичен систем од 37 киловати, кој обезбедува заштеда на електричната енергија од 50%. Во соработка со Источен плански регион инсталиравме три нови соларни централи на Домот на култура, Куќа на спортот и Дневниот центар за лица со посебни потреби. Вкупната моќност на овие централи е 97…

Повеќе

Маж рани 20 лица во пукање на прометна улица во Сиднеј, соопшти полицијата во најнаселениот град во Австралија. Напаѓачот вчера наводно случајно ги таргетирал автомобилите што минувале, вклучително и полициски автомобили. Тој испукал помеѓу 50 и 100 истрели, предизвикувајќи паника во областа. Еден маж е во сериозна состојба. Неколку други се однесени во болница. Повеќето од другите жртви се повредени од скршено стакло. Напаѓачот бил уапсен во стан во Сиднеј два часа по пукањето. Мажот, кој е во 60-тите години, бил однесен во болница откако се здобил со повреди за време на апсењето. Масовните пукања се релативно ретки во Австралија.…

Повеќе

ЈП Водовод и канализација вечерва работи на санирање на сериозниот дефект на водоводна цевка Ф600мм на улицата Франце Прешерн 100Д во населбата Влае. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, нема веќе истекување на вода, а поради големата количина на изгубена вода, нормализирањето со притисокот ќе потрае. Поради сериозниот дефект без вода останаа Ѓорче Петров, Влае, Карпош и други делови од Скопје, а некаде имаше намален притисок на водоснабдувањето.

Повеќе

Пиварa Скопје го претстави првото пченично пиво создадено во Македонија – Скопско Weiss. Со оваа новина, Пиварa Скопје, како лидер на пазарот во производство на пиво и безалкохолни пијалаци, ја потврдува својата посветеност кон иновациите и квалитетот, збогатувајќи ја домашната понуда со уште едно пиво со врвен квалитет и специфичен вкус, кое ќе биде препознатливо по својот автентичен македонски потпис. Скопско Weiss е создадено со внимателно избрана комбинација од врвен пченичен и јачменов слад, збогатена со хмељ од благородни сорти и суптилни овошни ноти, карактеристични за оваа категорија пива. Се одликува со светла златна боја и богата, кремаста пена, а…

Повеќе

Дистрибутивниот систем оператор – Електродистрибуција, својот главен фокус во првите шест месеци од годината го стави на дигиталната трансформација и модернизацијата на дистрибутивната мрежа. Само во првата половина од 2025 година, компанијата инвестираше 30 милиони евра во проекти на високонапонско, среднонапонско и нисконапонско ниво. Преку овие инвестиции, Електродистрибуција обезбедува соодветен развој на дистрибутивната мрежа и намалување на загубите, следејќи ги потребите на корисниците, обезбедувајќи соодветна техничка и стручна подготвеност, брзо и ефикасно приклучување на новите корисници на мрежа и квалитетна услуга на постојните. Континуираните инвестиции придонесуваат за намалување на техничките загуби, подигнувајќи го нивото на ефикасност на целиот систем. Посветеноста на…

Повеќе