Author: Author 01

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и сексуална злоупотреба, обвинува владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, Дехари ја злоупотребил својата позиции, а тоа не смее да биде премолчено и неказнето. „Во јавноста излегоа снимки кои ја откриваат одвратна вистина за градоначалнкот на Кичево, Фатмир Дехари. Дехари малтертирал и сексуално понижувал жени на работно место. Фатмир Дехари ја злоупотребил својата позиција и ова не смее да биде премолчено и неказнето. Ова е срам, навреда и понижување на секоја жена во државата без разлика на етничката припадност. И наместо оставка од…

Повеќе

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степен. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат утре кон крајот…

Повеќе

Корисниците во неколку скопски општини денеска во одредени периоди од денот ќе останат без струја, соопшти РЦУК – Скопје. Според информациите од ЕВН Македонија АД во периодот од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20 во општина Центар. Во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Стајковци, во општина Гази Баба. Како што информира ЕВН Македонија во периодот од 09:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од ул. Рокомија, во општина Бутел, а во периодот од 09:00 до…

Повеќе

Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред осумнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година четиринаесет учесници го трчаат 18-тиот маратон во чест на Тоше. Маратонот почна од Нова Градишка, пред неговото спомен обележје, а денеска, на годишнината од неговото загинување, маратонците треба да пристигнат во Крушево. Крајната цел на маратонците е вечното почивалиште на Тоше Проески, споменичното обележје на Гумење во Крушево. Животот на…

Повеќе

Уставниот суд реши да ја одбие Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува на радиодифузерите за поделба на времето за рекламен простор за учесниците на изборите, реагираат од политичката партија Левица. „Според ова контраверзно Упатство, иако е парламентарна партија, Левица не доби ниту една секунда простор за рекламирање на овие локални избори, а како политичка партија, Левица ни со сопствени средства, нема право на ниту една секунда – реклама, наспроти милионското расфрлање на пари од страна на ДПМНЕ и СДС“, велат од партијата. Според Левица, Уставниот суд одличил предметот да го разгледува на…

Повеќе

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на политичката партија Левица, со која се оспоруваат точките 3 и 10 од Упатството за радиодифузерите за локалните избори за 2025 бр.01-4137/1 од 26.09.2025 година, донесено од Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Судот на денешната седница оцени дека е усогласено со Изборниот законик. „Упатството во хиерархијата на правните прописи е подзаконски акт. Подзаконските акти се потчинети на повисоките акти, односно на законските одредби. Ова Упатство не е ништо друго, освен пресликување на законската одредба. АВМУ доколку постапела како што во наводите од иницијативата предлага подносителот на иницијативата,…

Повеќе

Погребот на Владимир Блажев – Панчо, членот на групата ДНК кој почина по седум месеци лекување во „Систина“ по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, ќе се одржи утре (16 октомври) на гробиштата во Бутел, со почеток во 13:30 часот. Телото ќе биде изложено во црквата „Св. Илија“ во Аеродром, каде во 9 часот ќе започне Заупокоена литургија. Граѓаните ќе можат да изразат сочувство од 10 до 12 часот, а опелото ќе започне во 12 часот. Панчо беше еден од основачите и фронтмен на популарното дуо ДНК, кое остави силен белег на македонската музичка сцена со хитовите „Пешки го поминав светот“,…

Повеќе

Министерството за здравство информира дека по пријава од Клиничка болница Тетово до полицијата за агресивност врз медицинскиот персонал се преземени мерки од надлежните институции. Од вработените беше пријавено 28-годишно машко лице поради агресивност кон медицинскиот персонал и физички напад врз еден од лекарите. „Министерството за здравство се залага за почитување на интегритетот, достоинството и професионалноста на сите лекари и здравствени работници. Лекарите се сојузници на пациентите и нивните семејства, и само преку заемна доверба, почит и поддршка можеме да изградиме здравствен систем кој обезбедува хуман и безбеден третман за сите“, се вели во соопштението на Министерството за здравство. СВР Тетово…

Повеќе

Полицијата приведе 23-годишен радовишанец откако пијан со возилото удрил во банкина на магистралата Радовиш – Струмица. „Во 19:05 часот на магистралниот пат Радовиш- Струмица, во близина на крстосница за село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишија од слобода Е.В.(23) од Радовиш. Околу 18:40 часот на наведената локација, тој со патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во банкина покрај патот, а при преземање мерки полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,25 промили алкохол во крвта. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за…

Повеќе

Денеска во Полициското одделение Шуто Оризари беше отворена новата канцеларија за управни работи на Министерството за внатрешни работи, на настан на кој присуствуваше помошник министерот за граѓански работи Јован Алтанџиев. Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 25 000 жители на Општина Шуто Оризари ќе можат во рамки на својата општина да поднесуваат барања и да ги подигнуваат готовите лични документи – лични карти, пасоши и возачки дозволи. „Досега жителите на Шуто Оризари овие услуги ги добиваа преку полициската станица Бутел или во зградата на МТВ. Од денес натаму тие ќе можат тоа да го прават овде, во својата општина.…

Повеќе