Author: Author 01

Овие избори се историски во Чаир, ова е референдум за иднината на Чаир, но и референдум за достоинството на граѓаните. Ова го истакна кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција, последната пред завршувањето на кампањата. Тој порача дека изборите во недела на 19-ти октомври се историски момент за општината и за достоинството на граѓаните. „На овие избори има само две страни. Од една страна се граѓаните на Чаир, народот кој чесно работи, скромно живее и ја сака општината. Сите вие кои сакате ред, почит и грижа за општината која ја заслужувате. Од друга страна се оние…

Повеќе

Мојата рака останува подадена кон сите, кон секој граѓанин, активист и секој мој противкандидат. По изборите политиката мора да престане, време е за работа. Ве повикувам сите да се обединиме околу Скопје, бидејќи овој град е нашиот единствен дом, порача денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг од локалните избори, што ќе се одржат в недела, на 19 октомври. Ѓорѓиевски ја нагласи својата визија за Скопје како град без поделби, нагласувајќи дека во текот на кампањата го посетиле секое маало и разговарале со…

Повеќе

Со Одлука за спроведување на Европската комисија, Европската Унија го одобри второто ослободување на средства за Република Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан. Со оваа одлука се одобрува вкупен нето износ од 16 милиони евра, како комбинирана поддршка: дел неповратни средства и дел заем. Како што информира Министерството за европски прашања, од овој износ, 7,4 милиони евра се исплаќаат директно во државниот буџет, додека остатокот е наменет за финансирање на инфраструктурни проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Вкупниот износ е утврден по одземањето на средствата кои се користат за порамнување на…

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонски грип. „Денес сум во мојот роден Гостивар, каде се вакцинирав и преку личен пример сакам да ја истакнам важноста од навремената вакцинација, како најефикасна превентивна мерка за заштита на здравјето. Апелирам граѓаните навреме да се заштитат од сезонскиот грип, посебно ги повикувам лицата, кои спаѓаат во ризични групи население да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или кај својот матичен лекар“, истакна при посетата министерот Азир Алиу. На ниво на држава, досега се пријавени околу 49.000 граѓани за вакцинација против сезонски грип. Првиот ден се…

Повеќе

По осум години, Македонија ја доби националната стратегија за развој на ИКТ позната како СМАРТ/МК2030 која е патоказ како државата ќе ја оствари дигиталната иднина. СМАРТ/МК2030 е национален документ усогласен со Европската дигитална декада и Агенда за развој. „Овој документ претставува патоказ за тоа како нашата држава ќе ја оствари својата дигитална иднина – усогласена со европските вредности и стандарди за Дигитална декада 2030, но и македонската визија и нашите домашни потреби“, истакна Андоновски, додавајќи дека со неа стануваме активен дел од европската дигитална заедница која со сопствени знаења придонесува со решенија и иновации.  Стратегијата се темели на четири столба…

Повеќе

„’Алкалоид’ е присутен во ЕУ веќе 18 години, но фактот дека доаѓаме од земја која не е членка на Унијата секогаш носи дополнителни специфичности. Со домашен пазар од само 2 милиони жители, наспроти европскиот пазар со 448 милиони чинители, растот и развојот се возможни само доколку деловните видици се насочени надвор од границите.“ Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, за првпат зеде учество на водечката финансиска конференција во регионот „Предизвикот на промените“, која се одржува во Ровињ, Хрватска, од 15 до 17 октомври годинава, во организација на Загрепската берза и Хрватското здружение на друштва за управување…

Повеќе

Почитувани граѓани на општина Бутел, За време на следниот мандат ќе изградиме два нови мега паркови, вели во изјавата за медиуми на Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално. Едниот ќе го изградиме во населеното место Радишани, поточно близу трет влез. Вториот мега парк ќе го изградиме близу булеварот Христијан Тодоровски Карпош, во населеното место Бутел 1. Двата парка ќе се простираат на вкупна површина од 30.000 метри квадратни.

Повеќе

33-годишен маж е ликвидиран доцна синоќа во познатата населба Белград на вода. Станува збор за Црногорецот Филип Ивановиќ, родум од Цетиње. Застрелан бил со куршум во челото од страна на 21-годишно момче. Како што јавуваат српските медиуми, убиецот е пронајден. Се работи за извесен Ѓ.З. кај кого биле пронајдени два пиштола, но и словенечки документи за кои се верува дека се фалсификувани. View this post on Instagram A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_) По Ивановиќ трагал Интерпол. За него била распишана меѓународна потерница откако на 4 декември минатата година побегнал од куќен притвор во Белград. Во Србија против…

Повеќе

Истражувачите предупредуваат за безбедносен пропуст што им овозможува на апликациите да „гледаат“ што се прикажува на екранот, дури и без посебни дозволи. Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, Вашингтон и Карнеги Мелон открија нова ранливост во Android системот што им овозможува на апликациите тајно да собираат податоци од екраните на корисниците, вклучувајќи еднократни двофакторски кодови за автентикација (2FA). Нападот се нарекува Pixnapping и засега нема официјален patch. Според нивниот извештај, злонамерната апликација може да користи специфични графички (GPU) и системски процеси за да ги фати поединечните пиксели на други апликации и да реконструира текст, слики, па дури и кодови за најавување…

Повеќе

На 16.10.2025 година полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од с.Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија. Имено, при преглед на товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација. Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Повеќе