- Демант од АХВ: Не сме дале изјава дека животното од Козле е чипирано куче, а не волк
- Екс министерот Николовски под сомнение за распределба на 800.000 евра
- Јаневска најави казни за родителите: Државата ќе го менува законот по насилството во училиштето во Ченто
- Мицкоски: СДСМ одамна го изгуби својот идентитет, ние сме промакедонска партија
- Мицкоски: Заврши реконструкцијата на „8-ми Септември“, во салите веќе нема да се влегува со чадор
- Манасиевски: Филипче призна дека позициите на СДС се исти со тие на Бугарија
- Не било волк туку куче: Сопственикот си го бара назад, посочуваат од АХВ
- Николовски за сослушувањето во Единицата за економски криминал: Ова е монтиран случај
Author: Author 01
Во август годинава во земјава имало 226 179 туристи кои оствариле 846 221 ноќевања. Од нив 48 отсто се домашни, а 52 отсто странски туристи од кои најголем број – 49 093 се од Турција, 10 309 од Србија, 5 202 од Романија, а 5 075 од Холандија. Според податоците на Државниот завод за статистика, 73,4 отсто од вкупниот број на ноќевањата во август се реализирани од домашните туристи, а 26,6 отсто од странските туристи. Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 6,8 отсто, при…
Судот смета дека не се контрадикторни вештачењата на одбраната и Обвинителството за психичката состојба на обвинетиот Раде Трајковски Штикли и ги одби наводите на одбраната дека тој не е способен да го следи судењето на главна расправа за случајот за трговија со дрога „Штекли“. Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, пред почетокот на денешното рочиште информираше дека се одбива приговорот на одбраната дека обвинениетиот не е способен да го следи судењето на главна расправа. Според Судот, обвинениетиот Раде Трајковски Штекли е прегледан од психијатарот Оливера Суботин Поповска, која дава јасно мислење дека обвинетиот е способен да го следи судењето…
Оваа Влада има полн легитимитет. Повеќе од 600.000 граѓани на изборите минатата година гласаа за оваа Влада. Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за можни предвремени парламентарни избори рече дека неговата ВМРО-ДПМНЕ, државните интереси ги става пред партиските. -Јас разбирам дека има политички партии кои освен поделби и би рекол, национални испади, немаат друга програма. Па за да ги мобилизираат своите структури и гласачи, единствената работа која можат во овој момент да ја зборуваат е да повторуваат „предвремени избори“. И ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи со историски резултат во 2021 на локалните избори, па беше во опозиција до парламентарните избори. Убедливо…
Шоуменот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 е осуден на пет години затвор за измама и перење пари во случајот „Меѓународен сојуз“. Пресудата беше изречена без негово присуство во судницата во Кривичниот суд. Обвинетата Јасна Ерцеговиќ е осудена на две години затвор, додека Христина Блажевска и таткото на Бојан се осудени на условни казни, сите обвинети за помагање при перење пари. Според обвинението, со наводен проект за изградба на старски домови, Јовановски измамил двајца бизнисмени, меѓу кои и покојниот Силјан Мицевски, а со парите што нивните фирми ги уплатиле, ги финансирал телевизијата „1ТВ“ и невладината „Меѓународен сојуз“ и купувал лични…
На 12.10.2025 во 15:10 на автопатот Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово го лишија од слобода А.Х.(26) од с.Патишка Река, скопско. При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека управувал возило „фолксваген пасат“ со брзина од 181 километри на час на место каде што дозволената брзина е 100 километри на час. Подоцна, откако бил ослободен тој повторно бил фатен како го управува возилото со брзина многу поголема од дозволената. Имено, на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, тој е затекнат како го управува возилото со брзина од 105…
На 12.10.2025 во 22:53 часот на ул.„8 Октомври“ во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода С.А.(39) од Крива Паланка. Претходно, на истата улица, тој со возилото „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал со сообраќајна незгода со возило „ауди“ со кривопаланчки регистарски ознаки во која била причинета само материјална штета. При преземање мерки во врска со незгодата полициските службеници констатирале дека С.А. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,33 промили алкохол во крвта, по што тој агресивно се однесувал кон нив при вршење на службените дејствија. На 12.10.2025…
Утре и во среда посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјална посета на претседателот на Република Словачка, Пелегрини и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен На 14/15.10.2025 година (вторник и среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува претседателот на Република Словачка, Н.Е. г-дин Петер Пелегрини. На 15.10.2025 година (среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. …
Хрватска е подготвена да ја купи српската нафтена компанија НИС, изјави хрватскиот министер за економија Анте Шушњар, пренесе регионалната телевизија Н1. „Нашата рака е подадена – ако тоа е решението, подготвени сме за тој чекор“, рече Шушњар пред новинарите, коментирајќи ги американските санкции против НИС што стапија денеска во сила. Тој нагласи дека целта на оваа иницијатива е да се обезбеди континуитет и заштита на деловните интереси на Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ), кој со НИС соработува веќе 40 години, „без никакви аспирации за доминација на малопродажниот пазар во Србија“. „Тоа би било од корист и за нас и за Србија“, додаде…
Четворица дилери се приведени вчера во акцијата на полицијата и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Како што соопшти МВР, извршени се претреси на повеќе локации низ Скопје. При претресите пронајдени се кокаин и марихуана, а во домот на еден од осомничените пронајдени се и куршуми за пиштол „МВР поднесе кривична пријава до ОЈО ГОКК против Н.Г (29), Б.П. (27), Д.Б. (24) и Ф.С.(30) сите од Скопје заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции“ од член 215 ст.3 в.в. со ст.1 од…
Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица со која политичката партија побара поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на 26 септември годинава. „Тужбата на тужителот Политичка партија ‘Левица’ од Скопје, за поништување на Упатство за радиодифузерите за локалните избори 2025 година под бр.01-4137/1 од 26.09.2025 година, на ААВМУ-Скопје, се отфрла“, наведуваат од Управниот суд во судското решение. Во образложението за пресудата, од Управниот суд наведуваат дека согласно позитивните законски одредби, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е самостојно и независно регулаторно тело, a директорот на самостојниот орган…
