Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29

    Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино

    30.10.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хрватска е подготвена да ја купи српската нафтена компанија НИС

    Хрватска е подготвена да ја купи српската нафтена компанија НИС

    09.10.2025 во 15:481 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Хрватска е подготвена да ја купи српската нафтена компанија НИС, изјави хрватскиот министер за економија Анте Шушњар, пренесе регионалната телевизија Н1.

    „Нашата рака е подадена – ако тоа е решението, подготвени сме за тој чекор“, рече Шушњар пред новинарите, коментирајќи ги американските санкции против НИС што стапија денеска во сила.

    Тој нагласи дека целта на оваа иницијатива е да се обезбеди континуитет и заштита на деловните интереси на Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ), кој со НИС соработува веќе 40 години, „без никакви аспирации за доминација на малопродажниот пазар во Србија“.

    „Тоа би било од корист и за нас и за Србија“, додаде хрватскиот министер.

    Шушњар потсети дека единствената српска рафинерија, во Панчево, обезбедува околу 20 проценти од нафтените деривати на пазарот во Босна и Херцеговина, што е дополнителен предизвик за регионот.

    „До крајот на месецот очекуваме модернизацијата на рафинеријата во Риека да биде завршена, со што ќе се зголемат капацитетите и ќе можеме да помогнеме на Босна и Херцеговина, а делумно и на Србија“, рече Шушњар.

    Тој додаде дека Хрватска е подготвена да испорача доволни количества нафта и на Унгарија, Словачка и Србија кога тоа ќе го дозволат условите.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè

    30.10.2026 во 21:42

    Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција

    30.10.2026 во 20:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.