Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопјанец со мотоцикл удрил полицаец откако му дал знал за запирање
    • Пукање во Охрид
    • Јаневска: Инженерите школувани овде се ценети и надвор од државните граници
    • Зеленски со алармантна порака: Русија подготвува масовен напад врз Украина
    • Ескалација во Црното Море: Дронови нападнаа два трговски брода во близина на Бугарија
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, се гледа крајот на 30-годишната сообраќајна голгота
    • Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица за поништување на Упатството на ААВМУ

    Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица за поништување на Упатството на ААВМУ

    09.10.2025 во 14:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица со која политичката партија побара поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на 26 септември годинава.

    „Тужбата на тужителот Политичка партија ‘Левица’ од Скопје, за поништување на Упатство за радиодифузерите за локалните избори 2025 година под бр.01-4137/1 од 26.09.2025 година, на ААВМУ-Скопје, се отфрла“, наведуваат од Управниот суд во судското решение.

    Во образложението за пресудата, од Управниот суд наведуваат дека согласно позитивните законски одредби, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е самостојно и независно регулаторно тело, a директорот на самостојниот орган на државната управа може да носи правилници, решенија, наредби, упатства и други видови акти за извршување на законите и други прописи, кога за тоа е овластен со закон.

    Во однос на самото упатство, Судот посочува дека не се работи за поединечен, туку за општ акт со кој се даваат насоки и толкувања за примена на законски одредби, во конкретниот случај одредбите од Изборниот законик.

    „Произлегува дека за да може еден управен акт да биде предмет на управен спор, треба да се исполнети повеќе услови – истиот пред сè треба да биде индивидувален, конкретен, а не општ акт на управата, тој акт да е донесен во некоја управна постапка со која се решава за права и обврски на поединец или правно лице, да ги има особините на управен акт и да е конечен во управната постапка“, се додава во решението на Управниот суд.

    Во овој контекст се додава дека Судот оценил дека не станува збор за управен акт против кој може да се води управен спор, туку претставува општ акт донесен врз основа на законски овластувања на органот, поради што тужбата на Левица се отфрла како недозволена.

    Прочитај повеќе

    Скопјанец со мотоцикл удрил полицаец откако му дал знал за запирање

    06.10.2026 во 22:27

    Пукање во Охрид

    06.10.2026 во 22:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.